ТАВ: 1,6 милиони патници патувале преку македонските аеродроми во првите 9 месеци
Вкупно 1,6 милиони патници (1.546.193) патувале преку двата македонски аеродрома – скопскиот аеродром Александар Велики и охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, во првите 9 месеци од 2017 година, што претставува годишен пораст од 12%споредено со истиот период во 2016 година, известуваат од ТАВ Македонија.
Двата аеродрома од јануари до септември 2017 година, опслужиле вкупно 13.752 летови, што е зголемување за 6% на годишно ниво.
-Порастот на патничкиот сообраќај продолжи и во 2017 година, иако во првата половина од годината имавме релативно помал пораст, но по воведувањето на четирите линии од скопскиот аеродром и новите сезонски летови од охридскиот аеродром, во втората половина од годината, повторно забележавме двоцифрени бројки во порастот на бројот на патници. Очекуваме да ја завршиме годинава со солиден пораст на вкупниот број на патници. Како аеродромски оператор ТАВ Македонија и натаму ќе ги промовира скопскиот и охридскиот аеродром кај авиокомпаниите и тур-операторите, со цел да овозможи нови дестинации и нови авиолинии за нашите патници. Некои од неодамнешните маркетинг-активности беа присуството на Маркетинг-одделот на ТАВ Аеродроми на форумот World Routes во Барселона на крајот од септември, додека пак во изминатата недела бевме домаќини на група италијански новинари при нивната туристичка посета на Македонија, што треба да резултира со промоција на Македонија како туристичка дестинација на италијанскиот пазар, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.
Ерсој додава дека заедно со развојот на мрежата на авиолинии, ТАВ Македонија исто така продолжува да го проширува и опсегот на аеродромски услуги, како и да го подобрува нивниот квалитет, со цел да се постигне поголемо задоволство кај патниците.
Според статистиките на ТАВ за патничкиот сообраќај во првите 9 месеци, најфреквентната дестинација од скопскиот аеродром е Истанбул (12,4%), потоа следуваат Цирих (8,7%), Виена (6,8 %), Базел (5,1%), Малме (4,6%) и Лондон (3,9%).
Во однос на уделот на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај, Wizz Air има превезено најголем број од патниците со 57,5% пазарен удел, а потоа следуваат Turkish Airlines (8,5%), Austrian Airlines (6,8%), Germania Flug (5,1%) и Pegasus Airlines (4,5%).
Скопскиот аеродром годинава го имаше најпрометниот август досега, опслужувајќи 216.409 патници, со пораст од 23,7% во патничкиот сообраќај и 22,4% пораст во бројот на летови, достигнувајќи рекордни бројки во сообраќајот досега, што беше потпомогнато од спортскиот настан – UEFA Супер купот.
Седми август – понеделник, беше најфреквентниот ден на аеродромот во Скопје во овој период од 9 месеци, кога вкупно 8.283 патници беа превезени со 98 летови.
Оваа година 5 нови дестинации беа воведени од аеродромот во Скопје. Во април почна да сообраќа новата линија до Будимпешта, а во текот на јули беа воведени линиите до Рим, Малта, Ваксјо и Доха. Паралелно со ова, Wizz Air го постави 4-от воздухоплов во базата на скопскиот аеродром, додека авиокомпанијата Qatar Airways како нов бренд влезе на македонскиот пазар. На аеродромот во Охрид, беше воведена новата дестинација-Катовице, со што Полска се отвори како нов пазар за патници во доаѓање.
ТАВ Македонија со поддршката од Одделот за маркетинг на ТАВ Аеродроми од Истанбул ќе продолжи да ги промовира македонските аеродроми и Македонија како туристичка дестинација, на сите релевантни светски конференции и саеми за авијација и туризам, со цел да привлече нови авиокомпании и нови тур-оператори да влезат на македонскиот пазар, а во исто време да ги убеди веќе постојните да ги прошират своите дестинации и фреквенциите од Скопје и од Охрид.
Дел од маркетиншките активности преземени од страна на Одделот за маркетинг од Истанбул во текот на оваа година беа организираните туристички посети на Македонија за турските блогери во мај 2017 година, потоа за полските новинари во јули 2017 година, како и последната промотивна посета овој месец, организирана за италијанските новинари.
Корисни информации
Продавници и ресторани
На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...
Паркинг
Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....
Информации за летови
Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време
Често поставувани прашања
До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.
Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.
Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 120 минути (2 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 40 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.
Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.
На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.
Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.
Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero
Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола.
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk
Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.
Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150
3ч – МКД 200
4ч – МКД 300
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.
Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-
За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:
https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/
https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/
https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals
https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html
https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals
https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1
Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.
https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage
Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.
Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.
Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.