WIZZ AIR и ТАВ прославија 12 годишнина на авиокомпанијата
Со промотивен лет на новиот Airbus A321, Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, денес на скопскиот аеродром заедно со ТАВ Македонија симболично ја прослави 12 годишнината од својот прв лет.
Генералниот Извршен Директор на Wizz Air, Јозеф Варади заедно со авионскиот екипаж, беа пречекани на аеродромот Александар Велики, од страна на Зоран Крстевски, Генерален Извршен Директор на ТАВ Македонија заедно со целосниот менаџерски тим на аеродромот, додека авионот беше традиционално поздравен со водени топови.
„Во изминатите 12 години Wizz Air го револуционизираше воздухопловството низ Централна и Источна Европа. Ние моментално поврзуваме 39 држави, со дестинации кои се протегаат од Европа до Блискиот Исток. Минатата година, го лансиравме нашиот освежен бренд и го испорачавме првиот Airbus A321 авион, најефикасниот авион со еден коридор во светот и со нашите тековни испораки, нашата флота останува една од најмладите во Европа. Нашата мисија е константно да го подобруваме патувачкото искуство на нашите патници, а денес, правиме чекор напред со лансирањето на нашата нова веб-страница. Како одраз на иновацијата што Wizz Air ја воведе со својот прв лет, ние одговараме на нашите патници и го правиме букирањето на летовите уште полесно – новата револуционерна функција „Express Booking“ (експресно букирање) овозможува букирањето на картите со ниски цени на Wizz Air да биде направено со само три клика во рок од 30 секунди. Ние ќе продолжиме да ја развиваме мрежата на рути во Европа и пошироко и со нетрпение ги очекуваме нашите веќе постоечки корисници и новите клиенти да ја искусат одличната услуга на Wizz Air овозможена од нашот фантастичен тим.“ - изјави Јозеф Варади, Генерален Извршен Директор на Wizz Air.
,,Слетувањето на новиот Airbus A321 на авиокомпанијата Wizz Air и одбележувањето на нивната 12-годишнина е добра можност за потврда на добрата соработка меѓу нас како аеродромски оператор и Wizz Air како авиокомпанија. Wizz Air почна со летови на скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’ во јуни 2011 година, со првиот лет до Лондон (Лутон). Денес можеме да се пофалиме дека Wizz Air лета на вкупно 24 дестинации, поврзувајќи ја Македонија со 11 европски држави. Зголемената мрежа на дестинации и зголемениот сообраќај на двата македонски аеродроми нè охрабрува да предложиме и нови дестинации, а зошто да не и на прекуокеански сообраќај’’ – изјави Зоран Крстевски, Генерален Извршен Директор на аеродромот во Скопје „Александар Велики“,
Основана во септември 2003 година, првиот Wizz Air авион полета од Катовице, Полска на 19ти Мај 2004 година, со поставување на амбициозна цел за одржување на нискобуџетна авиокомпанија која ќе оперира надвор од Централна и Источна Европа. Откако успешно ја постигна својата цел, авиокомпанијата продолжува да иновира за најдобро да им служи на потребите на своите корисници, па така таа денес го објавува лансирањето на нова веб-страна како и нов авионски капацитет и линии.
Новата веб-страна на Wizz Air има распоред кој е лесно прилагодлив на секоја големина на екрани: смартфони, таблет или десктоп и е полесна за користење од било која друга тековна авионска веб-страна. Револуционерната функција (експресно резервирање) „Express Booking“ е првата функција од овој вид која им овозможува на корисниците да купат карта со само три клика во рок од 30 секунди. Wizz Air најпрво ја воведува мобилната верзија на веб-страната, со цел да се запознае со потребите на технолошките експерти, корисници на Wizz Air, како последица на дуплирањето на трансакциите од мобилен од година во година. Во текот на следните недели, веб-страната ќе биде вметната низ сите платформи. Веб-страната веќе е постоечка и на неа може да се закачите директно од смартфон преку wizzair.com или преку m.wizzair.com од било кој уред.
Започнувајќи со својот прв лет во Скопје во 2011 година, Wizz Air константно ги зголемува своите операции во регионот. Авиокомпанијата моментално е најголемата во Македонија, во однос на расположливиот капацитет и плaнира истиот во 2016. година да го зголеми за 22%. Wizz Air брои пилоти и тим од 115 вработенин и расолага со 3 авиони стационирани во Скопје. До денес, авиокомпанијата услужила 2.2 милиони патници на нејзините 24 рути до 11 држави, од два македонски аеродроми во Скопје и Охрид.
ТАВ Македонија ја заврши 2015 година со зголемување од 22% на вкупниот број на патници на двата аеродроми во Македонија – Александар Велики во Скопје и Св.Апостол Павле во Охрид, достигнувајќи бројка од 1,560,381 патници.
Трендот на зголемување на авио-сообраќајот продолжува и оваа година. Во првите 4 месеци од 2016 година преку двата македонски аеродрома беа пренесени 486,968 патници, што е за 28% повеќе во споредба со истиот период во 2015 година. Исто времено, бројот на операциите (полетувања и слетувања) на двата аеродроми е пораснат за 15%.
Корисни информации
Продавници и ресторани
На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...
Паркинг
Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....
Информации за летови
Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време
Често поставувани прашања
До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.
Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.
Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 120 минути (2 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 40 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.
Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.
На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.
Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.
Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero
Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола.
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk
Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.
Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150
3ч – МКД 200
4ч – МКД 300
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.
Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-
За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:
https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/
https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/
https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals
https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html
https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals
https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1
Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.
https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage
Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.
Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.
Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.