Место за препакување багаж
Местото за препакување багаж е овозможенo за патниците на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ова место е специјално дизајнирано за патниците кои пред да стигнат на шалтерите за регистрација на патници и багаж сфаќаат дека куферот им е претежок или преполн и дека треба да го препакуваат багажот.
Лоцирана на приземјето во аеродромскиот терминал, во зоната спроти шалтерите, веднаш до вратата за влез/излез C, местото за препакување багаж е опремено со вага која што патниците можат самостојно да ја користат за да ја проверат тежината на торбите/куферите и да се потврдат дека тежината на багажот е во согласност со правилата за дозволен багаж на авиокомпанијата со која патуваат и согласно тежина на багаж наведена на нивниот авионски билет.