НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: ТАВ го пречека новиот лет на Виз ер од Будимпешта

НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: ТАВ го пречека новиот лет на Виз ер од Будимпешта

Авиокомпанијата ќе сообраќа на линијата Будимпешта–Скопје–Будимпешта два пати неделно, односно секоја среда и секоја недела 

Со традиционален воден мост и сечење торта симболизирајќи го почетокот на  новата воздушна линија, аеродромскиот оператор ТАВ Македонија на скопскиот аеродром „Александар Велики“ денеска го пречека авионот од Будимпешта на Виз ер, одбележувајќи го отворањето на новата рута меѓу двата главни града - на Македонија и на Унгарија.  

Новата ниско-тарифна линија со погоден распоред на летање, чија фреквенција е два лета неделно, ќе донесе пристапни можности за патување при што македонските патници ќе можат да го откријат величествениот главен град на Унгарија, како и 61 друга дестинација низ Европа, достапни на ниско-тарифната мрежа на Виз ер од Будимпешта. Патниците што го планираат нивниот одмор или викенд во Будимпешта и подалеку, можат да ги резервираат своите билети на wizzair.com со цени кои почнуваат од 899 денари.

-Воведувањето на оваа линија меѓу Скопје и Будимпешта од страна на Виз ер денес е важен чекор напред за македонското воздухопловство, бидејќи со ова се исполнува побарувачката на пазарот што остана отворена во изминативе 5 години, односно од февруари 2012 година. Со овој потег на Виз ер, да ја воведе бараната линија Скопје–Будимпешта, ние сме сигурни дека патувањата ќе бидат многу полесни и дека нашите патници ќе бидат задоволни.  Дополнително, очекуваме оваа линија да придонесе за пораст на туризмот, како и за бизнис-размената меѓу двете земји, Македонија и Унгарија, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија     

Авиокомпанијата ќе сообраќа на линијата Будимпешта–Скопје–Будимпешта два пати неделно, односно секоја среда и недела, со пристигнување на скопскиот аеродром од Будимпешта во 12:25 часот и заминување од Скопје за Будимпешта во 13:00 часот.

-Денес ја имаме честа да прославиме уште една важен настан во Скопје, воведувањето на единствената директна конекција меѓу Македонија и Унгарија. Истакнувајќи ја нашата посветеност кон клиентите од Скопје, новата услуга што почнува денес до Будимпешта ќе донесе уште повеќе можности за патување по најниска цена, вклучувајќи откривање на прекрасната Будимпешта, заедно со 61 друга дестинација низ Европа што се достапни преку мрежата на Виз ер со најниски цени за авионски билети од Будимпешта. Освен тоа, директната услуга ќе го стимулира дојдовниот туризам во динамичниот главен град Скопје и ќе ги зајакне деловните врски меѓу двете држави. Се радуваме на натамошната соработка со скопскиот аеродром и на воведувањето подостапни можности за патување за македонските патници. Нашиот љубезен и посветен тим со нетрпение очекува да ги пречека патниците на некоја од 27-те дестинации достапни од Скопје, за тие да ги искористат најниските можни цени,  да го искусат лесниот систем за резервирање билети и да го доживеат одличното искуство за време на летот, изјави Сорина Рац, Менаџер за корпоративни комуникации во Виз ер.

Покрај генералниот директор на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој и претставниците на Виз ер, на церемонијата за дочек на летот од Будимпешта на скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’присуствуваше и Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, како и Амбасадорот на Унгарија во Македонија Дукс Ласло Иштван. 

Во 2016 година Виз ер како водечката авиокомпанија во Македонија превезе преку еден милион патници на ниско-тарифните линии од Македонија, што претставува пораст од 27% на годишно ниво. Прикажувајќи ја својата посветеност кон македонскиот пазар, авиокомпанијата поддржува повеќе од 750 локални работни места во сродни индустрии и постојано инвестира во својата растечка мрежа, нудејќи 29 линии до 13 земји од двата македонски аеродрома во Скопје и во Охрид, вклучувајќи ја и линијата од Скопје до Будимпешта што почна на 2. април.  

ТАВ Македонија ги заврши првите два месеца од 2017 година со 9% пораст на бројот на патници, достигнувајќи 238.180 патници на двата македонски аеродрома – „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Изминатата 2016 година се заврши со 1,8 милиони патници на двата аеродрома, односно 15% зголемување на бројот на патници на годишно ниво, додека бројот на летови беше 16.883, односно бележеше пораст од 8,9%.

Корисни информации

Продавници и ресторани
Продавници и ресторани

На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...

Паркинг
Паркинг

Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....

Информации за летови
Информации за летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 180 минути (3 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 60 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
Од почетокот на пандемијата со ковид-19, поради барањата за различни патни документи наметнати од различни земји, ТАВ Македонија апелира патниците да пристигнуваат на аеродром 3 часа пред полетување.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero   
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150 
3ч – МКД 200 
4ч – МКД 300 
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400     
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.