- 01.03.2021, ТАВ ОБЈАВУВА: МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ НАГРАДЕН КАКО НАЈДОБАР АЕРОДРОМ ВО ЕВРОПА ВО НЕГОВАТА ГОЛЕМИНА И ЗА НАЈДОБРИ ХИГИЕНСКИ МЕРКИ ВО ЕВРОПА ЗА 2020 ГОДИНА Меѓународниот Aеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, e награден од Меѓународниот Совет на Аеродроми (Airports Council International) со ASQ-наградата за квалитет на аеродромските услуги, во категоријата: Најдобар аеродром во неговата големина и регион (од 2 до 5 милиони патници годишно во Европа) за 2020 година и во категоријата: Најдобри хигиенски мерки по регион (Европа) за 2020 година. Повеќе
- 09.02.2021, МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ ГО ДОБИ ПРИЗНАНИЕТО “ГЛАСОТ НА КЛИЕНТОТ” ОД ACI WORLD Меѓународниот Аеродром Скопје доби ново признание од Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International World) наречено The Voice of Customer или Гласот на клиентот, со кое им се оддава признание на аеродромите што вложиле и покажале значајни напори во собирање повратни информации од патниците преку програмата за Квалитет на аеродромските услуги (ASQ), а со цел подобро да ги разберат нивните клиенти за време на пандемијата. Повеќе
- 26.01.2021, ТАВ Македонија и Жан Митрев Клиник со решение за новите рестрикции за патување: Брзи антиген тестови на Меѓународниот Аеродром Скопје Почнувајќи од неделата, 24-ти јануари, амбулантно возило за тестирање на клиничката болница “Жан Митрев” е распоредeно пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје, во близина на единствениот отворен влез за патници „Departures C“, каде што патниците можат да го извршат потребниот брз антиген тест и да го добијат резултатот за 15 до 20 минути од земањето примерок. Повеќе
- 06.12.2020, Првиот лет од Киев слета на скопскиот аеродром – украинската Виндроуз отвора нова редовна авиолинија Киев – Скопје Од почетокот на пандемијата со КОВИД-19, која силно го погоди македонскиот авиосообраќај, отворањето на новата дестинација до Киев и влезот на новата украинска авиокомпанија Виндроуз, се првите позитивни чекори кон закрепнување, истакнаа од ТАВ Македонија Повеќе
- 05.10.2020, Меѓународниот Аеродром Скопје акредитиран со Здравствен сертификат за аеродроми од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) Меѓународниот Аеродром Скопје се стекна со акредитација од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) во рамки на Програмата за здравствена акредитација на аеродромите, што претставува нов меѓународен репер во однос на спроведени здравствени мерки на аеродромите ширум светот, креирана за да помогне да се увери патувачката јавност дека аеродромските објекти остануваат безбедни и дека се преземаат мерки на претпазливост за да се намали ризикот по нивното здравје... Повеќе
- 02.10.2020, Метин Батак назначен за Генерален директор на ТАВ Македонија ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, го назначи Метин Батак за Генерален директор, ефективно од 1-ви октомври 2020. Алпер Ерсој ќе ја напушти позицијата на генерален директор и ќе биде назначен за генерален директор на ТАВ Грузија, компанија која управува со аеродромите Тбилиси и Батуми. Повеќе
- 24.06.2020, ТАВ МАКЕДОНИЈА: ГИ ОТВОРАМЕ МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ И АЕРОДРОМОТ СВ. АПОСТОЛ ПАВЛЕ ОХРИД ОД ПРВИ ЈУЛИ СО НОВИ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ Патниците ќе треба да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет, да носат заштитна маска постојано, да одржуваат физичко растојание и висок степен на лична хигиена.... Повеќе
- 09.03.2020, ПО ПЕТТИ ПАТ: СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ДОБИТНИК НА ASQ-НАГРАДАТА ЗА КВАЛИТЕТ НА УСЛУГИТЕ ЗА 2019 Ова е 5-ти пат како Меѓународниот Аеродром Скопје е добитник на наградата за најдобри аеродромски услуги (ASQ) од Меѓународниот совет на аеродроми. Претходните 4 награди, добиени за 2012, 2013, 2015 и 2018 година, беа во категоријата на аеродроми под 2 милиона патници годишно, додека оваа ASQ награда е во категоријата од 2 до 5 милиони патници, во која аеродромот Скопје припаѓа според својата големина од 2019 година Повеќе
- 17.12.2019, ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ ДОСТИГНА 300.000 ПАТНИЦИ: Во период од 10 години ТАВ го зголеми патничкиот сообраќај за 8 пати ТАВ Македонија најавува проширување на охридскиот аеродром во 2020 година што ќе резултира со удвојување на капацитетот на терминалната зграда. Ќе може да опслужува до 600.000 патници годишно Повеќе
- 15.10.2019, ТАВ: МАКЕДОНСКИТЕ АЕРОДРОМИ МЕЃУ НАЈБРЗОРАСТЕЧКИТЕ НА СВЕТСКО НИВО Патничкиот сообраќај во август 2019 година порасна 17,8%, поради што ACI Europe ги рангира аеродромите во Скопје и Охрид меѓу најбрзорастечките аеродроми на светско ниво, како и во групата на водечки држави кои не се дел од ЕУ, а имаат највисок постигнат раст Повеќе
- 07.08.2019, ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПАТНИЦИТЕ Би сакале да ве информираме дека бесплатното паркирање во Hug&Fly зоната, односно на улицата пред аеродромската зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје трае 10 минути, токму онака како што пишува на информативните табли за патници и на самите билети. Повеќе
- 09.07.2019, 1,2 МИЛИОНИ ПАТНИЦИ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ОХРИД ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД 2019 ГОДИНА Преку Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид во првите шест месеци од 2019 година патувале 1,2 милиони (1.163.667) патници, што претставува пораст од 12% во споредба со истиот период од 2018 година, соопшти ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор. Повеќе
- 29.05.2019, ТАВ ГО ПРОМОВИРА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ ВО АЛБАНИЈА: РАЗГОВОРИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ АВТОБУСКА ЛИНИЈА ЗА ПАТНИЦИ ОД ЕЛБАСАН ДО ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ ТАВ Македонија, денеска во Елбасан, Албанија, ги претстави можностите за евтини патувања од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид и Меѓународниот Аеродром Скопје за граѓаните на Албанија, на средба со локалните туристички агенции во овој град во централниот дел на Албанија. Повеќе
- 14.03.2019, ACI ГО РАНГИРА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ 3 СО НАЈВИСОК ПОРАСТ ВО ЕВРОПА Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управуван од страна на ТАВ Македонија, е рангиран во најдобрите 3 аеродроми во Европа што постигнале највисок раст во првиот квартал од 2019 година, во групата аеродроми на Меѓународниот Совет на Аеродроми (Airports Council International-ACI) кои што имаат под 5 милиони патници годишно. Повеќе
- 28.11.2018, ТАВ Македонија доби плакета за најдобри општествено одговорни практики за 2018 година ТАВ Македонија доби плакета од Министерството за економија на Република Македонија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата за успешно спроведена општествено одговорна практика во 2018 година, во категоријата – “односи со пазарот”, за проектот „Стимулации за авиокомпании и тур-оператори“, реализиран во временскиот период од јуни 2017 до јуни 2018 година. Повеќе
- 01.11.2018, ТАВ МАКЕДОНИЈА ГО ПРЕЧЕКА ПРВИОТ ЛЕТ АТИНА – СКОПЈЕ НА AEGEAN AIRLINES Со додавањето на оваа дестинација, Меѓународниот Аеродром Скопје сега е поврзан со 37 редовни линии во текот на целата година, оперирани од страна на 13 авиокомпании. Повеќе
- 09.10.2018, 1,8 МИЛИОНИ ПАТНИЦИ НА СКОПСКИОТ И ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ ВО ПРВИТЕ 9 МЕСЕЦИ ОД 2018 ГОДИНА 1,8 милиони патници патувале преку Меѓународниот Аеродром Скопје и охридскиот аеродром Свети Апостол Павле во првите 9 месеци од 2018година, што е годишен пораст од 18%, соопшти ТАВ Македонија, компанијата која управува со македонските аеродроми. Повеќе
- 10.07.2018, НАД 1 МИЛИОН ПАТНИЦИ ПАТУВАЛЕ ПРЕКУ АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ОХРИД ВО ПРВИТЕ 6 МЕСЕЦИ ОД 2018 ГОДИНА Еден милион, 41 илјадa и 583 патници (1.041.583) патуваа преку Меѓународниот Аеродром Скопје и охридскиот аеродром Свети Апостол Павле, во првите шест месеци од 2018 година, што претставува годишен пораст од 21%, во споредба со првата половина од 2017 година. Повеќе
- 04.06.2018, ТАВ ГО ПРЕЧЕКА ПРВИОТ ЛЕТ ОД ВАРШАВА НА АЕРОДРOМОТ ВО ОХРИД Со традиционална церемонија на поздравување вклучувајќи го и поздравувањето со воден мост и шарени колачиња за патниците, ТАВ Македонија го пречека првиот лет од Варшава кој пристигна попладнето во 16:20 часот на oхридскиот аеродром Св.Апостол Павле , во организација на полскиот тур-оператор Rainbow, опериран од страна на авиокомпанијата Enter Air. Повеќе
- 02.06.2018, НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ: ТАВ ГО ПРЕЧЕКА ПРВИОТ ЛЕТ НА НОРДИКА ОД ТАЛИН Четириесет и пет минути по полноќ, на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, воден мост го поздрави првиот лет од Талин. Повеќе
- 01.06.2018, НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: ТАВ ГО ПРЕЧЕКА ПРВИОТ ЛЕТ НА ЛОТ ОД ВАРШАВА Со свечен пречек на патниците кои долетаа од Варшава, ТАВ Македонија попладнево го одбележа пристигнувањето на првиот директен лет од полската престолнина во Скопје, со кој оперира полската авиокомпанија LOT Polish Airlines. Повеќе
- 15.04.2018, НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ: ТАВ ГО ПРЕЧЕКА ПРВИОТ ЛЕТ НА ОНУР ЕР И ТАТИЛБУДУР ОД ИСТАНБУЛ Со воден мост во форма на виножито, локум, разнобојни колачиња и сечење торта, ТАВ Македонија срдечно ги пречека првите 180 патници кои попладнево пристигнаа на охридскиот аеродром Свети Апостол Павле од Истанбул, Повеќе
- 09.02.2018, ТАВ И ЛОТ ПОЛИШ ЕРЛАЈНС НАЈАВУВААТ: НОВА ЛИНИЈА ВАРШАВА – СКОПЈЕ ОД ЈУНИ 2018 ГОДИНА Почнувајќи од 1. јуни, LOT Polish Airlines ќе ја воведе првата директна авиолинија од Варшава до Скопје, објавуваат заедно ТАВ Македонија и ЛОТ Полиш ерлајнс. Повеќе
- 26.01.2018, ЗАБРАНЕТИ ТУТУНСКИ ПРОДУКТИ ПРИ ВЛЕЗ ВО ДРЖАВАТА КАТАР Би сакале да ве информираме дека на листата подолу се наведени тутунски преработки и стимулатори кои што се забранети при влез во Државата Катар - Тутун за џвакање во секој облик и под секое име Повеќе
- 11.01.2018, ВИЗ ЕР ПРЕВЕЗЕ 1,2 МИЛИОНИ ПАТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО 2017 ГОДИНА Авиокомпанијата најавува уште една година на експанзија на аеродромите во Скопје и во Охрид Повеќе
- 10.01.2018, ТАВ И ВИЗ ЕР НАЈАВУВААТ: НОВА НИСКО-ТАРИФНА АВИОЛИНИЈА Виз ер, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа и една од најбрзорастечките авиокомпании, и ТАВ Македонија, компанијата што управува со аеродромите во Скопје и во Охрид, Повеќе
- 26.12.2017, ТАВ: ТУИ ќе почне со летови Ајндховен-Охрид во 2018 година Холандскиот тур-оператор ТУИ Холандија, ќе воведе нови сезонски летови од Ајндховен до Охрид во летната сезона во 2018 гoдина, објавува ТАВ Македонија. ТУИ ќе ги реализира летовите со нивната авиокомпанија – ТУИ флај. Повеќе
- 09.10.2017, ТАВ: 1,6 милиони патници патувале преку македонските аеродроми во првите 9 месеци Вкупно 1,6 милиони патници (1.546.193) патувале преку двата македонски аеродрома – скопскиот аеродром Александар Велики и охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, во првите 9 месеци од 2017 година, Повеќе
- 26.09.2017, ТАВ: ЕСТОНСКАТА НОРДИКА ЌЕ ПОЧНЕ СО ЛЕТОВИ ОХРИД-ТАЛИН ОД 2018 ГОДИНА Естонскиот авиопревозник „Нордика“ ќе почне да лета на авиолинијата Талин – Охрид – Талин, почнувајќи од летната сезона во 2018 година, најави ТАВ Македонија. Повеќе
- 17.08.2017, ТАВ: ОД ОКТОМВРИ ЕУРОВИНГС ЌЕ ЛЕТА НА ЛИНИЈАТА СКОПЈЕ–МИНХЕН Почнувајќи од 31 октомври, ниско-буџетната авиокомпанија Еуровингс (Eurowings), членка на групацијата Луфтханза, ќе отвори нова линија Скопје–Минхен, поврзувајќи го скопскиот аеродром „Александар Велики“ со меѓународниот аеродром во Минхен. Повеќе
- 31.07.2017, ТАВ ДОНЕСЕ НОВИНАРИ ОД ПОЛСКА ДА ЈА ПРОМОВИРААТ МАКЕДОНИЈА КАКО ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА На покана и во органазија на ТАВ Македонија, пет новинари од Полска ја посетија Македонија во текот на јули, за да ги искусат убавините на земјата и да ја промовираат како туристичка дестинација меѓу полските туристи, Повеќе
- 17.07.2017, ТАВ И МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ ГО ПРЕЧЕКАА ПРВИОТ ЛЕТ НА КАТАР ЕРВЕЈС ОД ДОХА ДО СКОПЈЕ СКОПЈЕ, Македонија – Првиот редовен, директен, лет од Доха до Скопје денеска слета на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Повеќе
- 14.07.2017, ТАВ И ВИЗ ЕР ГО ПРОСЛАВИЈА ОТВОРАЊЕТО 3 НОВИ АВИОЛИНИИ И ЧЕТВРТИОТ АВИОН НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ТАВ Македонија, компанијата што управува со скопскиот аеродром Александар Велики и Виз ер, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа и водечка авиокомпанија во Македонија, Повеќе
- 30.06.2017, ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИТЕ Почитувани патници, почнувајќи од 03. Јули 2017, почнуваме со примена на нов режим на сообраќај пред аеродромската зграда, при што ќе биде дозволено возачите да ги оставаат и земаат патниците во бесплатен временски интервал од максимум 10 минути. Повеќе
- 30.06.2017, СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ Нов сообраќаен режим пред терминалната зграда на Скопскиот аеродром Повеќе
- 30.05.2017, ТАВ ДОНЕСЕ 5 БЛОГЕРИ ДА ЈА ПРОМОВИРААТ МАКЕДОНИЈА КАЈ ТУРСКИТЕ ТУРИСТИ ТАВ Македонија беше домаќин на туристичката посета на Македонија од пет влијателни турски блогери чија публика на социјалните мрежи надминува еден милион корисници. Повеќе
- 21.04.2017, Известување за патниците Известување за патниците Скопскиот аеродром воведе шалтери за оставање багаж при веб-пријавување Повеќе
- 05.04.2017, НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: ТАВ го пречека новиот лет на Виз ер од Будимпешта Авиокомпанијата ќе сообраќа на линијата Будимпешта–Скопје–Будимпешта два пати неделно, односно секоја среда и секоја недела Повеќе
- 20.03.2017, Скопскиот аеродром на листата на најдобрите 10 во Источна Европа Ова е трета година по ред како ТАВ Македонија го добива престижното признание на ,,Скајтракс’’ – Светски аеродромски награди, рангирајќи го ,,Александар Велики’’ меѓу десетте најдобри во Источна Европа Повеќе
- 17.03.2017, ТАВ НАЈАВУВА: Еуровингс ќе почне да лета од Скопје до Минхен од октомври Продажбата на авиобилети веќе почна и е отворена на веб-страницата на авиокомпанијата Повеќе
- 28.02.2017, ВИЗ ЕР НАЈАВУВА ГОЛЕМА ЕКСПАНЗИЈА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ „МЕЃУНАРОДЕН АЕРОДРОМ СКОПЈЕ“ Авиокомпанијата и аеродромскиот оператор ТАВ Македонија денеска прославија три милиони патници на Виз ер во Македонија, најавија три нови авиолинии и базирање на четврт воздухоплов во Скопје Повеќе
- 06.02.2017, ТАВ преговара со Еуровингс за летови до Минхен и Дизелдорф ТАВ Македонија преговара со германската нискобуџетна авиокомпанија Еуровингс, која е дел од групацијата Луфтханза, за воведување авиолинии Скопје-Минхен и Скопје-Дизелдорф, информираат од аеродромскиот оператор. Повеќе
- 11.01.2017, На македонските аеродроми менаџирани од ТАВ во 2016 минале 1.8 милиони патници Преку двата македонски аеродрома, „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид во 2016 година патувале 1.8 милиони патници, соопштуваат од „ТАВ Македонија“, сумирајќи ги податоците за авиосообраќајот за изминатата година. Повеќе
- 04.01.2017, ТАВ го назначи Крстевски за член на Бордот, Ерсој е новиот генерален директор ТАВ Аеродроми, од 1 јануари 2017 година, го назначи Зоран Крстевски како член на Бордот на директори на ТАВ Македонија, додека Алп Ер Тунга Ерсоје назначен за нов генерален директор на компанијата која управува со двата македонски аеродроми – скопскиот Александар Велики и охридскиот Свети Апостол Павле. Повеќе
- 02.12.2016, ТАВ промовира нов лет од Охрид до Цирих со Германија флуг АГ Предводени од маркетинг-одделот во Истанбул, „ТАВ Аеродроми“ ги заврши преговорите со швајцарската авиокомпанија „Германија флуг АГ“ за воведување директни редовни летови од Охрид до Цирих. Повеќе
- 28.10.2016, ТАВ и Виз ер најавуваат: Нова линија Скопје – Хановер од 31. октомври Авиопревозникот ќе оперира на оваа линија два пати неделно за време на зимската сезона 2016/2017 година. Секој понеделник и петок воздухопловите ќе заминуваат од Скопје, додека во вторник и сабота ќе пристигнуваат од Хановер Повеќе
- 07.10.2016, ТАВ Македонија: Пораст од 17% на бројот на патници на двата аеродроми во првите девет месеци Дополнително, ТАВ информира дека во текот на месец октомври компанијата ќе биде домаќин на два големи полски тур-оператори при нивната посета на Македонија, со цел да ги убеди да почнат со летови од охридскиот аеродром Повеќе
- 30.06.2016, ДЛАБОКО ЖАЛИМЕ Нападот исто така го имаше за цел и персоналот на аеродромот, како и владини претставници, кои секој ден со најдобри намери и посветено настојуваат да ги завршат своите обврски. Повеќе
- 26.05.2016, „Аустриан ерлајнс“ одбележа 20 години - Со церемонијален воден мост за леталото и чоколадни „Моцарт-кугли“ за патниците, „Аустриан“ и „ТАВ“ ги прославија двете децении од 31 март 1996 година, кога авиопревозникот го реализира првиот лет меѓу главните градови на Австрија и на Македонија - Повеќе
- 20.05.2016, „ЧЕХ ЕРЛАЈНС“ И „ТАВ МАКЕДОНИЈА“ ГО РЕАЛИЗИРАА ПРВИОТ ЛЕТ ОД ОБНОВЕНАТА РЕДОВНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ПРАГА - По пауза од четири години, заедно со „Чех ерлајнс“ се обнови редовната линија меѓу Скопје и главниот чешки град - Повеќе
- 18.05.2016, WIZZ AIR и ТАВ прославија 12 годишнина на авиокомпанијата Со промотивен лет на новиот Airbus A321, Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, денес на скопскиот аеродром заедно со ТАВ Македонија симболично ја прослави 12 годишнината од својот прв лет. Повеќе
- 06.04.2016, СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ НА ЛИСТАТА МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ 10 ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА Втора година по ред, ТАВ Македонија го добива престижното признание на ,,Скајтракс’’ - Светски аеродромски награди, рангирајќи го „Александар Велики“ меѓу десетте најдобри аеродроми во источна Европа Повеќе
- 29.03.2016, ТАВ И ВИЗЕР ГО ОДБЕЛЕЖАА ОТВОРАЊЕТО НА ТРИ НОВИ ЛИНИИ ОД СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Отсега од ,,Александар Велики’’ по два пати неделно ќе се лета до Берлин, Копенхаген и Братислава Повеќе
- 01.03.2016, Скопскиот аеродром ја доби ASQ наградата за најдобар аеродром во Европа Организацијата Airports Council International (ACI) го награди Скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’ со ASQ-наградата за најдобар аеродром во Европа во 2015 година за квалитетот на услугите, во категоријата на аеродроми под два милиони патници Повеќе
- 27.01.2016, ТАВ И ВИЗЕР ОДБЕЛЕЖУВААТ 2 МИЛИОНА ПАТНИЦИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АЕРОДРОМИ ТАВ Македонија, компанијата што управува со двата аеродрома – „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, и Визер, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во централна и источна Европа, Повеќе
- 21.01.2016, ЧЕХ ЕРЛАЈНС (CSA) И ТАВ МАКЕДОНИЈА НАЈАВУВААТ: РЕДОВНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ – ПРАГА ОД МАЈ 2016 Од 20 мај 2016 година, Чех ерлајнс (CSA) ќе ја обнови својата редовна авионска линија Скопје – Прага, со три лета неделно. Повеќе
- 10.12.2015, ЧЕХ ЕРЛАЈНС (CSA) И ТАВ МАКЕДОНИЈА НАЈАВУВААТ: РЕДОВНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ – ПРАГА ОД МАЈ 2016 Од 20 мај 2016 година, Чех ерлајнс (CSA) ќе ја обнови својата редовна авионска линија Скопје – Прага, со три лета неделно. Повеќе
- 15.10.2015, „ТАВ Македонија“ и ,,Македонски Телеком’’ воведоа бесплатен интернет на скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’ Почнувајќи од 15. октомври патниците на скопскиот аеродром ,,Александар Велики,, можат да користат бесплатен безжичен интернет, како заеднички проект меѓу аеродромскиот оператор и ,,Македонски Телеком’’ Повеќе
- 09.10.2015, ,,ТАВ Македонија’’: Двата аеродроми со 20% пораст на бројот на патници во првите девет месеци Скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’ во последно време станува се поинтересен и за граѓаните од Косово, Албанија и Јужна Србија, кои го бираат македонскиот главен град како појдовна точка за нивните патувања во Европа и светот, велат од аеродромскиот оператор Повеќе
- 29.06.2015, НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: „ТАВ Македонија“ ги отвора петте нови линии со „Визер“ Со денешното испраќање на новите летови за Осло и за Фридрихсхафен, компанијата која оперира со македонските аеродроми го прослави отворањето на петте нови рути од ,,Александар Велики’’: Осло, Фридрихсхафен, Барселона, Нинберг и Хамбург Повеќе
- 10.06.2015, Нова директна линија од охридскиот аеродром: ТАВ Македонија го дочекува првиот лет од Лондон Новите летови меѓу охридскиот ,,Свети Апостол Павле’’ и лондонскиот аеродром „Лутон“ ќе почнат вечерва. Авиокомпанијата „Визер“ ќе лета на релацијата Охрид-Лондон два пати неделно во текот на летната сезона Повеќе
- 15.05.2015, „ТАВ Македонија“ воведува автоматизирана паркинг-наплата на скопскиот аеродром Инсталирани се три паркинг-машини, две на самиот паркинг-простор и една внатре во терминалната зграда. Цените на паркинг-услугите остануваат исти како и досега. Повеќе
- 05.05.2015, НА АЕРОДРОМОТ ВО ОХРИД: „ТАВ Македонија“ им посака добредојде на првите холандски туристи Првиот чартер-лет со холандски туристи, од Амстердам во Охрид пристигна утрово. Се очекува до октомври, преку 130 организирани чартер-летови, Охрид да го посетат 20.000 Холанѓани Повеќе
- 20.04.2015, ДХЛ и УНДП помагаат да се подобри подготвеноста за справување со катастрофи на македонските аеродроми ДХЛ и УНДП помагаат да се подобри подготвеноста за справување со катастрофи на македонските аеродроми Повеќе
- 03.04.2015, „ТАВ Македонија“ и „Свис“ го промовираа директниот лет од Скопје до Женева Почнувајќи од 4 април, од скопскиот аеродромот „Александар Велики“, што е под менаџмент на „ТАВ Македонија“, ќе се лета и до Женева, двапати неделно, во вторник и во сабота Повеќе
- 24.03.2015, Нова награда за ТАВ Македонија: Скопскиот аеродром меѓу најдобрите 10 во источна Европа Под менаџментот на компанијата ТАВ Македонија, скопскиот аеродром Александар Велики се најде меѓу најдобрите 10 авиопристаништа во источна Европа на наградите што неодамна беа доделени во Париз Повеќе
- 05.03.2015, „ТАВ“ го промовира охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ на Меѓународниот туристички саем во Берлин Аслихан Чортук, маркетинг-директорка на „ТАВ аеродроми“, вели дека аеродромите како места за влез и излез од државите и градовите, играат важна улога во развојот на туризмот и затоа се трудат да го зголемат бројот на летови, паралелно со туристичкиот потенцијал на овие места Повеќе
- 26.02.2015, Пет години „ТАВ“ во Македонија: 17 нови дестинации и 75 отсто пораст на бројот на патници на аеродромите Генералниот директор Зоран Крстевски вели дека 2015 година ќе биде заокружена со десетина нови рути, а како резултат на тоа и натамошен пораст на вкупниот сообраќај Повеќе
- 22.01.2015, „Виз ер“ и „ТАВ Македонија“ ги најавија новите шест дестинации со специјален лет за децата без родители Нискобуџетниот авиопревозник „Виз ер“ објави дека на „Александар Велики“ ќе постави и трет авион и потврди дека ќе лета до шест нови дестинации од аеродромите под менаџмент на „ТАВ Македонија“ во Скопје и во Охрид Повеќе
- 21.01.2015, Известување: Почитувани патници, Би сакале да ве информираме дека од 1 јануари 2015 година Почитувани патници, Повеќе
- 24.12.2014, ТАВ Македонија: во април ќе се воведе директна линија кон Женева од скопскиот аеродром ТАВ Македонија: во април ќе се воведе директна линија кон Женева од скопскиот аеродром Повеќе
- 18.12.2014, Известување Известување Повеќе
- 29.10.2014, TAV Macedonia welcomes one millionth passenger at Skopje Airport ТАВ Македонија му посака добредојде на милионитиот патник на скопскиот аеродром Повеќе
- 06.05.2014, „Алиталија“ и „ТАВ Македонија“ го поврзаа Скопје со директен лет до вечниот град Рим Во текот на мај „Алиталија“ ќе почне со работа со лесен распоред од 30 повратни месечни летови меѓу Рим и Скопје, додека во јуни ќе биде воведен комплетен дневен режим на полетувања и слетувања Повеќе
- 05.04.2014, „ТАВ Македонија“ и „Виз ер“ во француски стил ги испратија првите патници од Скопје до Париз Од моментот кога беше објавено воведувањето на авиолинијата до денес се направени повеќе од 4.000 резервации, а таа ќе сообраќа двапати неделно, во понеделник и во петок, во едно од новите летала „Ербас“ А320 што ги поседува компанијата Повеќе
- 04.04.2014, Директни летови од „Александар Велики“ до аеродромот Келн-Бон Од 4 април, 2014 година започнаа директни летови помеѓу Скопје и Келн. Повеќе
- 02.04.2014, Директни летови и од Скопје за Брисел Wizz Air од 2 април, 2014 година лета од Скопје и до престолнината на ЕУ, Брисел – до аеродромот Шарлероа. Повеќе
- 01.04.2014, Промовиран првиот лет до Франкфурт Хан со Визер Од 1 април 2014 година, започна директната авионска линија од Скопје за Франкфурт со Визер. Повеќе
- 24.03.2014, „ТАВ“ со 717 милиони евра ја доби концесијата за аеродромот „Милас“ во Бодрум Турската компанија „ТАВ“, под чија закрила се и македонските аеродроми „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, ја поднесе највисоката понуда од 717 милиони евра на тендерот за концесија на аеродромот „Милас“ во Бодрум, коj изминативе 20 години е меѓу најзначајните туристички дестинации во земјата - „ТАВ“ ќе раководи со овој аеродром до крајот на 2035 година Повеќе
- 19.02.2014, ТАВ МАКЕДОНИЈА“ СО УШТЕ ЕДНА ПРЕСТИЖНА НАГРАДА „ТАВ Македонија“ со уште една престижна награда за аеродромот „Александар Велики“ Повеќе
- 16.09.2013, ТАВ Македонија објави зголемување на бројот на патници на скопскиот аеродром Според статистичките податоци на операторот на македонските аеродроми „Александар Велики“ Скопје и „Св. Апостол Павле“ – Охрид, ТАВ Македонија, во месец август бројот на превезени патници преку македонските аеродроми се зголемил за 20.5% во споредба со истиот месец минатата година. Повеќе
- 07.08.2013, Нови летови од скопскиот аеродром "Од април 2014 година, ќе има два воздухоплови во базата на Визер на скопскиот аеродром со којшто оперира ТАВ Македонија. На списoкот на дестинации ќе бидат додадени Брисел, Париз и Франкфурт со што вкупниот број на дестинации со Визер ќе достигне тринаесет. Ќе се зголеми и бројот на летови до постоечките дестинации" Повеќе
- 16.04.2013, Секторот за безбедност при ТАВ Македонија доби плакета за благодарност Царинската управа на Република Македонија ја прослави 21 годишнината од своето постоење и по повод денот на Царината, 14 април, се одржа традиционална свечена церемонија на која беше искажана благодарност на институциите и поединците кои со својата работа дадоа придонес за успешната работа на Царинската управа и поддршка на реформите во царинското работење. Повеќе
- 13.03.2013, НАГРАДА - Скопскиот аеродром, најдобар во Европа за 2012 Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ја доби наградата за најдобар аеродром во Европа во категоријата до 2 милиони патници годишно, доделена од страна на Меѓународниот аеродромски совет (АCI) врз основа на одговорите на патниците во формуларите за испитување на квалитетот на аеродромските услуги за 2012 година Повеќе
- 06.03.2013, Нова дестинација од Скопје: од мај Визер ќе лета до Стокхолм Од 3 мај од скопскиот аеродром „Александар Велики" со кој раководи ТАВ ќе може директно да се лета до Стокхолм за билети со почетна цена од 1.690 денари. Можностите за резервација на летот се веќе отворени. За шведската престолнина ќе се лета секој понеделник и петок. Повеќе
- 30.10.2012, „Флајдубаи“ ги почна летовите за Скопје Операторот од Дубаи „Флајдубаи“ почна со првата директна авионска линија меѓу Обединетите Арапски Емирати и Република Македонија, а првиот лет меѓу Дубаи и Скопје беше промовиран на 22 октомври 2012 година. Повеќе
- 30.10.2012, Wizz Air го прославува отворањето на нивната база на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје Wizz Air, најголемата нискотарифна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, го прослави отворањето на нивната база во Скопје на 28.10.2012 година, со пристигнувањето на нивниот воздухоплов Ербас А320. Повеќе
- 13.06.2011, Европскиот патнички сообраќај во пораст од 27,1% во текот на април 2011 год. Брисел, 9 јуни 2011 год.: Последните податоци за сообраќајот на европските аеродроми во текот на април 2011 година се искривени во споредба со април 2010 година, кога облаците од вулканската пепел од Ејафјалајокул го затворија поголемиот дел од воздушниот простор во Европа за неколку дена. Повеќе
- 31.05.2011, Wizz Air opens new route from Skopje to Venice Treviso Wizz Air, the largest low fare – low cost airline in Central and Eastern Europe has announced that it is launching a new route from Skopje to Venice Treviso. The first flight will take off on the 20th of September 2011 and will, initially, operate twice a week. Повеќе
- 29.03.2011, Бројот на патници во Европа зголемен за 7.5% во Јануари Брисел, 11 Март 2011 год: Вкупниот патнички сообраќај на европските аеродроми се зголеми за 7,5% во јануари 2011 год. во споредба со јануари 2010 год. Повеќе
- 21.03.2011, ТАВ Македонија ТАВ Македонија се смета за достојна да ја добие наградата 'Јавен Проект на годината "во рамките на Real EX Скопје 2011 година. Повеќе
- 03.02.2011, Европскиот патнички сообраќај во пораст од 4,2 % во 2010 год. Брисел, 3-ти Февруари 2011 год.: Европските ареодроми забележаа пораст во патничкиот сообраќај од +4,2 % во 2010 год. споредено со 2009 год. Во истиот период, карго сообраќајот е зголемен за +18,7 %, додека бројот на операции се намали за –0,2 %. Повеќе
Covid19: Патувајте безбедно – ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
- Ги следевме искуствата на другите аеродроми ширум светот и препораките на Министерството за здравство, Светската здравствена организација (WHO), Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската Унија (EASA), Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) и Меѓународната асоцијација за авиосообраќај (IATA), сè со цел да преземеме соодветни мерки навреме.
- Единствен отворен влез за патниците во терминалната зграда ќе биде влезот “C”, при што секој патник ќе треба да помине преку патосница за дезинфекција на чевлите, а потоа и да ги дезинфицира рацете на безконтактните диспанзери за дезинфекција на раце, поставени на самиот влез од зградата.
- Следно,на сите патници на влезот од терминалната зграда, ќе им биде проверена телесната температура, преку термалната камера. По скенирањето со термалната камера, доколку немаат покачена телесна температура, патниците ќе можат да продолжат кон шалтерите за регистрација или саморегистрација.
- Само оние патници кои патуваат ( имаат авиобилет) можат да влезат во терминалната зграда, а не и нивните фамилии и пријатели кои ги испраќаат или ги чекаат да пристигнат.
- На патниците на кои им е потребен придружник (постари лица, лица со намалена подвижност (PRMs), малолетни деца кои патуваат без родител/старател (UMs и др.) ќе им биде дозволено да бидат придружувани од само 1 (едно) лице до шалтерите за чекирање.
- Насекаде низ аеродромот се поставени информативни знаци, како што се транспаренти, налепници и билборди, за да ги потсетиме патниците да одржуваат физичка дистанца, висок степен на лична хигиена и да избегнуваат допирање на површините.
- Седиштата во чекалните на аеродромот, на Заминувања (Departures), Пристигнувања (Arrivals) и кај Излезите (Gates) се посебно обележани, со цел да се овозможи соодветно физичко растојание за патниците.
- За безбедноста на патниците чистењето и дезинфекцијата на сите области на аеродромот се зачестени, додека пак вентилацијата во терминалната зграда е исто така зголемена, со системот за климатизација кој користи F9 нано-хемиски филм-обложени филтри.
- Насекаде низ терминалната зграда се поставени диспанзери со средство за дезинфекција на рацете достапно за патниците.
- Пластичните кадички во кои патниците го ставаат багажот и личните работи, ќе бидат дезинфицирани по секоја употреба, или по нивно користење од секој патник.
- Патниците мора да стават заштитна маска пред да влезат во терминалната зграда на аеродромот и да ја носат се додека не заврши нивното патување на излезот од терминалот на крајната дестинација. На патниците кои нема да носат заштитна маска нема да им биде дозволен влез во терминалната зграда.
- Единствен отворен влез за патниците во терминалната зграда ќе биде влезот “C”.
- Пред да влезат во терминалната зграда, патниците мора да го покажат својот авиобилет (печатен или на нивниот мобилен телефон) на безбедносниот персонал на влезот.
- Секој патник ќе треба да помине преку патосница за дезинфекција на чевлите, а потоа и да ги дезинфицира рацете на безконтактните диспанзери за дезинфекција на раце, поставени на самиот влез од зградата.
- По опишаната дезинфекција, на влезот од терминалната зграда, патниците ќе бидат тестирани за телесна температура, преку термална камера што ја обезбеди ТАВ Македонија, со цел да се спречи влегување на вирусот во зградата на аеродромот. Патниците кои немаат зголемена телесна температура, ќе можат да продолжат до шалтерите за чекирање. Нашиот персонал ќе ја контролира проверката со термалната камера. Доколку е потребно, ќе се прави и дополнителна проверка со бесконтактен термометар.
- Со цел да се избегне создавање непотребен метеж на шалтерите за регистрација, ТАВ Македонија ги охрабрува патниците што повеќе да ја користат опцијата за онлајн регистрација на патници и багаж, најмалку 24 часа пред времето на полетување. Истата е достапна преку веб-страницата на аеродромот на следниот линк: http://skp.airports.com.mk/en-EN/flights/page/web-check-in , каде што преку посебни икони секој патник може да пристапи до делот за онлајн регистрација од веб-страниците на авиокомпаниите.
- Доколку треба да се најавите на нашите шалтери, нашиот пријателски персонал најљубезно ќе ви покаже како да им го презентирате вашиот билет за летање и како индивидуално да го повлечете пасошот на читачот за регистрација, поставен на предниот дел од шалтерите, со цел да се избегне физички контакт колку што е можно повеќе. Истата постапка, за саморегистрација на авиобилетот и пасошот, преку нашите читачи за регистрација, ќе се примени и за процесот за качување во авион на излезите.
- Патниците ќе треба дисциплинирано да ги следат упатствата на агентите за безбедност, и таму, како и при сите процедури каде што се создаваат редици, потребно ќе биде да се држи физичко растојание од најмалку 1.5 метар.
- Во терминалната зграда ќе можат да влезат само лицата кои патуваат, со тоа што ќе мора да го покажат својот авиобилет (печатен или на нивниот мобилен телефон) на безбедносниот персонал на влезот “C”.
- На фамилиите и пријателите кои ги испраќаат патниците или ги чекаат да пристигнат, нема да им биде дозволен влез во терминалната зграда.
- На патниците на кои им е потребен придружник (постари лица, лица со намалена подвижност (PRMs), малолетни деца кои патуваат без родител/старател (UMs и др.) ќе им биде дозволено да бидат придружувани од само 1 (едно) лице до шалтерите за чекирање. Истите правила кои важат за патниците, во однос на личната дезинфекција, носење заштитна маска и мерење на телесната температура, се однесуваат и ќе бидат применети и за нивниот придружник.
- Им препорачуваме на Патниците да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет.
- Поради новите мерки за заштита од COVID-19, некои од аеродромските процедури може да траат подолго време.
- Сите деловни и ВИП простории се чистат и дезинфицираат според пропишаното од страна на јавните здравствени власти ,со зголемена фреквенција врз основа на авиосообраќајот.
- Обезбедена е соодветна заштита за вработените, која вклучува опрема за лична заштита, како ракавици, заштитни маски, очила или штитови за лице.
- Поставени се и информациски знаци и ознаки на подот за да се поттикне физичко растојание, како и повеќе диспанзери со средство за дезинфекција, врз база на алкохол, со соодветна ознака за патниците.
- Сите производи кои се сервираат во салоните ќе бидат изложени спакувани во фолија и сите гости ќе можат да ги добијат производите во индивидуални пакувања.
- Ќе им опција за самопослужување со цел патниците имаат ограничен контакт со персоналот.
- Ќе се врши честа дезинфекција на површините кои се често се во допир со персоналот и патниците,
- Ќе бидат поставени посебни корпи за отпадоци за искористените маски и ракавици.
- Масите и столчињата ќе бидат дезинфицирани по нивно користење од страна на сите гостите.
- Сите вработени во продавниците треба да носат заштитна опрема. Ќе биде вграден и плексиглас сепаратор со цел да се избегне контакт помеѓу касата и гостите.
- На влезот на рестораните ќе бидат поставени апарати за дезинфекција за персоналот и гостите.
- Преку водечки знаци, гостите ќе бидат потсетени на правилата за социјално дистанцирање што треба да ги следат, особено кај редовите кај местата за нарачки и плаќање.
- Во сите ресторани, капацитетот е намален и растојанието помеѓу масите е зголемено. По две столици ќе бидат поставени на сите маси.
- Послужавниците и чиниите ќе бидат отстранети од вообичаените области. Тие ќе им бидат давани на гостите од страна на службениот персонал.
- Ќе се користат пакувани производи за еднократна употреба наместо производите, како што се сол, шеќер, салфетки, итн. Производите за еднократна употреба (сламки, салфетки, итн.) ќе бидат отстранети од заедничката област и ќе да бидат служени на гостите од страна на службениот персонал.
- Кај редовите кај местата за нарачки и плаќање, поставени се налепници на подот на растојание (1,5метар), погодно за социјално растојание.
- Вработените ќе работат со заштитна опрема.
- Опремата која се користи често ќе биде редовно дезинфицирана.
- Физичкото растојание од 1,5метар е минимално во просторот за сите присутни лица и за таа цел околу подот на бесцаринските продавници се поставени водечки знаци.
- Ги советуваме клиентите да користат само безконтактна кредитна или дебитна картичка.
- Ќе бидат означени строги влезни места во продавниците, каде ќе се користат апарати за дезинфекција врз основа на алкохол пред влегување во бесцаринските продавници.
- На патниците кои не носат маска нема да им биде дозволен влез во продавницата.
- Во бесцаринските продавници ќе бидат дозволени не повеќе од 10 клиенти истовремено.
- Патниците треба да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет, затоа што најмалку 1 час пред времето на полетување тие веќе треба да бидат во бординг зоната, односно на Излезите (Gates).
- За време на процесот на качување во авион, патниците ќе треба да го покажат својот пасош, односно патната исправа и нивната карта за качување во авион на агентот за проверка на картите за качување во авион и индивидуално да ја скенираат својата карта за качување во авион на читачот.
- Патниците мора да носат заштитна маска, да го одржуваат пропишаното физичко растојание за затворени простории и да чуваат високо ниво на лична хигиена.
- При нивното пристигнување, патниците ќе го напуштат воздухопловот со помош на паралелна употреба на скали на задна врата и патнички мост на предна врата од воздухопловот, за да се намали гужва.
- По симнувањето на патниците на воздухопловот ќе биде извршена превентивна дезинфекција.
- Ќе се врши скрининг со термална камера при влез од страна на Министерството за здравство пред и по пасошка контрола.
- Поставени се апарати за дезинфекција во делот за пристигнувања (по влегување во земјата, во близина на пасошка контрола и при излегување од царинска контрола).
- Ќе има обележување на местата за чекање на подот во зоната за подигање багаж, со цел да се обезбеди соодветно растојание меѓу патниците кои што чекаат.