Изгубен багаж

Изгубен багаж

Изгубен багаж

Службата за изгубен багаж се наоѓа во делот за подигање багаж, по пасошката контрола во делот за пристигнувања.

Во случај на непристигнување на багажот и изгубени предмети во авион, патникот е должен со авионската карта и привезокот за багажот веднаш да се обрати до служба за изгубен багаж.

Службата за изгубен багаж ги нуди следните услуги: отворање на записник за непристигнат багаж и изгубени предмети во авион, електронско лоцирање и трагање за багажот.

Во случај на пристугнување на оштетен багаж или од багажот да недостасуваат работи, патникот е должен да се обрати во службата за изгубен багаж за да отвори записник за оштетен багаж.

Службата за изгубен багаж ги опслужува сите авиокомпании кои оперираат од Меѓународен Аеродром Скопје.

Чување на багаж

Ако сакате да оставите багаж или некој предмет на чување, ви стоиме на располагање. Максимално време на чување е 30 дена, а услугата се наплатува.

Погледни Ценовник (PDF, 354kB)

За повеќе информации во врска со изгубен или оштетен багаж, чување на багаж и изгубени лични предмети во авион, можете да нè контактирате на:

Контакт:
Тел: +389 (0) 2 3148-334; +389 (0) 2 3148-366
Факс: +389 (0) 2 3148-360
E-mail: 
lostbaggage@tav.aero   

Пребарување за изгубен багаж.
Директен пристап за пребарување на изгубениот багаж:

www.worldtracer.aero

Изгубени лични предмети во/околу терминалната зграда

Ако изгубите или заборавите некој Ваш личен предмет во/околу терминалната зграда, Ве молиме контактирајте нè на е-маил: lost.property@tav.aero  

Изгубени лични предмети во авион

Ако изгубите или заборавите некој Ваш личен предмет во авион, Ве молиме контактирајте нè на е-маил: lostbaggage@tav.aero 

Корисни информации

Паркинг
Паркинг

Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....

Информации за летови
Информации за летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 180 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 180 минути (3 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 60 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
Од почетокот на пандемијата со ковид-19, поради барањата за различни патни документи наметнати од различни земји, ТАВ Македонија апелира патниците да пристигнуваат на аеродром 3 часа пред полетување.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero   
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
до 1ч.    – 90 ден.    
до 2ч.    – 130 ден.    
2 – 4ч.    – 250 ден.    
4 – 8ч.    – 400 ден.    
до 24ч.    – 700 ден.    
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со инвалидитет и паркингот за нив е бесплатен. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за инвалидитет на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со инвалидитет автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со инвалидитет се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.