ТАВ И ЛОТ ПОЛИШ ЕРЛАЈНС НАЈАВУВААТ: НОВА ЛИНИЈА ВАРШАВА – СКОПЈЕ ОД ЈУНИ 2018 ГОДИНА

ТАВ И ЛОТ ПОЛИШ ЕРЛАЈНС НАЈАВУВААТ: НОВА ЛИНИЈА ВАРШАВА – СКОПЈЕ ОД ЈУНИ 2018 ГОДИНА

Почнувајќи од 1. јуни, LOT Polish Airlines ќе ја воведе првата директна авиолинија од Варшава до Скопје, објавуваат заедно ТАВ Македонија и ЛОТ Полиш ерлајнс.

Летовите на оваа линија ќе сообраќаат речиси секој ден, односно 6 пати неделно, освен во недела, со модерни Ембраер воздухоплови. Билетите се веќе во продажба, преку Контакт-центарот на LOT, на интернет страницата www.lot.com, и кај продажните агенти.

Ембраерите на LOT секој понеделник, среда и петок ќе полетуваат од Аеродромот „Шопен“ во Варшава во 10:35 часот за да пристигнат во Македонија во 12:40 часот. Патниците на летот од Скопје за Варшава ќе заминуваат во 13:20 часот. Секој вторник, четврток и сабота летот од Варшава е закажан да полета во 14:25 часот, а да слета во Скопје во 16:30 часот. Поаѓањето од Скопје е планирано да биде во 17:10 часот, додека пристигнувањето во Варшава е во 19:15 часот.

Летовите до Македонија ќе се опслужуваат со Ембраер 170 и 175. Во зависност од  типот на воздухопловот, ќе има 70 – 82 седишта достапни во три класи:  економска, премиум-економска и бизнис класа.

„Скопје во Македонија е комплетно нова дестинација во понудата на LOT. Земјата е секоја година сé повеќе популарна кај туристите, воодушевувајќи ги со својата историја, регионалната кујна и културната разновидност. Нашите патници штотуку добија можност да се запознаат со различните туристички вредности на таа неверојатна земја. Сигурен сум дека многумина ќе ја искористат оваа можност уште ова лето. Од друга страна, решивме да им овозможиме на патниците кои што патуваат од Македонија најповолни патувања до Европа, Скандинавија или нашите воздушни конекции во САД. Сигурен сум дека нашата нова понуда ќе ги исполни очекувањата и на оние што патуваат деловно и на оние што патуваат заради одмор и рекреација,“ изјави Адриан Кубицки, Директор на Корпоративни комуникации и Портпарол на LOT.

Распоредот на летови е креиран така што патниците кои што патуваат од Скопје да имаат пристап до брзи и погодни летови за конекции од Аеродромот Шопен во Варшава до, меѓу останатите и, дестинации во Соединетите Американски Држави (JFK или Њуарк, Лос Анџелес, Чикаго), Канада (Торонто) и Западна Европа, на пример Скандинавија. Трансферите на LOT преку центарот во Варшава, до JFK, Чикаго или Лос Анџелес, почнуваат за само 80 минути од пристигнувањето на аеродромот во полската престолнина.

„Задоволство и привилегија ни е да ја најавиме Варшава како нова дестинација од Скопје, авиолинија што досега не сообраќала од главниот град на Македонија. Очекуваме оваа авионска линија, што ќе сообраќа 6 пати во неделата, во текот на летната сезона, да се покаже како многу успешна. Со ова полските туристи ќе имаат можност да ја посетат и да ја откријат Македонија, а во исто време и граѓаните на Македонија и на соседните земји ќе имаат можност да патуваат со директна линија до Варшава и да ја доживеат Полска. Оваа авиолинија, исто така, ќе послужи за двете земји да ги зајакнат бизнис-врските, да се овозможи подобра комуникација со Источна  Европа, како и трансатлантски летови до многу дестинации во светот кои се понудени од Варшава“ изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.

LOT моментално лета до вкупно 12 дестинации на Балканот. Освен до Скопје и Подгорица, во текот на летната сезона авиокомпанијата исто така ќе лета и до: Дубровник (нова конекција што ќе почне сообраќање од мај – шест летови неделно), Загреб (зголемување на фреквенцијата од 10 на 14 летови неделно), Сплит (два лета неделно), Пула (еден лет неделно), Задар (два лета неделно), Белград (зголемување на фреквенцијата од 9 на 11 летови неделно), Љубљана (зголемување на фреквенцијата од 6 на 7 летови неделно), Софија (19 летови неделно), Букурешт (3 лета дневно) и Клуж-Напока (6 летови неделно).

Оваа година LOT веќе најави воведување на четири нови дестинации: Од Варшава до Скопје, Подгорица и до московскиот аеродром Домодедово (вториот по големина аеродром во Москва) и од Краков до Будимпешта.

Во 2017 година LOT најави воведување на 27 конекции, вклучително од Варшава доЛос Анџелес, Њуарк, Астана и Сингапур, од Будимпешта до Њујорк Сити и Чикаго, од Краков до Чикаго и од Жешов до Њуарк.  Во 2017 година бројот на превезени патници на LOT достигна бројка од вкупно 6,8 милиони, што значи годишен пораст за 1,5 милиони патници.  За тоа време четири нови Боингвоздухоплови беа доставени на LOT: Два B787 Дримлајнер и два B737 MAXsУште 12 машини ќе се додадат на флотата на LOT во 2018 година: три B787-9s (поголема верзија на Дримлајнер ), три B737 MAX 8s и шест ЕМБРАЕР 195s.

ТАВ Македонија ја заврши 2017 година со 2 милиона патници (2.027.344) на скопскиот и на охридскиот аеродром, што претставува зголемување за 13% споредено со 2016 година. Истовремено со зголемувањето на патничкиот сообраќај, вкупниот број на летови на двата аеродрома во Скопје и во Охрид е исто така зголемен за 7%, достигнувајќи 18.130 летови во 2017 година.

Корисни информации

Продавници и ресторани
Продавници и ресторани

На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...

Паркинг
Паркинг

Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....

Информации за летови
Информации за летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 180 минути (3 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 60 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
Од почетокот на пандемијата со ковид-19, поради барањата за различни патни документи наметнати од различни земји, ТАВ Македонија апелира патниците да пристигнуваат на аеродром 3 часа пред полетување.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero   
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150 
3ч – МКД 200 
4ч – МКД 300 
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400     
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.