Важно потсетување за патниците

Важно потсетување за патниците


Драги патници,

Градежните работи за рехабилитацијата на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје почнаа утрово, на 28-ми март 2022 година и ќе траат 50 дена, до 16-ти мај 2022 година. 

Во овој временски период, авиосообраќајот ќе се одвива од 17 часот попладне, до 9 часот наутро, секој ден.

Ве молиме пристигнувајте на аеродром 3 до 4 часа пред планираното полетување, за да имате време да ги завршите сите аеродромски процедури.

Шалтерите за регистрација на патници и багаж отвораат 3 часа пред полетување, а затвораат 1 час пред полетување.

Откако ќе се регистрирате и ќе добиете бординг-карта, веднаш упатете се кон Царинска и Пасошка контрола, како и кон Пунктот за безбедносна проверка, за да имате доволно време за сите проверки, и потоа релаксирано да чекате додека дојде време за качување во авион. 

Ви посакуваме пријатни патувања.