1,2 МИЛИОНИ ПАТНИЦИ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ОХРИД ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД 2019 ГОДИНА

1,2 МИЛИОНИ ПАТНИЦИ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ОХРИД ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД 2019 ГОДИНА

Преку Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид во првите шест месеци од 2019 година патувале 1,2 милиони (1.163.667) патници, што претставува пораст од 12% во споредба со истиот период од 2018 година, соопшти ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор.

Во исто време, вкупниот број летови на двата македонски аеродроми изнесува 9.792, со годишен пораст од 8%.

- Со задоволство објавуваме дека двоцифрените стапки на пораст на бројот на патници на македонските аеродроми продолжуваат и во првата половина од 2019 година, кои што се повисоки од просекот на ЕУ од 5,9%. Очекуваме порастот на бројот на патници да го задржи истото темпо и да биде уште поголем во третиот и четвртиот квартал од годината, поради отворањето на четирите нови дестинации од скопскиот аеродром: Баден-Баден и Бремен, отворени во март, Ларнака и Турку кои ќе бидат отворени на крајот на јули; и шесте нови дестинации од охридскиот аеродром: Малме и Милан, отворени во март, Дизелдорф и Штутгарт отворени минатата недела, како и Меминген и Дортмунд, кои ќе бидат отворени на крајот на јули. Македонските аеродроми го доживуваат својот процут, станаа меѓу најбрзорастечките аеродроми на Балканот и во Европа, и навистина ни е мило што се препознаени од граѓаните на соседните земји, кои редовно ги користат за нивните патувања. Ќе продолжиме да работиме на развојот на македонските аеродроми, со цел да ги трансформираме во главни регионални центри за воздушен сообраќај, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Меѓународниот Аеродром Скопје во моментов опслужува 42 дестинации, од кои 33 се ниско-буџетни, управувани од 13 авиокомпании, додека Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид опслужува 20 дестинации, од кои 8 се редовни рути во текот на целата година но и ниско-буџетни во исто време, од 13 авиокомпании.

Детални информации за летниот распоред на летање од аеродромот во Скопје се достапни на веб-страницата на аеродромот на следниов линк: https://urlzs.com/htrn4, додека детални информации за распоредот на летови од Охридскиот аеродром има на веб-страницата на овој аеродром, на следниот линк: https://bit.ly/2LGOsB9

Според уделот во патничкиот сообраќај, од јануари до јуни 2019 година, Истанбул (и двата аеродроми - Истанбул и Сабиха Гокчен) е најфрекфентната  дестинација на Меѓународниот Аеродром Скопје со 10,1% пазарен удел, по што следуваат Цирих (6,9%), Базел (5,4%), Виена (5,4%), Малме (4,3%), Братислава (3,4%).

Во однос на уделите на авиокомпаниите во вкупниот патнички сообраќај, Виз ер превезе најголем број патници во првите 6 месеци и има 65,1% удел на пазарот, по што следуваат Туркиш ерлајнс (7%), Аустријан ерлајнс (5,3%), Германија флуг (4,2%), Пегасус ерлајнс (3,4%), Кроација ерлајнс (2,9%).

Карго-сообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје, исто така има голем годишен пораст од 31,7%, достигнувајќи вкупно 1.960.388 килограми, во периодот јануари-јуни 2019 година.

Ако се гледа статистиката за воздушниот сообраќај на двата аеродроми одделно, Меѓународниот Аеродром Скопје во првата половина од годинава има 1.059.223 патници и зголемување од 8,5%, додека Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид има 104.444 патници и 62.9% годишен пораст.

Дополнително на развојот на мрежата на авиолинии и двата македонски аеродроми добија значајни признанија од најреномираната авијациска организација во глобални рамки– Меѓународниот Совет на Аеродроми (Airports Council International-ACI).
Меѓународниот Аеродром Скопје во март оваа година ја освои наградата за квалитет на аеродромските услуги (ASQ), како најдобар аеродром во Европа во категоријата аеродроми со помалку од 2 милиони патници годишно за 2018 година, што е четврти пат како ја добива истата награда, по ASQ-наградите добиени за 2012, 2013 и 2015 година, од ACI.
Истовремено, Меѓународниот Совет на Аеродроми (ACI) го рангираше охридскиот аеродром како еден од првите три аеродроми во Европа, според стапката на пораст на бројот на патници во првиот квартал од 2019 година, која изнесуваше 63,9%.

Covid19: Патувајте безбедно – ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

- Ги следевме искуствата на другите аеродроми ширум светот и препораките на Министерството за здравство, Светската здравствена организација (WHO), Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската Унија (EASA), Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) и Меѓународната асоцијација за авиосообраќај (IATA), сè со цел да преземеме соодветни мерки навреме.

- Единствен отворен влез за патниците во терминалната зграда ќе биде влезот “C”, при што секој патник ќе треба да помине преку патосница за дезинфекција на чевлите, а потоа и да ги дезинфицира рацете на безконтактните диспанзери за дезинфекција на раце, поставени на самиот влез од зградата.

- Следно,на сите патници на влезот од терминалната зграда, ќе им биде проверена телесната температура, преку термалната камера. По скенирањето со термалната камера, доколку немаат покачена телесна температура, патниците ќе можат да продолжат кон шалтерите за регистрација или саморегистрација.

- Само оние патници кои патуваат ( имаат авиобилет) можат да влезат во терминалната зграда, а не и нивните фамилии и пријатели кои ги испраќаат или ги чекаат да пристигнат.

- На патниците на кои им е потребен придружник (постари лица, лица со намалена подвижност (PRMs), малолетни деца кои патуваат без родител/старател (UMs и др.) ќе им биде дозволено да бидат придружувани од само 1 (едно) лице до шалтерите за чекирање.

- Насекаде низ аеродромот се поставени информативни знаци, како што се транспаренти, налепници и билборди, за да ги потсетиме патниците да одржуваат физичка дистанца, висок степен на лична хигиена и да избегнуваат допирање на површините.

- Седиштата во чекалните на аеродромот, на Заминувања (Departures), Пристигнувања (Arrivals) и кај Излезите (Gates) се посебно обележани, со цел да се овозможи соодветно физичко растојание за патниците.

- За безбедноста на патниците чистењето и дезинфекцијата на сите области на аеродромот се зачестени, додека пак вентилацијата во терминалната зграда е исто така зголемена, со системот за климатизација кој користи F9 нано-хемиски филм-обложени филтри.

- Насекаде низ терминалната зграда се поставени диспанзери со средство за дезинфекција на рацете достапно за патниците.

- Пластичните кадички во кои патниците го ставаат багажот и личните работи, ќе бидат дезинфицирани по секоја употреба, или по нивно користење од секој патник.

- Патниците мора да стават заштитна маска пред да влезат во терминалната зграда на аеродромот и да ја носат се додека не заврши нивното патување на излезот од терминалот на крајната дестинација. На патниците кои нема да носат заштитна маска нема да им биде дозволен влез во терминалната зграда.

- Единствен отворен влез за патниците во терминалната зграда ќе биде влезот “C”.

- Пред да влезат во терминалната зграда, патниците мора да го покажат својот авиобилет (печатен или на нивниот мобилен телефон) на безбедносниот персонал на влезот.

- Секој патник ќе треба да помине преку патосница за дезинфекција на чевлите, а потоа и да ги дезинфицира рацете на безконтактните диспанзери за дезинфекција на раце, поставени на самиот влез од зградата.

- По опишаната дезинфекција, на влезот од терминалната зграда, патниците ќе бидат тестирани за телесна температура, преку термална камера што ја обезбеди ТАВ Македонија, со цел да се спречи влегување на вирусот во зградата на аеродромот. Патниците кои немаат зголемена телесна температура, ќе можат да продолжат до шалтерите за чекирање. Нашиот персонал ќе ја контролира проверката со термалната камера. Доколку е потребно, ќе се прави и дополнителна проверка со бесконтактен термометар.

- Со цел да се избегне создавање непотребен метеж на шалтерите за регистрација, ТАВ Македонија ги охрабрува патниците што повеќе да ја користат опцијата за онлајн регистрација на патници и багаж, најмалку 24 часа пред времето на полетување. Истата е достапна преку веб-страницата на аеродромот на следниот линк: http://skp.airports.com.mk/en-EN/flights/page/web-check-in , каде што преку посебни икони секој патник може да пристапи до делот за онлајн регистрација од веб-страниците на авиокомпаниите.

- Доколку треба да се најавите на нашите шалтери, нашиот пријателски персонал најљубезно ќе ви покаже како да им го презентирате вашиот билет за летање и како индивидуално да го повлечете пасошот на читачот за регистрација, поставен на предниот дел од шалтерите, со цел да се избегне физички контакт колку што е можно повеќе. Истата постапка, за саморегистрација на авиобилетот и пасошот, преку нашите читачи за регистрација, ќе се примени и за процесот за качување во авион на излезите.

- Патниците ќе треба дисциплинирано да ги следат упатствата на агентите за безбедност, и таму, како и при сите процедури каде што се создаваат редици, потребно ќе биде да се држи физичко растојание од најмалку 1.5 метар.

- Во терминалната зграда ќе можат да влезат само лицата кои патуваат, со тоа што ќе мора да го покажат својот авиобилет (печатен или на нивниот мобилен телефон) на безбедносниот персонал на влезот “C”.

- На фамилиите и пријателите кои ги испраќаат патниците или ги чекаат да пристигнат, нема да им биде дозволен влез во терминалната зграда.

- На патниците на кои им е потребен придружник (постари лица, лица со намалена подвижност (PRMs), малолетни деца кои патуваат без родител/старател (UMs и др.) ќе им биде дозволено да бидат придружувани од само 1 (едно) лице до шалтерите за чекирање. Истите правила кои важат за патниците, во однос на личната дезинфекција, носење заштитна маска и мерење на телесната температура, се однесуваат и ќе бидат применети и за нивниот придружник.

- Им препорачуваме на Патниците да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет.

- Поради новите мерки за заштита од COVID-19, некои од аеродромските процедури може да траат подолго време.

- Сите деловни и ВИП простории се чистат и дезинфицираат според пропишаното од страна на јавните здравствени власти ,со зголемена фреквенција врз основа на авиосообраќајот.

- Обезбедена е соодветна заштита за вработените, која вклучува опрема за лична заштита, како ракавици, заштитни маски, очила или штитови за лице.

- Поставени се и информациски знаци и ознаки на подот за да се поттикне физичко растојание, како и повеќе диспанзери со средство за дезинфекција, врз база на алкохол, со соодветна ознака за патниците.

- Сите производи кои се сервираат во салоните ќе бидат изложени спакувани во фолија и сите гости ќе можат да ги добијат производите во индивидуални пакувања.

- Ќе им опција за самопослужување со цел патниците имаат ограничен контакт со персоналот.

- Ќе се врши честа дезинфекција на површините кои се често се во допир со персоналот и патниците,

- Ќе бидат поставени посебни корпи за отпадоци за искористените маски и ракавици.

- Масите и столчињата ќе бидат дезинфицирани по нивно користење од страна на сите гостите.

- Сите вработени во продавниците треба да носат заштитна опрема. Ќе биде вграден и плексиглас сепаратор со цел да се избегне контакт помеѓу касата и гостите.

- На влезот на рестораните ќе бидат поставени апарати за дезинфекција за персоналот и гостите.

- Преку водечки знаци, гостите ќе бидат потсетени на правилата за социјално дистанцирање што треба да ги следат, особено кај редовите кај местата за нарачки и плаќање.

- Во сите ресторани, капацитетот е намален и растојанието помеѓу масите е зголемено. По две столици ќе бидат поставени на сите маси.

- Послужавниците и чиниите ќе бидат отстранети од вообичаените области. Тие ќе им бидат давани на гостите од страна на службениот персонал.

- Ќе се користат пакувани производи за еднократна употреба наместо производите, како што се сол, шеќер, салфетки, итн. Производите за еднократна употреба (сламки, салфетки, итн.) ќе бидат отстранети од заедничката област и ќе да бидат служени на гостите од страна на службениот персонал.

- Кај редовите кај местата за нарачки и плаќање, поставени се налепници на подот на растојание (1,5метар), погодно за социјално растојание.

- Вработените ќе работат со заштитна опрема.

- Опремата која се користи често ќе биде редовно дезинфицирана.

- Физичкото растојание од 1,5метар е минимално во просторот за сите присутни лица и за таа цел околу подот на бесцаринските продавници се поставени водечки знаци.

- Ги советуваме клиентите да користат само безконтактна кредитна или дебитна картичка.

- Ќе бидат означени строги влезни места во продавниците, каде ќе се користат апарати за дезинфекција врз основа на алкохол пред влегување во бесцаринските продавници.

- На патниците кои не носат маска нема да им биде дозволен влез во продавницата.

- Во бесцаринските продавници ќе бидат дозволени не повеќе од 10 клиенти истовремено.

- Патниците треба да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет, затоа што најмалку 1 час пред времето на полетување тие веќе треба да бидат во бординг зоната, односно на Излезите (Gates).

- За време на процесот на качување во авион, патниците ќе треба да го покажат својот пасош, односно патната исправа и нивната карта за качување во авион на агентот за проверка на картите за качување во авион и индивидуално да ја скенираат својата карта за качување во авион на читачот.

- Патниците мора да носат заштитна маска, да го одржуваат пропишаното физичко растојание за затворени простории и да чуваат високо ниво на лична хигиена.

- При нивното пристигнување, патниците ќе го напуштат воздухопловот со помош на паралелна употреба на скали на задна врата и патнички мост на предна врата од воздухопловот, за да се намали гужва.

- По симнувањето на патниците на воздухопловот ќе биде извршена превентивна дезинфекција.

- Ќе се врши скрининг со термална камера при влез од страна на Министерството за здравство пред и по пасошка контрола.

- Поставени се апарати за дезинфекција во делот за пристигнувања (по влегување во земјата, во близина на пасошка контрола и при излегување од царинска контрола).

- Ќе има обележување на местата за чекање на подот во зоната за подигање багаж, со цел да се обезбеди соодветно растојание меѓу патниците кои што чекаат.