Политика за заштита на животна средина

Политика за заштита на животна средина

Цел
ТАВ Македонија, како компанија што управува со Меѓународниот Аеродром Скопје и аеродрoмот Свeти Апостол Павле во Охрид, има одговорност и води сметка сите нејзини деловни активности да се извршуваат и да се во согласност со пропишаните правила за грижа и заштита на животната средина.

Усогласеност 
ТАВ Македонија е посветена  кон усогласувањето со прифатените  еколошки практики, вклучувајќи ги сите применливи локални, државни и меѓународни закони и регулативи и други барања релевантни за еколошките аспекти на сите работни активности и услуги. ТАВ Македонија ги подготвува и ги спроведува сите програми и постапки неопходни за усогласување со ISO 14001:2015.

Спречување и намлување на загадувањето  

ТАВ Македонија е посветена на проблематиката со загадувањето и презема активности за спречување на истото пред тоа да се случи, како  и активности за минимизирање на влијанието врз животната средина со сите прифатени еколошки практики. Затоа, ТАВ управува со  своите процеси, средства  и човечки ресурси со цел да ги намали влијанијата врз животната средина што произлегуваат од работните активности.

Свесност

Процедурите и правилата кои произлегуваат од Системот за управување со животната средина (ЕМЅ) на ТАВ Македонија се споделени со сите субјекти кои извршуваат работни обврски и вршат дејност на македонските аеродроми, вклучувајќи ги: вработените, изведувачите и добавувачите, заради обезбедување свесност за посветеноста кон животната средина. ТАВ Македонија, исто така, обезбедува соодветна обука за сите вработени со цел подигање на свеста за одговорноста кон животната средина.

Континуирано подобрување

Со утврдување  на целите и таргетите за животната средина како и преку периодични ревизии, контрола врз работењето и преку постигнување на еколошки цели ТАВ Македонија се стреми кон континуирано подобрување на системот за управување со животната средина и кон минимизирање на создавањето отпад и загадување што се тесно поврзани со работењето на аеродромите и услугите за опслужување.


Цели и таргети за одржување на животната средина

  • Редуцирана употреба на опасни и токсични хемикалии при извршување на работните активности на аеродромите
  • Редуцирана  потрошувачка на енергетски ресурси
  • Намалување, повторна употреба и рециклирање на отпад
  • Превенција од загадување
  • Добавувачите, вклучувајки ги и изведувачите се запознаени со  нашите очекувања во врска со животната средина и од нив се бара да  усвојат практики за управување со животната средина
  • Континуирано следење на квалитетот/квантитетот на емисии, ослободување издувни гасови и создавање отпад
  • Постојано разгледување на значајните аспекти во однос на животната средина и нивното влијание
  • TАВ Македонија, како општествено одговорна компанија, секогаш ги зема предвид факторите на животната средина при планирање, набавување или донесување одлуки во однос на работењето.

Корисни информации

Продавници и ресторани
Продавници и ресторани

На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...

Паркинг
Паркинг

Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....

Информации за летови
Информации за летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време

Често поставувани прашања

 

Меѓународниот Аеродром Скопје има редовна автобуска линија за патници од клучни точки низ градот Скопје, до самиот Аеродром, опслужувана од компанијата “Манора“. Возниот ред е направен според пристигнувањата и заминувањата на летовите. Станици низ градот на кои автобусот застанува се: Хотел “Холидеј Ин”, Транспортен Центар, ТЦ Бисер, Меѓународен Аеродром Скопје. Билет во еден правец изнесува 180 денари. Повеќе информации на: http://skpairport.tavitlab.com/en-EN/passenger-guide/to-from-the-airport/page/bus

Меѓународниот аеродром Скопје работи 24/7. Можете да дојдете на Аеродромот во било кое време и да чекате за Вашиот лет. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците, бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free), отворена за време на летовите, нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за регистрација почнува најмалку 120 минути (2 часа) пред предвиденото време на полетување, а во случај на интерконтинентален лет најмалку 180 минути (3 часа) пред времето на полетување назначено на Вашиот авиобилет. Затворањето на аеродромскиот шалтер за регистрација е најдоцна 40 минути пред времето на полетување назначено во Вашиот авиобилет, а во случај на интерконтинентален лет најдоцна 60 минути пред времето на полетување назначено во Вашиот авиобилет.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на аеродромот, во делот за Пристигнувања и Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Доколку изгубите Ваш личен предмет на аеродромот или во авион, пријавете го во Службата Изгубено/Најдено уште додека сте на аеродромот. Доколку сте излегле од аеродромот, испратете е-мејл на: lost.property@tav.aero

Доколку пронајдете загубени предмети, веднаш пријавете ги на службени лица од Службата Изгубено/Најдено,  вработени од Обезбедувањето, или од Шалтерот за пријавување, и напишете мејл на lost.property@tav.aero

ТАВ Македонија во 2015 година воведе бесплатен безжичен интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје, а во 2019 година го надгради истиот. Патниците можат преку нивните мобилни уреди можат да го користата бесплатниот интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: “City of Skopje”, без потреба од впишување на лозинка. Оваа мрежа не е временски ограничена и не е потребно најавување за повторно користење.

Нема потреба за претходна резервација на паркинг-место.

Ценовник за паркинг:

1ч. – 80 МКД

2ч. – 100 МКД

2-4ч. – 150 МКД

4-8ч. – 200 МКД

8-24ч. – 600 МКД

Повеќе информации на: http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=375

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со инвалидитет и паркингот за нив е бесплатен. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за инвалидитет на Шалтерот за паркинг, лоциран внатре во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со инвалидитет автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со инвалидитет се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со ограничена способност за движење. Шалтерот каде што можат да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Во моментов – не, но се работи на воведување. На Меѓународниот Аеродром Скопје е дозволено да се пуши само во отворените тераси на кафулињата сместени во јавната зона на терминалната зграда. Пушењето не е возможно во делот по Пасошката контрола, кај Портите.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на: customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, кој во најкус можен рок ќе Ви одговори на Вашите прашања.