НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: „ТАВ Македонија“ ги отвора петте нови линии со „Визер“

НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: „ТАВ Македонија“ ги отвора петте нови линии со „Визер“

Со денешното испраќање на новите летови за Осло и за Фридрихсхафен, компанијата која оперира со македонските аеродроми го прослави отворањето на петте нови рути од ,,Александар Велики’’: Осло, Фридрихсхафен, Барселона, Нинберг и Хамбург  

Со првиот лет до норвешката престолнина Осло, рано утрово во 6.часот, како и со првиот лет до јужногерманското гратче Фридрихсхафен попладнево во 13 часот и 30 минути, ТАВ Македонија ја почна неделата во која ги отвора петте нови линии со нискобуџетната авиокомпанија ,,Визер”.

-Со почетокот на летото ,,ТАВ Македонија’’ им приредува уште едно пријатно изненадување на патниците на аеродромот Александар Велики. Петте нови дестинации со авиокомпанијата ,,Визер’’ до Осло, Фридрихсхафен, Барселона, Хамбург и Нинберг, се одлична прилика за сите оние кои сè уште не се одлучиле каде да го поминат одморот. Се разбира очекуваме и доаѓање на туристи и бизнисмени на овие линии, како и полесно и почесто доаѓање во татковината на нашите сограѓани што живеат во овие и околните земји. ,,ТАВ Македонија’’ е целосно посветен на пружање добар сервис на нашите патници, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.

Тој додаде дека со отворањето на овие нови авиолинии се очекува натамошен пораст на сообраќајот и бројот на патници на ,,Александар Велики’’.

Авионот за Фридрихсхафен од Скопје полета со 108, а доцна попладнево оттаму во Македонија ќе донесе 169 патници.  

Утре попладне (30 јуни) во 18 часот и 25 минути од ,,Александар Велики’’ ќе замине и првиот авион за новата дестинација Барселона, со што Скопје и Македонија за прв пат воздушно ќе се поврзат со Шпанија.

Во среда пак, на 1. јули, скопскиот аеродром ќе ги отвори и новите линии до Хамбург, во 6 часот и 15 минути утрото, како и до Нинберг, во 13 часот и 15 минути попладнето.

-Воодушевени сме што имаме пет нови линии кои почнуваат оваа недела, со што вкупниот број на авиолинии на ,,Визер’’ од Скопје се зголеми на 19. Доаѓањето на нашиот петти воздухоплов во базата во Скопје претставува инвестиција во вредност од 80 милиони долари во Македонија. Со цени кои почнуваат од 599 денари, се надеваме дека ќе превезуваме многу патници со нашиот нов ,,Ербас 320’’, изјави Даниел де Карваљо, портпарол на Визер.

Петте нови линии до европските градови ќе ги има два пати неделно. За Фридрихсхафен и Осло во понеделник и петок, за Барселона во вторник и сабота, додека за Хамбург и Нинберг во среда и недела.

Лани скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’ доживеа значајна пресвртница – достигна 1 милион патници на годишно ниво, само во првите 10 месеци.  

Минатата 2014 година ,,ТАВ Македонија’’ опслужи речиси 1,3 милиони патници и притоа забележа пораст од 20 проценти на годишно ниво, на двата аеродроми – скопскиот ,,Александар Велики’’ и охридскиот ,,Св. Апостол Павле’’.  

Летен распоред на летање 2015 – Петте нови дестинации од скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’

Дестинација Ден во неделата Заминување од скопскиот аеродром
Осло Понеделник и Петок 06:00 часот
Фридрихсхафен Понеделник и Петок 13:30 часот
Барселона Вторник и Сабота 18:25 часот
Хамбург Среда и Недела 06:15 часот
Нинберг Среда и Недела 13:15 часот

Корисни информации

Продавници и ресторани
Продавници и ресторани

На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...

Паркинг
Паркинг

Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....

Информации за летови
Информации за летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 180 минути (3 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 60 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
Од почетокот на пандемијата со ковид-19, поради барањата за различни патни документи наметнати од различни земји, ТАВ Македонија апелира патниците да пристигнуваат на аеродром 3 часа пред полетување.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero   
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150 
3ч – МКД 200 
4ч – МКД 300 
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400     
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.