Карго Услуги

Карго Услуги

ТАВ Македонија, на Меѓународниот Аеродром Скопје, ги обезбедува сите видови карго-услуги: општо карго, специјално карго транспортирано по воздушен пат и карго по земја.

КАРГО УСЛУГИ

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ

ЦЕНОВНИК

Нашите клиенти се авиокомпании, шпедитери, продажни агенти и авто-превозници.

Контакт:

Зоран Богдански, Менаџер на Карго-центар

Тел: +389 2 3148 625

Факс: +389 2 3148 626

Е-пошта: zoran.bogdanski@tav.aero


Информации за пристигнати пратки можете да добиете на следната е-адреса и/или телефонски број:

-  cargo@tav.aero
- 02/3148-646
 

ЛОКАЦИЈА, КАПАЦИТЕТ И ОПРЕМА

Карго-центарот се наоѓа на Mеѓународниот Aеродром Скопје и е директно поврзан со  автопатот Е-75.

Растојанија од главните дестинации во регионот:

Белград 420 км

Софија 250 км

Тирана 230 км

Солун 230 км

Атина 700 км

Загреб 815 км

Приштина 90 км

Сараево 450 км

 

КАПАЦИТЕТ

Покриен магацински простор од: 2000 m²

МАГАЦИН ЗА УВОЗ/ИЗВОЗ

 

ОПРЕМА

- Систем со висок степен на безбедност (24-часовен видео надзор) и информативен центар кој обезбедува исклучително висок квалитет на нашите услуги.

 

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на аеродромот 24/7.

 

Вообичаено време за издавање на карго-пратки при увоз:

  • Понеделник до недела: од 08:00 до 19:30

 

Вообичаено време за прифаќање на карго пратки за извоз:

  • Понеделник до недела: од 08:00 до 19:30

 

Магацинот може да биде отворен и надвор од нормалното работно време за посебно карго со претходен договор. Во овој случај писмено барање треба да се упати на e-mail: cargotelex@tav.aero најмалку 24 часа однапред.

   

ШПЕДИТЕРСКИ УСЛУГИ

Шпедитерските услуги обезбедуваат брза, ефикасна и доверлива шпедиција за нашите клиенти.

Контакти:

Тел: + 389 2 3 148 640

Факс: + 389 2 3148 639

SITA: SKPFFXH

 

Орхан Сабит

Постар карго супервизор

e-mail: orhan.sabit@tav.aero

 

Ламбе Сековски

Агент за карго операции

e-mail: Lambe.Sekovski@tav.aero

 

Ѓорѓи Митровски

Агент за карго операции

e-mail: Gjorgi.Mitrovski@tav.aero

 

Сузана Михајловска

Агент за карго операции

Е-пошта: Suzana.Mihajlovska@tav.aero

 

ПОСЕБНИ ТИПОВИ НА СТОКИ

За прием, складирање и испраќање на сите посебни видови на стоки во согласност со применливите IATA прописи и TACT правилата, се применуваат специфични услови за пакување, етикетирање и складирање, затоа Ве молиме консултирајте се со Карго центарот на е-пошта:

- Orhan.Sabit@tav.aero

- Mile.Akjimoski@tav.aero

- cargotelex@tav.aero

- Cargoexport@tav.aero

- Cargosupervisor@tav.aero

Или со вашата шпедитерска компанија пред да испратите таква стока.

 

КОНТАКТИ ОД ЦАРИНА, ИНСПЕКЦИИ И АВИОКОМПАНИИ

Канцеларијата на Царината на Mеѓународниот Aеродром Скопје работи во рамките на Карго-центарот и е овластена да ги спроведува сите царински постапки.

Работно време:

Понеделник - петок: 08:30 до 16:30

Контакт

Тел: +389 2 312 10 10

Е-пошта: ciairportsk@customs.gov.mk

Веб-страница: http://www.customs.gov.mk

 

Граничната инспекција врши проверка на движењето на следните категории на стоки:

  • Храна,
  • Растенија,
  • Месо и месни производи,
  • Овошје,
  • Риба и производи од риба,
  • Цвеќиња,
  • Живи животни.

 

Контакти:

Ветеринарна инспекција

Тел .: +389 2 3112 210,

Факс: +389 2 3112205

Е-пошта: infogvi@fva.gov.mk

Интернет страница: http://www.fva.gov.mk

 

Фитосанитарна инспекција

Тел .: +389 2 3121 462,

Факс: +389 2 3121 462

Е-пошта: diz@mzsv.gov.mk

Веб-страница: www.mzsv.gov.mk

 

Здравствена санитарна инспекција

Тел .: +389 2 3147 147

Факс: +389 2 113 014

Веб-страница: www.zdravstvo.gov.mk

 

Сите инспекции не се постојано присутни на Аеродромот, и затоа е неопходно однапред да се закажат прегледите.

Често поставувани прашања

 

Меѓународниот Аеродром Скопје има редовна автобуска линија за патници од клучни точки низ градот Скопје, до самиот Аеродром, опслужувана од компанијата “Манора“. Возниот ред е направен според пристигнувањата и заминувањата на летовите. Станици низ градот на кои автобусот застанува се: Хотел “Холидеј Ин”, Транспортен Центар, ТЦ Бисер, Меѓународен Аеродром Скопје. Билет во еден правец изнесува 180 денари. Повеќе информации на: http://skpairport.tavitlab.com/en-EN/passenger-guide/to-from-the-airport/page/bus

Меѓународниот аеродром Скопје работи 24/7. Можете да дојдете на Аеродромот во било кое време и да чекате за Вашиот лет. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците, бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free), отворена за време на летовите, нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за регистрација почнува најмалку 120 минути (2 часа) пред предвиденото време на полетување, а во случај на интерконтинентален лет најмалку 180 минути (3 часа) пред времето на полетување назначено на Вашиот авиобилет. Затворањето на аеродромскиот шалтер за регистрација е најдоцна 40 минути пред времето на полетување назначено во Вашиот авиобилет, а во случај на интерконтинентален лет најдоцна 60 минути пред времето на полетување назначено во Вашиот авиобилет.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на аеродромот, во делот за Пристигнувања и Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Доколку изгубите Ваш личен предмет на аеродромот или во авион, пријавете го во Службата Изгубено/Најдено уште додека сте на аеродромот. Доколку сте излегле од аеродромот, испратете е-мејл на: lost.property@tav.aero

Доколку пронајдете загубени предмети, веднаш пријавете ги на службени лица од Службата Изгубено/Најдено,  вработени од Обезбедувањето, или од Шалтерот за пријавување, и напишете мејл на lost.property@tav.aero

ТАВ Македонија во 2015 година воведе бесплатен безжичен интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје, а во 2019 година го надгради истиот. Патниците можат преку нивните мобилни уреди можат да го користата бесплатниот интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: “City of Skopje”, без потреба од впишување на лозинка. Оваа мрежа не е временски ограничена и не е потребно најавување за повторно користење.

Нема потреба за претходна резервација на паркинг-место.

Ценовник за паркинг:

1ч. – 80 МКД

2ч. – 100 МКД

2-4ч. – 150 МКД

4-8ч. – 200 МКД

8-24ч. – 600 МКД

Повеќе информации на: http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=375

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со инвалидитет и паркингот за нив е бесплатен. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за инвалидитет на Шалтерот за паркинг, лоциран внатре во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со инвалидитет автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со инвалидитет се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со ограничена способност за движење. Шалтерот каде што можат да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Во моментов – не, но се работи на воведување. На Меѓународниот Аеродром Скопје е дозволено да се пуши само во отворените тераси на кафулињата сместени во јавната зона на терминалната зграда. Пушењето не е возможно во делот по Пасошката контрола, кај Портите.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на: customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, кој во најкус можен рок ќе Ви одговори на Вашите прашања.