ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИТЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИТЕ

Драги патници,

(Оваа објава е коригирана, со најновата објава од 14.6.2021)

Сакаме да споделиме убава вест со вас 
Согласно најновата одлука на властите на Германија, Република С.Македонија повеќе не е на листата на земји со ризик од Ковид-19, што значи дека македонските државјани почнувајќи од 13-ти јуни, 00:00 часот (од полноќ вечерва), можат да патуваат во Германија од туристички причини, со прикажување на негативен Ковид-19 тест или доказ за вакцинација. 
Линк до информацијата објавена од германските институции: https://www.rki.de/DE/Content/InfAZ/N/Neuartiges_Coronavirus
Во врска со видовите на Ковид-19 тестови кои ги признава Германија, би сакале да ве потсетиме дека како услов за качување во авион државата бара или негативен PCR-тест не постар од 72 часа пред пристигнување, или негативен рапид-антигенски тест не постар од 48 часа пред пристигнување. Резултатите од тестот треба да бидат на еден од следните јазици: англиски, француски, германски, италијански или шпански. Барањето за тест не се однесува на деца до 6 години. 
Или, доколку патникот е вакциниран со една од вакцините кои ги признава Германија (Astra Zeneca, Janssen, Moderna, Pfizer BionNTech), најмалку 14 дена по примање на втората доза, нема потреба да прави еден од наведените Ковид-19 тестови. 
Исто така, со тргањето на Р.С.Македонија од листата на ризични земји од страна на Германија, повеќе не е потребно патниците да имаат пополнето електронски Образец за лоцирање патници (Passenger Locator Form) пред качување во авион, како што беше досега. 
Како потсетување, патувањето со авион во Германија за македонските граѓани, од почетокот на пандемијата со Ковид-19 досега беше возможно само поради есенцијални причини за патување, дефинирани од германските власти, при што патниците задолжително прикажуваа соодветни документи/докази за нивното есенцијално патување.  

Ви посакуваме пријатни патувања