ТАВ ГО ПРЕЧЕКА ПРВИОТ ЛЕТ ОД ВАРШАВА НА АЕРОДРOМОТ ВО ОХРИД
Со традиционална церемонија на поздравување вклучувајќи го и поздравувањето со воден мост и шарени колачиња за патниците, ТАВ Македонија го пречека првиот лет од Варшава кој пристигна попладнето во 16:20 часот на oхридскиот аеродром Св.Апостол Павле , во организација на полскиот тур-оператор Rainbow, опериран од страна на авиокомпанијата Enter Air.
Новите сезонски летови Варшава-Охрид-Варшава, почнувајќи од денес, 4-ти јуни, ќе се одвиваат секој понеделник за време на летната сезона се до 21-ви септември. Авионите од моделот Боинг 737-800 ќе пристигнат од Варшава на аеродромот во Охрид со почеток во 16:20 часот и ќе заминат за полскиот главен град во 18:30 часот.
-Многу сме среќни што го одбележуваме проширувањето на нашето работење на аеродромот во Охрид, денес, со додавање на Варшава како нова дестинација, која е втората дестинација од Полска што ја воведовме во изминатата една година, откако во летото 2017 година беше отворена линијата Катовице-Охрид. Сезонските летови од Варшава, организирани од Рејнбоу и Ентер Ер, треба да донесат околу 3.000 патници на аеродромот во Охрид, додека заедно со летовите од Катовице, организирани од Rego Bis и Small Planet Airlines, очекуваме да слетаат вкупно 9.000 патници од Полска на Охридскиот аеродром Свети Апостол Павле, во текот на летото 2018 година, изјави Јигит Лачин, Координаторот на аеродрoмите на ТАВ Македонија.
Rainbow е еден од двата најголеми полски тур-оператори и соработува со полската чартер авиокомпанија Enter Air, која лета со авиони од типот Boeing 737-800.
-Многу сме горди што сме важен дел од новата авиолинија меѓу полскиот главен град Варшава и неверојатениот македонски град Охрид. Сега ќе можеме да им ја покажеме уникатната убавина на оваа земја на полските туристи. Благодарение на оваа конекција, полскиот народ може да биде поблизу до Македонија како никогаш порано. Исто така, се надеваме на совршена соработка со Владата на Македонија и со Градот Охрид, преку развој на авиолинии од Полска, изјави Емилија Братковска, Шеф на Одделот за маркетинг и односи со јавност на Rainbow.
ТАВ Македонија има фрекфетна летна сезона на аеродромот во Охрид. Летната сезона беше отворена на 15-ти април со отворањето на новата рута Истанбул-Охрид, со Онур ер. Проширувањето на мрежата на рутите продолжи, додавајќи ги Ајндховен, Талин и Варшава, како нови дестинации.
Со овие 4 нови сезонски летови отворени во 2018 година, и постоечките кон Амстердам, Брисел, Тел Авив и Катовице, аеродромот во Охрид има 8 сезонски дестинации за време на летната сезона и 3 редовни рути во текот на годината - Базел, Цирих и Лондон. Од ноември 2018 година, Wizzair ќе воведе нова редовна авиолинија од Охрид до Виена, која ќе функционира во текот на целата година.
Во првите пет месеци од 2018 година (јануари – мај), вкупно 823.801 патници патувале преку двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, со пораст од 19% на годишно ниво. Во исто време вкупниот број на летови е 7.196, со 16% пораст на годишно ниво.
Корисни информации
Продавници и ресторани
На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...
Паркинг
Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....
Информации за летови
Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време
Често поставувани прашања
До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.
Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.
Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 120 минути (2 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 40 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.
Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.
На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.
Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.
Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero
Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола.
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk
Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.
Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150
3ч – МКД 200
4ч – МКД 300
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.
Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-
За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:
https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/
https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/
https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals
https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html
https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals
https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1
Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.
https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage
Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.
Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.
Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.