ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИТЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИТЕ

Почитувани патници,

 

Согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија https://www.vlada.mk/node/25667 за изменување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот Sars-Cov-2, случаите и временскиот период на нивна примена (Oбјавена во Службен Весник на РСМ бр. 139 од 23.06.2021 година), се врши измена на Протоколите на ТАВ Македонија за управување со двата аеродроми во време на пандемија.

 

Оваа промена значи дека влезот во јавната зона на терминалнaта зграда на двата аеродроми е неограничен за сите лица: патници, придружба на патници, лица кои ги пречекуваат и испраќаат патниците, вработените на аеродромот и на други даватели на услуги кои имаат потреба од влез во терминалната зграда.

 

Согласно ова, почнувајќи од денеска, 25-ти јуни 2021 година, во 00:01 часот терминалните згради на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид ќе бидат отворени за влез за сите лица.

 

Од почетокот на пандемијата досега, само патниците со авионски билети можеа да влезат во терминалните згради на двата аеродроми, а влезот за нивните најблиски кои ги испраќаат или пречекуваат, не беше дозволен.

 

Потсетување: Ве молиме почитувајте ги превентивните мерки против Ковид-19 кои се применуваат во терминалните згради на двата аеродроми:

 

  • Носете заштитна маска постојано.
  • Одржувајте пропишано физичко растојание.
  • Дезинфицирајте ги рацете често.
  • Практикувајте бесконтактни технологии за завршување на аеродромските процедури.
  • Не влегувајте во терминалната зграда доколку имате симптоми на болест.

 

Ви посакуваме пријатни патувања преку Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид.