Водич - пристигнување на Меѓународниот Аеродром Скопје

Водич - пристигнување на Меѓународниот Аеродром Скопје

Добро дојдовте на Меѓународниот Аеродром Скопје! Без оглед дали доаѓате за работа или за одмор, ние сме тука за да се осигураме дека вашето пристигнување е колку што е можно полесно и без стрес. Ве молиме, прочитајте го корисното упатство подолу кое ќе ве води при вашето пристигнување. 
По слетуваето
Откако вашиот авион ќе слета, следете ги знаците за Пристигнувања и упатете се кон пасошка контрола.
Пасошка контрола
Поминете низ пасошка контрола каде што од вас ќе биде побарано да го покажете вашиот пасош и сите важечки документи за патување.

Подигање багаж
По поминување на границата преку Пасошка контрола, упатете се накај зоната за Подигање багаж.

Бесплатни колички за багаж се достапни за патниците.  
Доколку, од која било причина, вашиот багаж не пристигне, ве молиме пријавете на Шалтерот за изгубен багаж.

Царинска контрола
Царинската служба е компетентна и одговорна за вршење царинска контрола и сите останати царински процедури.

Банки, менувачници и банкомати
Банкарските и менувачките услуги се достапни во аеродромската терминална зграда, а банкометите се наоѓаат во близина на вратата B за влез/излез од аеродромот. 

До и од аеродромот
Такси услуги и Автобуски превоз на патници : Такси возилата се паркипрани пред терминалот. Исто така има автобуси за патници кои го поврзуваат Меѓународниот Аеродромо Скопје со центарот на град Скопје и други локации.

Изнајмување на возила: Можете да одберете од многубројните рент-а-кар агенции кои даваат услуги на Меѓународниот Аеродром Скопје. 

Паркинг: Ако ве земаад од аеродром или сте го паркирале вашето возило,  аеродромот нуди можност за кратко застанување и за подолг престој на возилото. Во транзитната зона, или Hug & Fly пред терминалната зграда на аеродромот, кратко застанување до 10 минути е бесплатно, додека за важечкиот ценовник кликнете овде.
Главниот паркинг се наоѓа веднаш спроти терминалната зграда или наспроти зоната на транзит и тревникот. За важечкиот ценовник кликнете овде.

Контакт информации за Меѓународен Аеродром Скопје
Контакт информации за авиокомпании 
Контакт информации за конзулати 

За општи прашања или помош, јавете се или обратете се на шалтерот за информации кој се наоѓа во терминалната зона на аеродромот.