Контакт информации

Контакт информации

ТАВ Македонија ДООЕЛ

Адреса:
Меѓународен Аеродром Скопје
Ул. Босфор, бр. 1, Мралино, 1041 Илинден, Република Северна Македонија

Информации:
Тел: +389 (0) 2 3148 333
Фах: + 389 (0) 2 3148 312
Sita: SKPAPXH
Telex: 51480
Aftn: LWSKZPZX

Контакти:
За општи прашања, коментари, жалби и пофалби
customer.mk@tav.aero

**Повеќе информации во врска со Политиката за управување со жалби на следниот линк   ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖАЛБИ


 

За прашања поврзани со аеродромска оперативна безбедност:
safetyskp@tav.aero

За прашања поврзани со прифат и отпрема:
groundhandlingskp@tav.aero

За информации во врска со изгубен багаж
Тel: +389 (0) 2 3148-334; +389 (0) 2 3148-366
Fax: +389 (0) 2 3148-360
E-mail:
lostbaggage@tav.aero 

За маркетинг понуди:
macedoniamarketing@tav.aero

Вашите апликации за работа можете да ги испраќате на:
jobsmk@tav.aero

Covid19: Патувајте безбедно – ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

- Редовно и навремено ги применуваме сите мерки на Владата и на Министерството за здравство, како надлежни државни институции. Секако, ги следиме и искуствата на другите аеродроми ширум светот и препораките на Светската здравствена организација (WHO), Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската Унија (EASA), Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) и Меѓународната асоцијација за авиосообраќај (IATA), сè со цел да преземаме соодветни мерки навреме, како што се менуваат условите во оваа глобална пандемија.

-    И покрај постоењето на опцијата за онлајн пријавување, поради новонастанатите Ковид-19 рестрикции, патниците се должни, при нивното пристигнување на аеродромот, да се пријават на шалтерите за пријавување, за проверка и верификација на документите потребни за влез во државата во која патуваат, како и пријавување на нивниот багаж. 

-    Патниците ќе треба дисциплинирано да ги следат упатствата на агентите за обезбедување, и таму, како и при сите процедури каде што се создаваат редици, потребно ќе биде да се држи физичко растојание од најмалку 1,5 метар.

Согласно сé уште актуелните барања за разни документи за патување поврзани со ковид-19 од страна на странските држави, кои нашите вработени задолжително ги проверуваат на на шалтерите за регистрација на патници и багаж, апелираме до сите патници да пристигнат на аеродромот 3 часа пред закажаниот лет.

Ако евентуално одлучите да правите ковид-19 тест во еден од објектите на двете лаборатории на аеродромот, Ве молиме пристигнете на аеродром и порано од 3 часа, а согласно потребното време за изготвување на тестот, кое пак треба да го проверите со соодветната лабораторија. 

- Бизнис и ВИП Салонот се чистат и дезинфицираат според пропишаното од страна на јавните здравствени власти, со зголемена фреквенција врз основа на авиосообраќајот. 
- Поставени се повеќе диспанзери со средство за дезинфекција, врз база на алкохол, со соодветна ознака за патниците.
- Има опција за самопослужување со цел патниците да имаат ограничен контакт со персоналот.

- Се врши честа дезинфекција на површините кои се често се во допир со персоналот и патниците,

- Масите се чистата/дезинфицираат по нивно користење.

Вграден е и плексиглас сепаратор со цел да се избегне контакт помеѓу касата и гостите.
- На секоја маса се поставени алкохолни дезинфициенси за раце

- Послужавниците и чиниите се отстранети од вообичаените области. Тие се даваат на гостите од страна на службениот персонал.

- Се користат пакувани производи за еднократна употреба наместо производите како што се сол, шеќер, салфетки, итн.

- Опремата која се користи  редовно се дезинфицира.

- Физичкото растојание од 1,5метар е минимално во просторот за сите присутни лица и за таа цел околу подот на бесцаринските продавници се поставени водечки знаци.

- Ги советуваме клиентите да користат само безконтактна кредитна или дебитна картичка.

-
Влезот е дозволен за сите патници. Поставени се апарати за дезинфекција врз основа на алкохол пред влегување во бесцаринските продавници.

-    Патниците треба да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет, затоа што најмалку 1 час пред времето на полетување шалтерите за пријавување се затвораат. Ова значи дека патниците најмалку 1 час пред времето на полетување треба да ја имаат завршено процедурата за пријавување, a потоа и процедурите за Пасошка контрола и безбедносна проверка, со цел навреме да пристигнат во зоната за качување во авион, односно кај Излезите.

-    Носењето заштитна маска за лице за патниците во терминалната зграда на аеродромот, не е задолжително, согласно измените и дополнувањата на мерките за Ковид-19 донесени од Владата на Северна Македонија од 3.5.2022 година https://vlada.mk/node/28642. Согласно овие измени, граѓаните немаат обврска да носат заштитна маска за лице во сите затворени места, освен во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз (автобус, железница, авион и такси) и во установите за згрижување стари лица и лица со попреченост. Во однос на носење маска за време на лет, патниците треба да ги следат правилата и барањата на авиокомпанијата со која патуваат.

Влезот во терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје, почнувајќи од 3-ти мај 2022 година, кога Владата на РСМ ги укина сите заштитни мерки поврзани со ковид-19  https://vlada.mk/node/28642 освен носењето заштитни маски во одредени установи, е дозволен без ограничувања/барања поврзани со ковид-19.

Со оглед на тоа што ТАВ Македонија како оператор на аеродромите не е надлежна за утврдување и поставување на правилата за влез/излез во/од државата, туку тоа е надлежност на Граничната полиција, во чии ингеренции е Пасошката контрола на аеродромите, Ве замолуваме да се обратите до Министерството за внатрешни работи на Р.С.Македонија  https://mvr.gov.mk/default , како и до Министерството за здравство http://zdravstvo.gov.mk/  и Владата https://vlada.mk/ , каде што одлучуваат за овие правила поврзани со пандемијата со Ковид-19.

ТАВ Македонија, како оператор на аеродром, работи во согласност со правилата и прописите на државните институции во земјите каде патуваат патници, пограничните институции на аеродромите и авиокомпаниите.
За информации во врска со барањата за патни документи и/или ковид-тестови од страна на земјата во која сакате да пристигнете, Ве молиме да се обратите до Aмбасадата на таа земја, како и до авиокомпанијата со која ќе патувате. 

-    На двата аеродрома има можност за правење на КОВИД-19 тестови пред вашето заминување. 
Лабораториите на клиниката Жан Митрев и Никоб Лаб вршат тестирање на патници на аеродромите. Повеќе информации можете да најдете на линковите подолу.


Меѓународен Аеродром Скопје:
https://zmc.mk/en/covid19/skopje-ohrid-airport-covid-19-testing-point/ 

https://nikoblab.mk/ 

Аеродром Св. Апостол Павле Охрид: 
https://zmc.mk/en/covid19/skopje-ohrid-airport-covid-19-testing-point/  

http://ohd.airports.com.mk/mk-MK/media-centre-mk/announcements-mk/page/announcement-covid-testing-airport-ohrid-mk 

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 180 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 180 минути (3 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 60 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
Од почетокот на пандемијата со ковид-19, поради барањата за различни патни документи наметнати од различни земји, ТАВ Македонија апелира патниците да пристигнуваат на аеродром 3 часа пред полетување.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Доколку изгубите Ваш личен предмет во аеродромската зграда, ве молиме истото да го пријавите на Шалтерот за информации или пак на службеник од Одделот за обезбедување. Доколку веќе сте заминати од аеродромот, ве молиме пишете на lost.property@tav.aero 
Доколку најдете изгубен/и предмет/и во аеродромската зграда, веднаш пријавете на службени лица од Одделот за обезбедување, или пак на Шалтерот за информации и/или испратете е-порака на lost.property@tav.aero
За изгубени/најдени предмети во авион, или пак во случај на изгубен или оштетен багаж, ве молиме веднаш пријавете кај нашите колеги од Службата за изгубен багаж, лоцирана во делот за подигање багаж, по пасошката контрола во делот за пристигнувања, или пишете на lostbaggage@tav.aero 
За повеќе информации ве молиме кликнете на следниов линк: http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/airport-facilities-services-mk/page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
до 1ч.    – 90 ден.    
до 2ч.    – 130 ден.    
2 – 4ч.    – 250 ден.    
4 – 8ч.    – 400 ден.    
до 24ч.    – 700 ден.    
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со инвалидитет и паркингот за нив е бесплатен. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за инвалидитет на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со инвалидитет автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со инвалидитет се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.