ACI ГО РАНГИРА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ 3 СО НАЈВИСОК ПОРАСТ ВО ЕВРОПА

ACI ГО РАНГИРА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ 3 СО НАЈВИСОК ПОРАСТ ВО ЕВРОПА

Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управуван од страна на ТАВ Македонија, е рангиран во најдобрите 3 аеродроми во Европа што постигнале највисок раст во првиот квартал од 2019 година, во групата аеродроми на Меѓународниот Совет на Аеродроми (Airports Council International-ACI) кои што имаат под 5 милиони патници годишно.     

Според Меѓународниот Совет на Аеродроми (Airports Council International-ACI), охридскиот аеродром бележи 63.9 проценти пораст на патничкиот сообраќај во првиот квартал од 2019 година, а 96,9% пораст на патничкиот сообраќај во март 2019, споредено со март 2018 година. Во категоријата на аеродроми со помалку од 5 милиони патници годишно според ACI, само италијанскиот аеродром во Таранто (+152.2%) и грузискиот аеродром во Кутаиси (+101%) имаат поголем пораст во првото тримесечје од 2019 година од вториот аеродром во Северна Македонија.

Ова признание од страна на ACI Europe е потврда за нашите силни напори да воспоставиме постојан пораст во авиосообраќајот на двата аеродрома управувани од страна на ТАВ Македонија.  На Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид забележавме неверојатен пораст во бројот на патници, односно 64%, поради трите нови авиолинии отворени во последните 6 месеци – Виена во ноември 2018г., Малме и Милано - во март 2019 година. Со дополнителните четири нови дестинации што ќе бидат воведени од ова лето – Меминген, Дортмунд, Штутгард и Дизелдорф, очекуваме да одржиме висока стапка на пораст на охридскиот аеродром, притоа достигнувајќи нови рекорди, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.  

Порастот на аеродромот во Охрид од над 60% во првиот квартал од годинава, е значително повисок во однос на просечниот пораст на патничкиот сообраќај на европските аеродроми од 4.4% измерен од Меѓународниот Совет на Аеродроми (ACI). Со стапка на пораст од 5,6% во првото тримесечје од 2019 година, и Меѓународниот Аеродром Скопје, исто така бележи повисок просек од оној низ Европа.

Од неодамна, швајцарската водечка авиокомпанија Edelweiss воспостави нова директна авиолинија од Охрид до Цирих. Оттука, Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид има 5 редовни авиолинии, Виена, Базел, Цирих, Малме и Милано, и 8 сезонски дестинации до: Амстердам, Брисел, Тел Авив, Варшава, Катовице, Истанбул, Ајндховен и Талин, а на истите сообраќаат 11 авиокомпании.

Првиот четири месеци од 2019 година ги завршивме со речиси седумстотини илјади патници на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, односно со 10% пораст на годишно ниво.  Скопскиот аеродром ја оствари очекуваната стапка на пораст во бројот на патници од 7% за периодот јануари-април, што очекуваме да бидеме повисока во вториот и третиот квартал од годината, поради отворањето на четирите нови дестинации, Баден-Баден и Бремен, што почнаа да сообраќаат во март, како и Ларнака и Турку, што ќе бидат воведени во јули 2019 година. ТАВ Македонија, заедно со сите владини тела од областа на воздухопловството, ќе продолжи да работат на развојот на мрежата на авиолинии на двата аеродрома. Во исто време, задоволството на патниците ќе остане да биде еден од нашите врвни приоритети, со фокус на подобрување и иновација на услугите за авиокомпаниите и патниците, додаде Ерсој.

Во првите четири месеци од 2019 година, вкупно 694.227 патници патувале преку двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, што е пораст од 10% споредено со истиот период во 2018 година.

Меѓународниот Аеродром Скопје ги поврзува патниците со вкупно 42 редовни дестинации, на кои сообраќаат 13 авиокомпании. На Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, во моментов сообраќаат 11 авиокомпании на 5 редовни и 8 сезонски дестинации.

ТАВ Македонија ја заврши 2018 година со вкупно 2,3 милиони патници на двата аеродрома, што претставува 16% годишен пораст, и со 19.750 летови, односно 9% годишен пораст.

Корисни информации

Продавници и ресторани
Продавници и ресторани

На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...

Паркинг
Паркинг

Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....

Информации за летови
Информации за летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 180 минути (3 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 60 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
Од почетокот на пандемијата со ковид-19, поради барањата за различни патни документи наметнати од различни земји, ТАВ Македонија апелира патниците да пристигнуваат на аеродром 3 часа пред полетување.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero   
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150 
3ч – МКД 200 
4ч – МКД 300 
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400     
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.