Европскиот патнички сообраќај во пораст од 4,2 % во 2010 год.

Европскиот патнички сообраќај во пораст од 4,2 % во 2010 год.

Брисел, 3-ти Февруари 2011 год.: Европските ареодроми забележаа пораст во патничкиот сообраќај од +4,2 % во 2010 год. споредено со 2009 год. Во истиот период, карго сообраќајот е зголемен за +18,7 %, додека бројот на операции се намали за –0,2 %.
Годината заврши со ограничен пораст на вкупниот патнички сообраќај помеѓу европските аеродроми од +0,6 % во декември 2010 год. споредено со декември 2009 год. како резултат од продолжените економски тешкотии во неколку европски земји и исклучителните временски непогоди во делови од Франција, Германија, Велика Британија и  Ирска. Вкупниот карго сообраќај се зголеми за +6,3 % во декември 2010 год. споредено со истиот месец од 2009 год. Вкупната бројка на операции на Европските аеродроми е намалена за –1,1 % декември 2010 год. споредено со декември 2009 год.
Оливие Јанковец, Генерален директор на ACI EUROPE, коментираше “Тоа што го видовме во 2010 год. на европските аеродроми е постепен но  сеуште  некомплетен опоравок  на воздушниот сообраќај – не како скок што би се очекувал после најлошата економска и финансиска криза. Кризата со вулканската прашина зеде голем данок, но порастот на воздушниот сообраќај беше забавен и од економската криза со невработеноста низ европските земји, зголемувајќи  ја должничката криза и наметнувајќи остри мерки на штедење. Како резултат, патничкиот сообраќај минатата година сеуште остана под рамките од 2008 год. за –1,2 %, со бројки блиску под нивото од 2007 год. Значително е што немаше повратно намалување, кога авио компаниите сеуште се трудат да ги обноват фреквенциите и дестинациите откажани во текот на кризниот период. Само карго сообраќајот конечно успеа да постигне комплетен  опоравок од +2,2 % во однос на 2008 год.“
Тој додаде, “Во 2009 год. воздушниот сообраќај ги рефлектираше разновидните слики на индивидуалните европски економии како и влијанието на националните воздухопловни такси. Додека Руските и Турските аеродроми беа на врвот од листата, скоро систематски постигнувајќи двоцифрен процентуален пораст на бројот на патници, Грчките, Ирските и Британските аеродроми се најдоа на дното на листата, сеуште губејќи сообраќај.“
Додека  првите недели во 2011 год. покажаа значителен пораст во патничкиот сообраќај на зголемен број на европски аеродроми, ACI EUROPE останува претпазлива кон предвидувањата за целата година. Динамиката и одржливоста на развитокот на воздушниот сообраќај во Европа ќе биде под влијание на неколку фактори, вклучувајќи ја и можноста на ЕУ да се справи со должничката криза на континентот, инфлаторните  притисоци  и посебно следните удари на цената на гориво како и дополнителните воздухопловни такси во Германија и Австрија.
Во Декември 2009 год. аеродромите со повеќе од 25 милиони патници (Група 1), аеродроми со помеѓу 10 и 25 милиони патници (Група 2), аеродроми со помеѓу 5 и 10 милиони патници (Група 3) и аеродроми со помалку од 5 милиони патници (Група 4), пријавија годишно зголемување / намалување од -1,2%, +1,5%, +1,4% и +3,4% споредено со декември 2009 год. Истото споредување на декември 2010 со декември 2008 покажува просечно зголемување / намалување од +1,25, +4,1%, –0,4% и +5,8%.
Примери за аеродромите кои покажаа најголем пораст во патничкиот сообраќај по групи, кога се споредува декември 2010 год. со декември 2009 год. се:
• Аеродроми од Група 1 – Барселона (+7,9%), Минхен (+6,3%), Рим FCO(+5,1%), и   Амстердам (+4,4%)
• Аеродроми од Група 2 – Москва SVO(+21%), Стокхолм ARN(+11,4%), Копенхаген (+9,7%) и Осло(+9,1%)
• Аеродроми од Група 3 – Истанбул SAW(+23,5%), Анкара (+18,1%), Милано LIN(+10,3%) и Москва VKO (+8,7%)
• Аеродроми од Група 4 – Бриндизи (+56,9%), Трст(+29,6%), Бари (+26,6%) и Белград (+18,8%)

Извештајот на ACI EUROPE за декември 2010- вклучува 125 аеродроми што вкупно сочинува 80% од европскиот воздушен сообраќај.

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 180 минути (3 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 60 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
Од почетокот на пандемијата со ковид-19, поради барањата за различни патни документи наметнати од различни земји, ТАВ Македонија апелира патниците да пристигнуваат на аеродром 3 часа пред полетување.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero   
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150 
3ч – МКД 200 
4ч – МКД 300 
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400     
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.