Карго терминал

Covid19: Патувајте безбедно – ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

- Редовно и навремено ги применуваме сите мерки на Владата и на Министерството за здравство, како надлежни државни институции. Секако, ги следиме и искуствата на другите аеродроми ширум светот и препораките на Светската здравствена организација (WHO), Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската Унија (EASA), Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) и Меѓународната асоцијација за авиосообраќај (IATA), сè со цел да преземаме соодветни мерки навреме, како што се менуваат условите во оваа глобална пандемија.

-    И покрај постоењето на опцијата за онлајн пријавување, поради новонастанатите Ковид-19 рестрикции, патниците се должни, при нивното пристигнување на аеродромот, да се пријават на шалтерите за пријавување, за проверка и верификација на документите потребни за влез во државата во која патуваат, како и пријавување на нивниот багаж. 

-    Патниците ќе треба дисциплинирано да ги следат упатствата на агентите за обезбедување, и таму, како и при сите процедури каде што се создаваат редици, потребно ќе биде да се држи физичко растојание од најмалку 1,5 метар.

- Им препорачуваме на патниците да пристигнат на аеродромот најмалку 3 до 4 часа пред нивниот лет. Поради новите мерки за заштита од COVID-19, некои од аеродромските процедури може да траат подолго време.

    Бизнис и ВИП Салонот се чистат и дезинфицираат според пропишаното од страна на јавните здравствени власти, со зголемена фреквенција врз основа на авиосообраќајот.

    Обезбедена е соодветна заштита за вработените, која вклучува опрема за лична заштита, како ракавици, заштитни маски, очила или штитови за лице.

    Поставени се и информациски знаци и ознаки на подот за да се поттикне физичко растојание, како и повеќе диспанзери со средство за дезинфекција, врз база на алкохол, со соодветна ознака за патниците.

    Сите производи кои се сервираат во салоните ќе бидат изложени спакувани во фолија и сите гости ќе можат да ги добијат производите во индивидуални пакувања.

    Има опција за самопослужување со цел патниците да имаат ограничен контакт со персоналот.

- Се врши честа дезинфекција на површините кои се често се во допир со персоналот и патниците,

- Поставени се посебни корпи за отпадоци за искористените маски и ракавици.

- Масите и столчињата се дезинфицирани по нивно користење.

- Сите вработени во продавниците носат заштитна опрема. Вграден е и плексиглас сепаратор со цел да се избегне контакт помеѓу касата и гостите.

- На влезот на рестораните се поставени апарати за дезинфекција за персоналот и гостите.

- Преку водечки знаци, гостите се потсетуваат на правилата за социјално дистанцирање што треба да ги следат, особено кај редовите кај местата за нарачки и плаќање.

- Во сите ресторани, капацитетот е намален и растојанието помеѓу масите е зголемено. По четири столици се поставени на сите маси.

- Послужавниците и чиниите ќе бидат отстранети од вообичаените области. Тие се даваат на гостите од страна на службениот персонал.

- Се користат пакувани производи за еднократна употреба наместо производите како што се сол, шеќер, салфетки, итн. Производите за еднократна употреба (сламки, салфетки, итн.) се отстранети од заедничката област и ќе бидат служени на гостите од страна на службениот персонал.

- Кај редовите кај местата за нарачки и плаќање, поставени се налепници на подот на растојание (1,5метар).

Вработените работат со заштитна опрема.

- Опремата која се користи  редовно се дезинфицира.

- Физичкото растојание од 1,5метар е минимално во просторот за сите присутни лица и за таа цел околу подот на бесцаринските продавници се поставени водечки знаци.

- Ги советуваме клиентите да користат само безконтактна кредитна или дебитна картичка.

- Означени се стриктни влезни места во продавниците, каде ќе се користат апарати за дезинфекција врз основа на алкохол пред влегување во бесцаринските продавници.

- На патниците кои не носат маска нема да им биде дозволен влез во продавницата.

- Во бесцаринските продавници се дозволени не повеќе од 10 клиенти истовремено.

-    Патниците треба да пристигнат на аеродромот најмалку 3 до 4 часа пред нивниот лет, затоа што најмалку 1 час пред времето на полетување шалтерите за пријавување се затвораат. Ова значи дека патниците најмалку 1 час пред времето на полетување треба да ја имаат завршено процедурата за пријавување, a потоа и процедурите за Пасошка контрола и безбедносна проверка, со цел навреме да пристигнат во зоната за качување во авион, односно кај Излезите. Задолжително е патниците да носат заштитна маска, да го одржуваат пропишаното физичко растојание за затворени простории и да одржуваат  високо ниво на лична хигиена.

-    На двата аеродрома има можност за правење на КОВИД-19 тестови пред вашето заминување. 
Лабораториите на клиниката Жан Митрев и Никоб Лаб вршат тестирање на патници на аеродромите. Повеќе информации можете да најдете на линковите подолу.


Меѓународен Аеродром Скопје:
https://zmc.mk/en/covid19/skopje-ohrid-airport-covid-19-testing-point/ 

https://nikoblab.mk/ 

Аеродром Св. Апостол Павле Охрид: 
https://zmc.mk/en/covid19/skopje-ohrid-airport-covid-19-testing-point/  

http://ohd.airports.com.mk/mk-MK/media-centre-mk/announcements-mk/page/announcement-covid-testing-airport-ohrid-mk 

-    Носењето заштитна маска за лице за патниците во терминалната зграда на аеродромот, не е задолжително, согласно измените и дополнувањата на мерките за Ковид-19 донесени од Владата на Северна Македонија од 13.4.2022 година. Согласно овие измени, граѓаните немаат обврска да носат заштитна маска за лице во сите затворени места, освен во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз (автобус, железница, авион и такси) и во установите за згрижување стари лица и лица со попреченост. Во однос на носење маска за време на лет, патниците треба да ги следат правилата и барањата на авиокомпанијата со која патуваат.

Влезот во терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје е дозволен само доколку поседуваат:
- Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест COVID-19 или
- Сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
- Сертификатот/потврдата од ставот 1 и 2 од оваа точка, не се однесува за лица под 18 годишна возраст
- Патниците (луѓе кои патуваат и имаат валиден авионски билет) може да покажат негативен PCR или антиген тест (бидејќи се патници и мора да се пријават и патуваат, доколку дестинацијата прифаќа PCR или антиген тест).

Со оглед на тоа што ТАВ Македонија како оператор на аеродромите не е надлежна за утврдување и поставување на правилата за влез/излез во/од државата, туку тоа е надлежност на Граничната полиција, во чии ингеренции е Пасошката контрола на аеродромите, Ве замолуваме да се обратите до Министерството за внатрешни работи на Р.С.Македонија  https://mvr.gov.mk/default , како и до Министерството за здравство http://zdravstvo.gov.mk/  и Владата https://vlada.mk/ , каде што одлучуваат за овие правила поврзани со пандемијата со Ковид-19.

ТАВ Македонија, како оператор на аеродром, работи во согласност со правилата и прописите на државните институции во земјите каде патуваат патници, пограничните институции на аеродромите и авиокомпаниите.
За информации во врска со барањата за патни документи и/или ковид-тестови од страна на земјата во која сакате да пристигнете, Ве молиме да се обратите до Aмбасадата на таа земја, како и до авиокомпанијата со која ќе патувате.