„ЧЕХ ЕРЛАЈНС“ И „ТАВ МАКЕДОНИЈА“ ГО РЕАЛИЗИРАА ПРВИОТ ЛЕТ ОД ОБНОВЕНАТА РЕДОВНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ПРАГА

„ЧЕХ ЕРЛАЈНС“ И „ТАВ МАКЕДОНИЈА“ ГО РЕАЛИЗИРАА ПРВИОТ ЛЕТ ОД ОБНОВЕНАТА РЕДОВНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ПРАГА

По пауза од четири години, заедно со „Чех ерлајнс“ се обнови редовната линија меѓу Скопје и главниот чешки град -

Со традиционален поздрав со воден мост, овој петок, рано изутрина „ТАВ Македонија“ посака добредојде на првиот лет од Прага до аеродромот „Александар Велики“ со што, по пауза од четири години, заедно со „Чех ерлајнс“ се обнови редовната линија меѓу Скопје и главниот чешки град. Леталото во три часот истото утро замина за Прага и на тој начин беше реализиран и првиот повратен лет помеѓу двете дестинации. 

- „Особено сум задоволен што нашата намера да се обнови редовната врска меѓу Скопје и Прага, што официјално ја најавивме на почетокот на декември, се оствари. Почнувајќи од денеска, патниците од двете земји ќе можат целосно да уживаат во придобивките на директната конекција меѓу двата града, без сложени трансфери и непотребни преспивања. Развојот на оваа рута се движи во рамките на нашите очекувања. На патниците им нудиме привлечни денови за летање, што опфаќа утрински полетувања од Скопје и вечерни заминувања од Прага, односно се обезбедува максимална употреба на престојот во Чешка. Ова ќе им одговара и на туристичките и на бизнис, како и на корпоративните патници“ - вели Јан Тот, директор за комерција, врски и маркетинг во „Чех ерлајнс“. 

Освен редовно закажаните услуги, „Чех“, исто така, ќе ги обнови своите активности и во сегментот за чартер-превоз на македонскиот пазар. Почнувајќи од 1 јули и траејќи до 9 септември, компанијата, секој петок, ќе овозможи чартер-летови за „АСА тур“ и за други локални оператори меѓу Скопје и Хераклион на Крит. Оваа активност ќе се реализира поврзано со летовите Скопје - Прага. 

- Навистина сме среќни што со почетокот на линијата Скопје-Прага остваривме уште едно барање на нашите ценети патници, а тоа е директна линија до еден од најубавите главни градови во Европа - Прага. Веруваме дека таа ќе биде многу интересна за сите групи корисници, односно страсни патници од двете земји, без разлика дали се работи за студенти, уметници, бизнисмени и иселеници. Очекуваме поголема економска и културна размена меѓу Чешка и Македонија, повеќе чешки туристи и зголемување на карго-превозот - изјави Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“. 

„Чех ерлајнс“ ќе лета до Прага од Скопје секој понеделник и петок во раните утрински часови, во 3:30 часот. Стартувајќи од 29 јуни, компанијата ќе додаде уште еден термин на рутата, во среда од 4:10 локално време, со што фреквенцијата ќе се зголеми на три лета неделно меѓу двата града и огромен број поврзани летови до други дестинации од чешкиот главен град. 

Повратните летови ќе заминуваат од Прага секој четврток и недела навечер, во 22:25 по локално време и ќе пристигнуваат во Скопје по полноќ. Почнувајќи од 28 јуни, превозникот ќе додаде и термин во вторник, којшто ќе полетува од Прага во истото време, во 22:25. 

Летовите ќе се реализираат со модерно летало „Ербас А319“ со капацитет од 144 седишта од бизнис и економската конфигурација за време на главната летна сезона, додека побавните периоди линијата ќе ја опслужува авион со турбо пропелери од типот „АТР 72-500“ чијшто капацитет е 70 патници. „Чех“ планира услугата да функционира во текот на целата година. 

Цената на билетите во еден правец од Скопје до Прага почнува од 75 евра, додека повратните ќе можат да се купат од 144 евра, со сите вклучени такси. Тие можат да се купат од веб-страницата на компанијата - www.czechairlines.com - како и преку туристичките агенции, продавниците за билети или други места за онлајн-продажба. Како дополнување на враќањето на македонскиот пазар, „Чех ерлајнс“ воспостави и ново место за продажба на билети во центарот на Скопје, во соработка со туристичката агенција „Атлас корпорејшн“.

Во рамки на цената на билетите е вклучен и бесплатен транспорт на едно парче кабински багаж од осум килограми и еден чекиран багаж од максимум 15 килограми. За летовите до Прага патниците можат удобно и бесплатно да се чекираат директно на шалтерите на аеродромите или да ја користат опцијата за онлајн-чекирање, што може да се реализира и 36 часа пред закажаниот термин за полетување. Овој тип на чекирање е достапен преку интернет-сајтот на компанијата, www.czechairlines.com, преку смартфони и од апликацијата на превозникот, која што е достапна за сите основни оперативни системи - „Иос“, „Андроид„ и „Виндоус“. Возможна е промена на веќе издадени билети, набавка на дополнителни услуги, како избор на седишта, подобрување на менито, поголем багаж, преку апликацијта „Мај букингс“, достапна на веб-страницата на „Чех“.

ТАВ Македонија ја заврши 2015 година со 22% пораст на вкупниот број на патници на двата македонски аеродроми – скопскиот ,,Александар Велики’’ и охридскиот ,,Св. Апостол Павле’’, достигнувајќи 1.560.381 патници. Истовремено, вкупниот број на операции порасна 11%, достигнувајќи 15.510. 

Трендот на зголемен сообраќај продолжи и годинава. Во првите четири месеци од 2016 година преку двата македонски аеродроми биле превезени 486.968 патници, што е пораст од 28% споредено со истиот период во 2015 година. Во исто време, бројот на операции (полетувања и слетувања) на двата аеродроми е зголемен за 15%.

Корисни информации

Продавници и ресторани
Продавници и ресторани

На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...

Паркинг
Паркинг

Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....

Информации за летови
Информации за летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 180 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 180 минути (3 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 60 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
Од почетокот на пандемијата со ковид-19, поради барањата за различни патни документи наметнати од различни земји, ТАВ Македонија апелира патниците да пристигнуваат на аеродром 3 часа пред полетување.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero   
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
до 1ч.    – 90 ден.    
до 2ч.    – 130 ден.    
2 – 4ч.    – 250 ден.    
4 – 8ч.    – 400 ден.    
до 24ч.    – 700 ден.    
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со инвалидитет и паркингот за нив е бесплатен. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за инвалидитет на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со инвалидитет автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со инвалидитет се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.