Wizz Air го прославува отворањето на нивната база на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје
Wizz Air, најголемата нискотарифна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, го прослави отворањето на нивната база во Скопје на 28.10.2012 година, со пристигнувањето на нивниот воздухоплов Ербас А320. Првиот лет полета од Скопскиот аеродром до Ајндховен во 10:45 часот по локално време, со 168 патници и 6 членови на екипажот. Шесте нови линии на Wizz Air ќе оперираат од Скопскиот аеродром до Минхен, Дортмунд, Милано, Ајндховен и Малме двапати неделно, додека до Базел трипати неделно, покрај двете постоечки линии до Лондон и Венеција. Се очекува дека 8-те нови дестинации ќе пренесат над 300.000 патници во првата година и ќе вработат над 300 лица.
Прес конференцијата, која се одржа во ЦИП салонот на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје беше официјално отворена од генералниот менаџер на ТАВ Македонија, г-дин Зоран Крстевски. Откако им посака добредојде на Вицепремиерот за економски прашања, Министерот за транспорт и врски, директорот на АЦВ, Амбасадорите на Кралството Холандија, Италија и Германија, како и на Извршниот заменик-претседател на Wizz Air, Џон Стивенсон, г-дин Крстевски го изрази своето задоволство за отворањето на новата база и почетокот на шесте нови линии. „Наша привилегија е што можеме да ја воспоставиме врската меѓу Република Македонија и Европа, а со тоа директно да придонесеме во реализацијата на сонот на секој Македонец - да ја видиме Република Македонија како дел од европското семејство. Со огромно задоволство можам да заклучам дека аеродромот „Александар Велики“ целосно го оправдува својот модерен лик и ги засилува постојаните напори да стане водечки аеродром во регионот. Граѓаните на Македонија, како и граѓаните во регионот, отсега имаат можност директно и со голема леснотија да летаат до Европа, по многу прифатливи цени“, рече Крстевски.
Во своето обраќање во Скопје, Џон Стивенсон, извршниот директор на Wizz Аir, рече: „Многу сме среќни што токму во Скопје ја отвораме нашата 16-та нискотарифна база. По нашето објавување за отворањето на шест нови линии, корисниците од Македонија и земјите со кои го поврзуваме Скопје веќе дојдоа на нашата веб-страна да ги видат нискотарифните летови и до сега над 25.000 од нив веќе резервираа седиште за лет од Скопје до новите дестинации, зголемувајќи го вкупниот број на патници од Македонија кои летаат со Wizz Air на 100.000 од почетокот на нашите операции во земјава пред помалку од една година. Од нашата нова база очекуваме раст на нискотарифниот авиосообраќај до над 300.000 патници во првата година. Веќе на страната wizzair.com може да се најдат билети по многу пристапни цени, почнувајќи од 550 денари.
Владимир Пешевски, вицепремиерот за економски прашања, додаде: „Во наредниот период очекуваме раст во бројот на туристи кои доаѓаат во Република Македонија како директен резултат од нашата инвестиција во нискотарифниот авиосообраќај. Задоволни сме што една од водечките нискотарифни авиокомпании во Европа, Wizz Air, е посветена да го развие авиосообраќајот во Македонија и денес ги праќаме нашите честитки до авиокомпанијата и нивниот локален екипаж за отворањето на нивната база во Скопје и пристигнувањето на новиот воздухоплов.
Wizz Air е најголемата нискотарифна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, која оперира со флота од 39 воздухоплови Ербас А320 од 16 бази, со повеќе од 250 линии кои поврзуваат 80 дестинации во 29 земји. Екипажот на Wizz Air кој брои 1500 вработени нуди беспрекорни услуги по многу достапни цени, со што Wizz Air станува избрана компанија за над 12 милиони патници во 2012 година.
Често поставувани прашања
До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.
Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.
Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 120 минути (2 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 40 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.
Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.
На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.
Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.
Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero
Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола.
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk
Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.
Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150
3ч – МКД 200
4ч – МКД 300
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.
Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-
За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:
https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/
https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/
https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals
https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html
https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals
https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1
Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.
https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage
Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.
Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.
Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.