ТАВ И ВИЗ ЕР ГО ПРОСЛАВИЈА ОТВОРАЊЕТО 3 НОВИ АВИОЛИНИИ И ЧЕТВРТИОТ АВИОН НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ

ТАВ И ВИЗ ЕР ГО ПРОСЛАВИЈА ОТВОРАЊЕТО 3 НОВИ АВИОЛИНИИ И ЧЕТВРТИОТ АВИОН НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ

 ТАВ Македонија, компанијата што управува со скопскиот аеродром Александар Велики и Виз ер, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа и водечка авиокомпанија во Македонија, денеска го прославија поставувањето на четвртиот воздухоплов на авиокомпанијата во базата во Скопје, како и воведувањето на трите долгоочекувани авиолинии до Рим, Малта и Ваксјо (Шведска).

 -Виз ер, авиокомпанијата која е број еден во Македонија, продолжува со својот пораст овозможувајќи им на нашите клиенти да патуваат низ Европа и подалеку по најниски цени.  Нашиот четврт воздухоплов на скопскиот аеродром ќе создаде голем број дополнителни работни места, а новите дестинации кои се додаваат на мрежата на рути, значат уште поголем избор за патниците на Виз ер од 27-те популарни авиолинии од Скопје до 13 држави. Нашиот фантастичен екипаж ќе се погрижи за одлично патувачко искуство на секој патник што ќе се најде на летовите на една од најмладите авиофлоти во Европа, изјави Сорина Рац, Менаџер за Корпоративни комуникации во Виз ер.  

 На новите рути од Скопје до Малта, Рим и Ваксјо, ќе се лета со модерниот Ербас А320 со 180 седишта. Патниците кои ги планираат своите одмори или викенди на една од овие возбудливи дестинации, можат да ги резервираат авионските билети на wizzair.com со цени почнувајќи од само МКД 1119.99*.

 Постојаната експанзија на Виз ер во Македонија ја истакнува заложбата на авиокомпанијата кон своите клиенти во Македонија што почна уште со првиот лет од Скопје до Лондон-Лутон во 2011 година. Новиот воздухоплов што се поставува денес во базата на Виз ер во Скопје носи вкупна инвестиција во Македонија од 396 милиони долари** како и 139 вработувања. 

 -Би сакал да ја изразам нашата благодарност за одлуката на Виз ер да го постави својот четврт авион во базата на скопскиот аеродром Александар Велики, што претставува значајна одлука бидејќи се работи за голема инвестиција, а тоа покажува дека воздухопловството во Македонија сѐ уште се развива и е стабилно. Со поставувањето на 4-от воздухоплов во базата во Скопје авиокомпанијата додава и три нови дестинации – Ваксјо (Шведска), Малта и Рим, а ги зголемува и фреквенциите на некои од веќе постојните авиолинии. ТАВ Македонија ќе продолжи да работи на отворање нови авиолинии, проширување на фреквенциите на веќе постојните рути, како и на носење нови авиокомпании на пазарот, за што сме во тесна соработка со Министерството за транспорт и врски и сите надлежни владини институции, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Масовната експанзија на Виз ер во базата во Скопје носи пораст од 17% кон вкупниот годишен капацитет, вклучително и порастот на фреквенциите на некои од најпопуларните линии до: Ајндховен, Брисел (Шарлероа), Меминген (Минхен Запад), Копенхаген, Гетеборг (Ландветер) и Братислава. Во исто време, Виз ер ќе овозможи конекции на дневна основа од Скопје до популарните дестинации како што се Малме и Милхаус.  Проширената ниско-буџетна мрежа на Виз ер во Македонија и понатаму ќе ја поттикнува туристичката и угостителската индустрија, притоа зајакнувајќи ги бизнис-односите меѓу земјите. 

 Од почетокот на 2017 година, преку половина милион патници патувале на авиолиниите на Виз од Скопје, што претставува пораст од 12% споредено со истиот период минатата година, а што во исто време поддржува 375 работни места*** во сродните индустрии од оваа област на работење.  Локалниот екипаж на Виз ер, обучен по највисоки стандарди, им посакува добредојде на патниците на летовите како една од најмладите флоти во Европа, обезбедувајќи одлично искуство на клиентите на секој лет на секоја од 27-те дестинации достапни од Скопје. 

Веќе водечката авиокомпанија во Македонија, Виз ер продолжува со ниските цени за клиентите, како и создавање нови можности за желните патници.  Во 2017 година, преку 1,3 милиони Виз ер седишта се на продажба на 29 авиолинии до 13 држави, од двата македонски аеродрома: во Скопје и во Охрид, што е 18% зголемување на годишно ниво.

 ТАВ Македонија во првите шест месеци од 2017 година забележа 6% пораст на бројот на патници, споредено со истиот период минатата година, или на двата македонски аееродроми, скопскиот Александар Велики и охридскиот Св. Апостол Павле, од јануари до јуни поминале вкупно 860.130 патници. Со новите дестинации на Виз ер, како и другите авиокомпании кои ќе се отворат, и зголемувањето на фрекфенциите на постојните рути, од ТАВ Македонија очекуваат повисока стапка на пораст на сообраќајот во втората половина од оваа година.

Корисни информации

Продавници и ресторани
Продавници и ресторани

На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...

Паркинг
Паркинг

Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....

Информации за летови
Информации за летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 180 минути (3 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 60 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
Од почетокот на пандемијата со ковид-19, поради барањата за различни патни документи наметнати од различни земји, ТАВ Македонија апелира патниците да пристигнуваат на аеродром 3 часа пред полетување.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero   
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150 
3ч – МКД 200 
4ч – МКД 300 
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400     
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.