Односи со клиенти

Covid19: Патувајте безбедно – ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

- Редовно и навремено ги применуваме сите мерки на Владата и на Министерството за здравство, како надлежни државни институции. Секако, ги следиме и искуствата на другите аеродроми ширум светот и препораките на Светската здравствена организација (WHO), Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската Унија (EASA), Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) и Меѓународната асоцијација за авиосообраќај (IATA), сè со цел да преземаме соодветни мерки навреме, како што се менуваат условите во оваа глобална пандемија.

Од 19.8.2021, 21:00ч, влез во аеродромската терминална зграда ќе биде дозволен само со приложување:  

 
-    Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARSCoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест COVID-19; или
-    Сертификат / потврда за прележан COVID19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или
-    Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARSCoV-2 тест, не постар од 72 часа, или брз антиген тест не постар од 48 часа, пред влегување.

*Ова не се однесува на лица под 18 години.

 
Влезот во аеродромската терминална зграда е на вратата Заминување С, додека излезот е на вратата Пристигнување В.

-    Задолжително е патниците да стават заштитна маска на лицето пред да влезат во терминалната зграда на аеродромот и да ја носат постојано додека се движат низ аеродромот, сè додека не излезат од терминалната зграда и се качат во авион. Во однос на правилата за летот со авион, патниците треба да ги следат барањата на авиокомпанијата со која патуваат.  
На патниците кои не носат заштитна маска нема да им биде дозволен влез во зградата на аеродромот.

-    И покрај постоењето на опцијата за онлајн пријавување, поради новонастанатите Ковид-19 рестрикции, патниците се должни, при нивното пристигнување на аеродромот, да се пријават на шалтерите за пријавување, за проверка и верификација на документите потребни за влез во државата во која патуваат, како и пријавување на нивниот багаж. 

-    Патниците ќе треба дисциплинирано да ги следат упатствата на агентите за обезбедување, и таму, како и при сите процедури каде што се создаваат редици, потребно ќе биде да се држи физичко растојание од најмалку 1,5 метар.

- Им препорачуваме на патниците да пристигнат на аеродромот најмалку 3 до 4 часа пред нивниот лет. Поради новите мерки за заштита од COVID-19, некои од аеродромските процедури може да траат подолго време.

    Бизнис и ВИП Салонот се чистат и дезинфицираат според пропишаното од страна на јавните здравствени власти, со зголемена фреквенција врз основа на авиосообраќајот.

    Обезбедена е соодветна заштита за вработените, која вклучува опрема за лична заштита, како ракавици, заштитни маски, очила или штитови за лице.

    Поставени се и информациски знаци и ознаки на подот за да се поттикне физичко растојание, како и повеќе диспанзери со средство за дезинфекција, врз база на алкохол, со соодветна ознака за патниците.

    Сите производи кои се сервираат во салоните ќе бидат изложени спакувани во фолија и сите гости ќе можат да ги добијат производите во индивидуални пакувања.

    Има опција за самопослужување со цел патниците да имаат ограничен контакт со персоналот.

- Се врши честа дезинфекција на површините кои се често се во допир со персоналот и патниците,

- Поставени се посебни корпи за отпадоци за искористените маски и ракавици.

- Масите и столчињата се дезинфицирани по нивно користење.

- Сите вработени во продавниците носат заштитна опрема. Вграден е и плексиглас сепаратор со цел да се избегне контакт помеѓу касата и гостите.

- На влезот на рестораните се поставени апарати за дезинфекција за персоналот и гостите.

- Преку водечки знаци, гостите се потсетуваат на правилата за социјално дистанцирање што треба да ги следат, особено кај редовите кај местата за нарачки и плаќање.

- Во сите ресторани, капацитетот е намален и растојанието помеѓу масите е зголемено. По четири столици се поставени на сите маси.

- Послужавниците и чиниите ќе бидат отстранети од вообичаените области. Тие се даваат на гостите од страна на службениот персонал.

- Се користат пакувани производи за еднократна употреба наместо производите како што се сол, шеќер, салфетки, итн. Производите за еднократна употреба (сламки, салфетки, итн.) се отстранети од заедничката област и ќе бидат служени на гостите од страна на службениот персонал.

- Кај редовите кај местата за нарачки и плаќање, поставени се налепници на подот на растојание (1,5метар).

Вработените работат со заштитна опрема.

- Опремата која се користи  редовно се дезинфицира.

- Физичкото растојание од 1,5метар е минимално во просторот за сите присутни лица и за таа цел околу подот на бесцаринските продавници се поставени водечки знаци.

- Ги советуваме клиентите да користат само безконтактна кредитна или дебитна картичка.

- Означени се стриктни влезни места во продавниците, каде ќе се користат апарати за дезинфекција врз основа на алкохол пред влегување во бесцаринските продавници.

- На патниците кои не носат маска нема да им биде дозволен влез во продавницата.

- Во бесцаринските продавници се дозволени не повеќе од 10 клиенти истовремено.

-    Патниците треба да пристигнат на аеродромот најмалку 3 до 4 часа пред нивниот лет, затоа што најмалку 1 час пред времето на полетување шалтерите за пријавување се затвораат. Ова значи дека патниците најмалку 1 час пред времето на полетување треба да ја имаат завршено процедурата за пријавување, a потоа и процедурите за Пасошка контрола и безбедносна проверка, со цел навреме да пристигнат во зоната за качување во авион, односно кај Излезите. Задолжително е патниците да носат заштитна маска, да го одржуваат пропишаното физичко растојание за затворени простории и да одржуваат  високо ниво на лична хигиена.

Од 1 септември 2021 година домашни и странски државјани ќе можат да влезат на територијата на Република Северна Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат:
•    сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест COVID-19 (сите вакцини се прифатливи и потребно е да се поминати 14 дена од денот на аплицирање на втората доза); или
•    сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или
•    медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територијата на Република Северна Македонија или
•    негативен резултат од брз тест за антиген, направен 48 часа пред влез на територија на Република Северна Македонија.
И за домашни и за странски државјани кои ќе се вратат во земјата по 1 септември и немаат негативен PCR тест, негативен антиген тест или потврди за вакцинација или за прележан КОВИД-19, мерка за карантин од 7 (седум ) денови на домашна изолација ќе се определат со одлука на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Трошоците за изолација за странски државјани се на нивна сметка.
Странските државјани што транзитираат низ земјата ќе можат да го сторат тоа во рок од 5 часа со претходно потпишана изјава за влез во земјата што ќе треба да ја достават пред граничната контрола на излез од земјата.
Исклучоци од оваа мерка се екипажите на воздухопловите и професионалните возачи на товарни моторни возила кои влегуваат на граничните премини на територијата на Република Северна Македонија, како и сите видови групни или индивидуални патувања или патници и професионални возачи на товарни моторни возила кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија, зашто задолжително потпишуваат Изјава за транзитирање.

Оваа одлука не се однесува за лица под 18 годишна возраст.

-    На двата аеродрома има можност за правење на КОВИД-19 тестови пред вашето заминување. 
Лабораториите на клиниката Жан Митрев и Никоб Лаб вршат тестирање на патници на аеродромите. Повеќе информации можете да најдете на линковите подолу.


Меѓународен Аеродром Скопје:
https://zmc.mk/en/covid19/skopje-ohrid-airport-covid-19-testing-point/ 

https://nikoblab.mk/ 

Аеродром Св. Апостол Павле Охрид: 
https://zmc.mk/en/covid19/skopje-ohrid-airport-covid-19-testing-point/  

http://ohd.airports.com.mk/mk-MK/media-centre-mk/announcements-mk/page/announcement-covid-testing-airport-ohrid-mk 

-    ТАВ Македонија, како оператор на аеродромите, работи во согласност со правилата и прописите на државните институции во земјите каде патуваат патници, пограничните институции на аеродромите и авиокомпаниите.
За информации во врска со моменталните рестрикции за патување по воздушен пат и потребните документи за патување, Ве молиме да се обратите до релевантната амбасада на државата во која сакате да патувате како и до авиокомпанијата со која ќе патувате.

Дополнително, Од 1 септември 2021 година домашни и странски државјани ќе можат да излезат од територијата на Република Северна Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат:
•    сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест COVID-19 (сите вакцини се прифатливи и потребно е да се поминати 14 дена од денот на аплицирање на втората доза); или
•    сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или
•    медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територијата на Република Северна Македонија или
•    негативен резултат од брз тест за антиген, направен 48 часа пред влез на територија на Република Северна Македонија.
Оваа одлука не се однесува за лица под 18 годишна возраст.