На македонските аеродроми менаџирани од ТАВ во 2016 минале 1.8 милиони патници

На македонските аеродроми менаџирани од ТАВ во 2016 минале 1.8 милиони патници

Преку двата македонски аеродрома, „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид во 2016 година патувале 1.8 милиони патници, соопштуваат од „ТАВ Македонија“, сумирајќи ги податоците за авиосообраќајот за изминатата година.  

- Вкупно 1.794.376 патници патуваa преку двата македонски аеродрома во 2016, што е зголемување  од 15 проценти споредено со 2015 година, кога имавме 1.560.381 патник.  Истовремено, бројот на операции порасна за 8,9 отсто, достигнувајќи вкупно 16.883 летови. Задоволни сме што успеавме да постигнеме двоцифрено зголемување на бројот на патници на годишно ниво, кое е повисоко од просекот на ЕУ и од просекот во регионот. И во 2017 година ќе продолжиме во таа насока, фокусирајќи ги нашите главни цели на проширување на мрежата на линии од аеродромите во Скопје и во Охрид, соработувајќи со Владата, со сите засегнати институции надлежни за воздухопловство и со авиокомпаниите - изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.  

Според податоците за патничкиот сообраќај, Истанбул (со двата аеродрома „Ататурк“ и „Сабиха Гокчен“) е најфреквентната дестинација од Аеродромот „Александар Велики“ – Скопје во 2016, со 12,6% пазарен удел, потоа следат Цирих со 10,2%, Виена – 6,3%, Базел – 5%, Малме – 4,8% и Лондон со 4,3% удел на пазарот.  

Во однос на уделот на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај, Wizz Air има превезено најголем број од патниците со 54,8% пазарен удел, а потоа следат Turkish Airlines, Austrian Airlines, Germania Flug, Pegasus Airlines и Edelweiss.  

Најфреквентниот ден на скопскиот аеродром во 2016 година беше 12. август, кога преку скопскиот аеродром патуваа 5.641 патник, додека вкупниот број на движења на воздухоплови беше 50, а потоа и 21. јули кога вкупно 5.604 патници беа превезени за еден ден со вкупно 51 движење на воздухоплови.     

Карго-сообраќајот на аеродромот во Скопје има значителен пораст од 10,9% во 2016 година, со вкупно 3.090 тони превезени авионски пратки. Ова зголемување главно се должи на зголемениот извоз на стоки, но исто така и на популаризацијата  на индивидуалните нарачки преку интернет превезени преку воздушен пат. 

Изминатата 2016 година беше многу успешна година за зголемување на сообраќајот на аеродромот во Охрид, каде што бројот на патници порасна извонредни 39,2% на годишно ниво, поради што Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International – ACI) во неколку последователни квартали го прогласи „Св. Апостол Павле“ за аеродром со најбрз раст во својата категорија.    

Покрај значајниот пораст на сообраќајот на годишно ниво, минатата година ќе биде забележана како успешна за „ТАВ Македонија“ и поради добиената ASQ награда (Airport Service Quality), односно наградата за квалитет на аеродромски услуги доделена на аеродромот во Скопје по трет пат во изминативе 5 години, од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International – ACI). Аеродромот во Скопје беше прогласен за најдобар аеродром во Европа во однос на квалитетот на аеродромските услуги, во категоријата на аеродроми под 2 милиона патници.

Корисни информации

Продавници и ресторани
Продавници и ресторани

На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...

Паркинг
Паркинг

Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....

Информации за летови
Информации за летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 180 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 180 минути (3 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 60 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
Од почетокот на пандемијата со ковид-19, поради барањата за различни патни документи наметнати од различни земји, ТАВ Македонија апелира патниците да пристигнуваат на аеродром 3 часа пред полетување.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero   
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
до 1ч.    – 90 ден.    
до 2ч.    – 130 ден.    
2 – 4ч.    – 250 ден.    
4 – 8ч.    – 400 ден.    
до 24ч.    – 700 ден.    
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со инвалидитет и паркингот за нив е бесплатен. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за инвалидитет на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со инвалидитет автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со инвалидитет се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.