Паркинг

Паркинг

Паркинг-услуги на Меѓународен Аеродром Скопје

Без разлика дали патувате вие, или превезувате некој од вашите блиски до аеродромот, или пак ги пречекувате од аеродром по нивното патување, Меѓународниот Аеродром Скопје нуди можност за кратко застанување и за подолг престој на вашето возило на паркинг простор со 1.200 обележани места за паркирање автомобили и 6 обележани места за автобуси.

Плаќањето за паркинг-услугите е едноставно и лесно преку автоматските машини за наплата на паркинг-услуги што можете да ги најдете во терминалната зграда.

За да ги користите паркинг-услугите, претходна резервација не е потребна. 

Паркинг

Паркингот за возила се наоѓа веднаш пред терминалната зграда, поминувајќи ја транзитната улица и зеленилото. Тука можете да го паркирате вашето возило за пократок период, 1 час, 2 часа или повеќе во текот на еден ден, но исто така, зависно од вашите потреби, можете да го паркирате возилото и на подолг период. 

 

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ НА МЕЃУНАРОДЕН АЕРОДРОМ СКОПЈЕ

1. Општи Одредби

1.1. Овие Општи Услови го уредуваат користењето на паркинг просторот („Паркинг простор“) управуван и одржуван од ТАВ Македонија ДООЕЛ Мралино, Илинден, регистрирана компанија во Република Северна Македонија („Компанијата“).
1.2. Со влегување, паркирање или на кој било начин користење на Паркинг просторот, сите корисници („Корисник“) се согласуваат со овие Општи Услови.
1.3. Компанијата го задржува правото во секое време да ги измени овие Општи Услови. Ажурираната верзија ќе биде истакната на
 официјалната веб страна на Меѓународен Аеродром Скопје

2. Влез и Користење на Паркинг просторот

2.1. Влез е дозволен само за возила кои ги исполнуваат сите важечки законски прописи и безбедносни стандарди.
2.2. Корисникот е должен да ги следи сите сообраќајни знаци, ознаки и упатства од овластен персонал.
2.3. Паркинг просторот е наменет исклучиво за паркирање возила. Забрането е вршење трговска дејност, поправки на возила или престој/спиење во возилата.
2.4. Компанијата има право да одбие влез или да отстрани возило кое е небезбедно, напуштено или неправилно паркирано.

3. Паркинг Надомест и Плаќање

3.1. Користењето на Паркинг просторот е предмет на плаќање согласно важечката тарифa истакната на влезот и на официјалната веб-страна на Меѓународен Аеродром Скопје


3.2. Плаќањето мора да се изврши пред излез од паркинг просторот, на автоматските терминали за наплата во аеродромската зграда.


3.3. Ценовникот за главен паркинг е следен:

4. Одговорност и Ризик

4.1. Паркирањето се врши на сопствен ризик на Корисникот.


4.2. Компанијата не презема одговорност за каква било штета или загуба на возилото, неговите делови или предмети во него, без разлика на причината (вклучувајќи кражба, вандализам, пожар или временски услови).


4.3. Компанијата не одговара за каква било индиректна, последична или случајна штета произлезена од користењето на паркинг просторот.


4.4. Корисникот е должен да го обезбеди возилото (да ги заклучи вратите и прозорците) пред да го напушти.

 

5. Отстранување и шлепување на возила

5.1. Компанијата има право да отстрани или шлепува возило кое:

  • е паркирано без плаќање или по истек на максимално дозволениот престој од 12 месеци.
  • го попречува сообраќајот или другите паркирани возила, или
  • претставува безбедносен ризик.

5.2. Трошоците за шлепување и складирање се на товар на корисникот.


5.3. Компанијата може да го задржи возилото сè додека не бидат наплатени сите надоместоци и казни.

 

6. Лични податоци и видео надзор

6.1. За целите на безбедноста на лицата, возилата и имотот во рамките на паркинг просторот, ТАВ Македонија ДООЕЛ може да врши видео надзор (CCTV) во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија и со применливите подзаконски акти.

6.2. Видео надзорот се врши исклучиво за легитимни цели, како што се:

  • превенција и откривање на штета, кражба, вандализам или други незаконски активности,
  • заштита на вработените, клиентите и посетителите,
  • евидентирање на инциденти со цел утврдување одговорност или водење правна постапка,
  • осигурување на правилно функционирање на системот за наплата и управување со паркингот.

6.3. Видео камерите се поставени на јасно обележани локации и не снимаат области кои би можеле неоправдано да ја нарушат приватноста на лицата (на пример, јавни тоалети, административни простории и сл.).

6.4. Снимките и другите лични податоци се обработуваат само од овластени лица вработени или ангажирани од ТАВ Македонија ДООЕЛ, кои се должни да постапуваат во согласност со политиката за заштита на лични податоци и со обврската за доверливост.

6.5. Снимените податоци се чуваат најмногу 30 (триесет) дена од денот на нивното создавање, по што автоматски се бришат, освен ако не се потребни за водење постапка во врска со конкретен инцидент или законска обврска.

6.6. Снимените материјали може да бидат доставени само на надлежни органи (полиција, суд, инспекциски органи) по нивно официјално барање, согласно важечките прописи.

6.7. Секое физичко лице има право да побара информации за тоа дали се обработуваат негови лични податоци преку системот за видео надзор, во согласност со членовите 19–26 од Законот за заштита на личните податоци.

6.8. Контакт за остварување на правата поврзани со лични податоци:

ТАВ Македонија ДООЕЛ Мралино, Илинден
ул. Босфор, бр. 1, Мралино, 1041 Илинден

Офицер за заштита на лични податоци:

Емилија Евтимова-Спасеска и Илија Неделкоски

Е-пошта: tavmacedonia@tav.aero

Телефон: 02/3148 300

6.9. Со користење на Паркинг просторот, Корисникот е свесен дека може да биде снимен и се согласува со обработката на личните податоци во согласност со горенаведените одредби.

 

6.10. Паркинг просторот може да биде под видео надзор (CCTV) заради безбедност и оперативни цели.


6.11. Снимените податоци може да се користат во случаи на спорови, оштетувања или правни постапки, и ќе се обработуваат согласно Законот за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија.

 

7. Однесување на корисниците и санкции за непочитување

7.1. Корисникот е должен да се однесува пристојно и со почит кон другите корисници, персоналот и имотот на ТАВ Македонија.
7.2. Корисникот не смее да фрла отпадоци, да оштетува имот или да предизвикува нарушување на јавниот ред.
7.3. Корисникот е одговорен за секоја штета предизвикана на паркинг опремата или инфраструктурата и е должен да ја надомести на компанијата.

7.4. Забрането е:
 
  • фрлање отпадоци или загадување на просторот.
  • оштетување на паркинг опремата, знаците, автоматите за плаќање или хортикултурата.
  • агресивно, заканувачко или непристојно однесување кон персонал или други лица.
  • непочитување на насоките на овластените лица на компанијата;
  • користење на звучни уреди, сирени или возење со прекумерна брзина во рамките на паркингот.
  • паркирање надвор од обележаните места или на позиции резервирани за лица со попреченост без овластување.
  • фрлање или оставање предмети што можат да предизвикаат штета или безбедносен ризик.

7.5. Во случај на повреда на овие правила, компанијата има право да преземе една или повеќе од следните мерки:


a) Усно или писмено предупредување до корисникот.


б) Привремено или трајно отстранување на возилото од паркинг просторот.


в) Наплата на дополнителен надомест за административни и оперативни трошоци поврзани со прекршокот.


г) Наплата на казна во следните износи, во согласност со општите практики на јавните паркиралишта во регионот:

 

  • Неправилно паркирање или попречување на други возила: 2500 мкд
  • Непочитување на упатства или безбедносни правила: 2500 мкд
  • Фрлање отпадоци или загадување 2500 мкд
  • Вербална или физичка агресија кон персонал: 2500 мкд
  • Оштетување на инфраструктура или опрема: надомест на целосната штета + казна до 12000 мкд.

 

7.6. Во случаи на потешки или повторени прекршоци, компанијата може да побара асистенција од надлежните органи (полиција или општинска инспекција), при што може да се изречат дополнителни законски санкции согласно важечките прописи.

7.7. Корисникот е материјално и законски одговорен за секоја штета предизвикана на имотот на компанијата или на друго лице во рамките на паркинг просторот. компанијата има право да бара надомест на штета, вклучително и трошоци за поправка, чистење и административна обработка.

7.8. Компанијата го задржува правото да одбие пристап или да забрани идно користење на паркинг просторот на секој корисник кој повторено ги прекршува овие правила.

 

8. Применливо право и надлежност

8.1. Овие Општи Услови се регулирани според законите на Република Северна Македонија.
8.2. Сите спорови кои произлегуваат од овие услови се во надлежност на надлежните судови во Скопје.

9. Изгубена паркинг картичка / билет и начин на пресметка на времето за плаќање

9.1. При влез во паркинг просторот, системот автоматски го евидентира времето на пристигнување на возилото преку издавање на паркинг билет/картичка.

9.2. Времето за пресметка на паркинг надоместок започнува од моментот на издавање на билетот или евидентирањето на влезот, и завршува во моментот кога возилото го напушта паркинг просторот.

9.3. Корисникот е должен да го зачува паркинг билетот/картичката до моментот на плаќање и излез од паркингот.

9.4. Во случај на изгубен, оштетен или нечитлив билет/картичка, Корисникот е должен веднаш да се обрати на шалтерот на канцеларијата за паркинг или кај овластеното лице на ТАВ Македонија ДООЕЛ.

9.5. Во таков случај, заради неможност за утврдување на точното време на влез, ќе се применува договорен паушален износ за изгубен билет, во согласност со важечкиот ценовник, како што следува:

  • Изгубен или оштетен билет/картичка 3500 мкд
  • Доколку системот овозможува проверка на влез преку регистарска табличка, времето за плаќање ќе се пресмета врз основа на евиденцијата од системот.

9.6. По извршената наплата на надоместот за изгубен билет, Корисникот ќе добие потврда за плаќање која мора да ја приложи при излез.

9.7. Компанијата нема обврска да докажува времетраење на паркирањето во случај на изгубен билет/картичка доколку системот не овозможува техничко следење на влез/излез без карта.

Транзит, пред терминална зграда – Hug & Fly

Транзит зоната или Hug & Fly се наоѓа веднаш пред аеродромската терминална зграда каде ви е овозможено кратко застанување, односно бесплатно паркирање до 10 минути, доволно да се поздравите или пак да пречекате некој од вашето семејство, пријателите, гостите или деловните соработници.

Паркинг места за лица со попреченост

На Меѓународниот Аеродром Скопје има вкупно 20 паркинг-места за лица со попреченост, каде што користењето на паркингот е бесплатно во рок од 24 часа.

За одобрување на бесплатно паркирање потребно е патникот да се упати во канцеларијата за паркинг и да приложи сообраќајна дозвола од возилото и легитимација за лице со попреченост (да се идентификува како лице со попреченост). Ова важи само доколку лицето со попреченост е сопственик на возилото и тој/таа управува со истото.
Растојанието од означените паркинг места за лица со попреченост до влезните врати на аеродромската зграда е 48 метри.

Паркинг места за дипломатски возила

Има вкупно 4 места за дипломатски возила. Овие места се наменети исклучиво за паркирање дипломатски возила, односно возило со дипломатски регистарски таблици. Цената за надомест за користење на паркинг услугите не се разликува од редовните цени прикажани во табелите.

 

 

Принципи на примена:

  1. Сите цени се во МКД, со вклучен ДДВ

Изгубена паркинг картичка

Во случај на губење на паркинг картичката, се врши проверка во паркинг системот преку регистарскиот број на возилото, со цел да се потврдат податоците за времето на влез на паркинг. Наплатата се врши според реалното време на користење на паркингот, а дополнителен износ се наплаќа за изгубената картичка.

Само во случаи кога не може да се утврди времето на влез поради техничка грешка, се применува фиксна наплата согласно објавениот ценовник.




 

 

*ТАВ Македонија не сноси одговорност во случај на било каква загуба, уништување, оштетување или кражба на возилото или предметите од возилото.
 

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 120 минути (2 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 40 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero   
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150 
3ч – МКД 200 
4ч – МКД 300 
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400     
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.