КОВИД-19 ПОТСЕТНИК ЗА ПАТНИЦИ

КОВИД-19 ПОТСЕТНИК ЗА ПАТНИЦИ

Драги патници,
Дали знаете што треба да направите пред да пристигнете на Аеродром, во услови на пандемија со КОВИД-19, покрај вообичаените подготовки за патување со авион?
    Проверете ги рестрикциите за патување на земјата која е ваша крајна дестинација. Доколку покрај пасош, ви се потребни и дополнителни документи, како што се: виза, дозвола за престој и слично, во консултација со Амбасадата на земјата на вашето пристигнување, обезбедете ги бараните документи навреме, пред да тргнете на пат. 
    Потребниот Образец за лоцирање патници (Passenger Locator Form) за определени дестинаци кој е издаден од земјата во која патувате пополнете го навреме, со цел да бидете спремни кога ќе пристигнете на нашите шалтери за пријавување патници и багаж. Овие обрасци се достапни онлајн, на веб-страниците на надлежните државни институции на странската земја во која патувате. 
    Проверете каков вид на КОВИД-19 негативен тест и направен пред колку време, бара државата во која патувате и истиот обезбедете го навреме, пред да пристигнете на нашите шалтери за пријавување патници и багаж.
    Доколку одлучите да правите брз антигенски тест на Меѓународниот Аеродром Скопје, во пунктот на Лабораторијата на Клиниката “Жан Митрев”, којшто се наоѓа пред терминалната зграда, ве молиме пристигнете на Аеродром 4 часа пред времето на полетување! Оваа препорака е со цел да избегнете долго чекање ред за тестирање и да успеете да ги завршите сите аеродромски процедури навреме пред да се качите на вашиот лет. 

Напомени: 
•    Шалтерите за пријавување патници и багаж се отвораат најрано 3 часа пред времето на полетување, а се затвораат 60 минути пред времето на полетување. 
•    Рестрикциите за патување од странски земји во услови на пандемија со КОВИД-19 проверете ги со вашата авиокомпанија и Амбасадата на земјата во која патувате. 


Со почит,
ТАВ Македонија