ТАВ ДОНЕСЕ 5 БЛОГЕРИ ДА ЈА ПРОМОВИРААТ МАКЕДОНИЈА КАЈ ТУРСКИТЕ ТУРИСТИ

ТАВ ДОНЕСЕ 5 БЛОГЕРИ ДА ЈА ПРОМОВИРААТ МАКЕДОНИЈА КАЈ ТУРСКИТЕ ТУРИСТИ

ТАВ Македонија беше домаќин на туристичката посета на Македонија од пет влијателни турски блогери чија публика на социјалните мрежи надминува еден милион корисници. Целта е да се привлечат повеќе турски туристи во Македонија 

ТАВ Македонија, со поддршка од локалните бизниси и угостители во земјава, донесе пет влијателни турски блогери на четиридневна туристичка посета на Македонија, со цел да им ги покаже убавините на земјата како туристичка дестинација и да привлече повеќе туристи од Турција во Македонија.

Популарните и влијателни пет блогери, познати меѓу турските корисници на социјалните медиуми под имињата: ,,yoldaolmak’’,  ,,kesfetsek’’,  ,,bizevdeyokuz’’ and,,birhayalinpesinde’’ , чија поблика надминува повеќе од еден милион следбеници на Фејсбук и Инстаграм, како и на нивните блогови, пристигнаа во Македонија на 24-ти мај и престојуваа во земјава се до 28-ми мај. 

Нивната туристичка посета беше дизајнирана како информативна, но во истовреме и авантуристичка, покривајќи возбудливи места за разгледување и културно- историски знаменитости во Скопје, Струмица, Дојран, Охрид, Вевчани, Маврово, Дебар, Битола. Вклучи посета на места и активности, како: Македонско етно село во Скопје, Милениумскиот крст на Водно, кањонот на Матка, винска тура, археолошкиот локалитет Стоби, националниот парк Маврово, музеј-куќата на Ататурк во Битола, Музејот на вода во Охрид, оф-роуд сафари, и многу други атрактивни активности привлечни за помладата популација.

-Всушност Турција е најсилниот пазар на туристи за Македонија повеќе години наназад според статистиката за туристички посети во земјава. Но, знаејќи дека најчестите туристи од Турција во Македонија се главно луѓе во старосната група над 60 години, како и бизнисмени од различни компании и индустрии од Турција, нашата цел е да ги допреме срцата на младата генерација луѓе што патуваат со ранци посетувајќи градови и разгледувајќи нови дестинации за време на викендите. Така, нашата идеја беше да ги поканиме највлијателните блогери и феномени на социјалните медиуми во Турција со цел да допреме до т.н. ,,Z’’ генерација на млади луѓе кои користат Интернет, преку најпосетуваните туристички блогови и страници на социјалните мрежи кои имаат над 1 милион активни следбеници. По 4-дневната посета и планираните интернет-интеракции во рамки на заедниците на нашите гости, очекуваме да допреме до 2,5 милиони потенцијални нови гости од Турција во Македонија. Знаејќи колку убава е Македонија, со воодушевување сакаме да ја споделиме оваа убавина со младата генерација во Турција и да ја поддржиме промоцијата на македонскиот туризам на еден од најважните дојдовни туристички пазари за Македонија. Евалуирајќи ги резултатите од оваа активност, планираме истата да ја примениме и на други важни пазари – односно земји од кои доаѓаат туристи во Македонија, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Како што објаснуваат од ТАВ Македонија, оваа иницијатива е само еден дел од вкупните маркетинг-активности кои ги презема Маркетинг одделот на ТАВ Аеродроми од Истанбул, кои вклучуваат постојано промоција на македонските аеродроми на најважните меѓународни саеми за туризам и авијација, но исто така и промоција на Македонија како туристичка дестинација меѓу светските патници.

Како резултат на ваквите маркетинг активности на ТАВ, во 2016 година еден од најголемите европски тур-оператори Томас Кук почна да лета од охридскиот аеродром, носејќи туристи преку чартер-летовите Брисел-Охрид, додека во исто време минатата година израелската авиокомпанија Аркиа почна со чартер-летовите на релација Тел Авив-Охрид. Годинава пак, почнувајќи од 22. јуни, најголемиот полски тур-оператор Рего-бис ќе почне со чартер летови од Катовице до Охрид.

ТАВ Македонија продолжува да бележи пораст на авиосообраќајот. Во првите четири месеци од 2017 година на двата македонски аеродроми вкупниот број на патници порасна за 8% на годишно ниво. Во истиот период, јануари-април, најфрекфентна дестинација на скопскиот аеродром Александар Великие Истанбул, со 12,4% пазар удел, вклучувајќи ги двата аеродрома – Ататурк и Сабиха Гокчен.  

*************************************************************************************************************

ТАВ Македонија се заблагодарува натуристичката агенција Fibula air travel, хотелот Park, хотелот Marriot и Distrikt Bar & Kitchen во Скопје, хотелот Aqualina во ОхридBeach Bar Square – Стење, ресторанот Пелистерресторанот Воденицаресторанот Белведеревинаријата Бовин, и комплексот Бањиште во Дебар, за нивната поддршка за реализацијата на патувањето на петте турски блогери во Македонијаод  24.5.2017 до 28.5.2017.

Корисни информации

Продавници и ресторани
Продавници и ресторани

На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...

Паркинг
Паркинг

Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....

Информации за летови
Информации за летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 180 минути (3 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 60 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
Од почетокот на пандемијата со ковид-19, поради барањата за различни патни документи наметнати од различни земји, ТАВ Македонија апелира патниците да пристигнуваат на аеродром 3 часа пред полетување.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero   
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150 
3ч – МКД 200 
4ч – МКД 300 
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400     
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.