Скопскиот аеродром ја доби ASQ наградата за најдобар аеродром во Европа

Скопскиот аеродром ја доби ASQ наградата за најдобар аеродром во Европа

Организацијата Airports Council International (ACI) го награди Скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’ со ASQ-наградата за најдобар аеродром во Европа во 2015 година за квалитетот на услугите, во категоријата на аеродроми под два милиони патници

Скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’ ја доби наградата ASQ (Airport Service Quality) за најдобар аеродром за 2015 година во Европа, во категоријата - аеродроми со помалку од 2 милиони патници, што е трет пат како го добива ова признание од страна на престижната авијациска организација ACI, по добивањето на наградата во истата категорија во 2012 и 2013 година. 

Водечката светскa бенчмарк програма на ACI (Airports Council International), која ги анализира услугите кои на патниците им ги нудат аеродромите, ги објави добитниците за квалитет на аеродромските услуги Airport Service Quality (ASQ) вчеравечер во Монтреал, Канада, по обработката на над 550.000 длабински направени анкети на над 300 аеродроми, во повеќе од 80 земји во светот во текот на минатата 2015 година. 

Резултатите од 2015 година ги претставуваат најдобрите аеродроми во нивната класа, каде што е забележано подобрување на патничкото искуство токму од страна на патниците кои се анкетираат додека патуваат и додека нивните искуства и впечатоци се свежи. 

-Многу сме горди што ја добивме ASQ (Airport Service Quality) наградата за најдобар аеродром во 2015 година во Европа, што е трет пат како го добиваме ова престижно признание, по наградите кои го добивме во 2012 и 2013 година.  Ова е потврда на нашата посветеност на патниците и авиокомпаниите, како и на зголемениот број на нови линии и подобрените услуги, за кои сме благодарни за напорите кои ги направија нашите партнерски компании BTA- која оперира со угостителските услуги, ATU- која оперира со безцаринските продавници, ТAV IT – која ги управува информациско-комуникациските услуги, како и TAV MOS – која менаџира со останатите оперативни услуги. ASQнаградата за квалитет на услугите за 2015 година, ќе нè мотивира, како аеродромски оператор да продолжиме со подобрувањето и иновациите во вкупната понуда на аеродромски услуги, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.

Покрај скопскиот аеродром како победник за корисничкото задоволство на патниците во Европа, во категоријата на аеродроми под два милиони патници, на другите континенти, победници се аеродромот Апингтон во Африка, Портланд во Северна Америка, и Кулиакан во Латинска Америка (Кариби). 

-Аеродромите сè повеќе се фокусираат да осигураат звездено искуство за патниците и тоа е дел од еден голем тренд. Аеродромите станаа комплексни, корисничко-фокусирани бизниси кои во многу случаи преку услугите се натпреваруваат еден со друг за поголем сообраќај. Од безцаринските продавници и рестораните, до амбиентот, чистотата, љубезноста на персоналот, удобностите, ефикасноста и повеќе, патниците очекуваат големи нешта на аеродромите преку кои патуваат. Повеќе од ова, ASQ е начин со кој учесниците - аеродромите мерат до кое ниво тие ги исполнуваат овие очекувања, потенцира Ангела Гитенс, генерален директор на ACI World.

Анкетите на ASQ покриваат 34 клучни области на услуги и вклучуваат 8 главни категории, како што се пристапот, чекирањето, безбедноста, аеродромските објекти, храната и пијалаците, малопродажбата и друго. Сите аеродроми кои учествуваат ги користат истите анкетни прашања, создавајќи стандард од прашања и одговори во индустријата, кои им овозможуваат на учесниците (аеродромите) да ги следат и анализираат сопствените перформанси, како и да ги споредуваат резултатите со сите аеродроми на светско ниво.         

Свечената церемонија за доделување на ASQ – наградите на најдобрите аеродроми во 2015 година ќе се одржи годинава во април, на регионалното собрание на ACI за азиско-пацифичкиот регион, во Голд коуст, Австралија.   

Најдобри аеродроми во категоријата - Регион (под 2 милиони патници годишно) 

 

Африка

Upington

Европа

Skopje

Северна Америка

Portland

Латинска Америка - Кариби

Culiacan

 

Корисни информации

Продавници и ресторани
Продавници и ресторани

На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...

Паркинг
Паркинг

Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....

Информации за летови
Информации за летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 180 минути (3 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 60 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
Од почетокот на пандемијата со ковид-19, поради барањата за различни патни документи наметнати од различни земји, ТАВ Македонија апелира патниците да пристигнуваат на аеродром 3 часа пред полетување.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero   
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150 
3ч – МКД 200 
4ч – МКД 300 
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400     
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.