ТАВ: ЕСТОНСКАТА НОРДИКА ЌЕ ПОЧНЕ СО ЛЕТОВИ ОХРИД-ТАЛИН ОД 2018 ГОДИНА

ТАВ: ЕСТОНСКАТА НОРДИКА ЌЕ ПОЧНЕ СО ЛЕТОВИ ОХРИД-ТАЛИН ОД 2018 ГОДИНА

Естонскиот авиопревозник „Нордика“ ќе почне да лета на авиолинијата Талин – Охрид – Талин, почнувајќи од летната сезона во 2018 година, најави ТАВ Македонија.

По успешните преговори што ги водеше Маркетинг-одделот на ТАВ Аеродроми од Истанбул, авиопревозникот ја потвдри својата одлука за почеток на операциите од Македонија, и ќе воведе сезонски летови од естонскиот главен град до македонскиот туристички бисер- Охрид, од почетокод на летната сезона во 2018 година.

- Среќни сме што најавуваме уште една нова дестинација од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ до Талин, со која ќе оперира естонскиот авиопревозник „Нордика“ од 1. јуни следната година. Со сезонските летови на линијата Талин – Охрид – Талин, „Нордика“ еднаш неделно, секој петок, почнувајќи од 1. јуни сѐ  до 15. септември, ќе носи туристи од Естонија на Охридското Езеро. Очекуваме дека со овие летови во текот на следното лето над 2.500 патници од Естонија ќе слетаат на охридскиот аеродром. Со отворањето на директната авиолинија до Талин, всушност отвораме еден сосема нов пазар за патници на охридскиот аеродром – Естонија, и навистина сме среќни поради тоа, бидејќи ќе значи бенефит не само за аеродромот, туку и за целата туристичка заедница. Би сакале да му се заблагодариме на нашиот Маркетинг-оддел од Истанбул кој успеа да ја убеди „Нордика“ да почне да лета од Македонија, како и на „Нордика ерлајнс“ за нивната одлука да почнат со операции од охридскиот аеродром – изјави Алпер Ерсој,Генерален директор  на ТАВ Македонија.

Според најавите на авиопревозникот, летот од Охрид до Талин ќе трае три часа. Билетите се пуштени во продажба од денеска (26. септември) со цени кои почнуваат од 99,90 евра

„Нордика“ го промовира Охрид меѓу Естонците како најпопуларната дестинација за одмор во Македонија, како прекрасен и романтичен град со богата архитектура, со пејзажи кои го одземаат здивот, притоа потенцирајќи дека станува збор за град кој е под заштита на УНЕСКО.

- На нашите клиенти сакаме да им понудиме и алтернативни дестинации, како дополнување на големите градови. Нашата цел е да пронајдеме различни и возбудливи дестинации за одмор кои на естонските граѓани ќе им овозможат да уживаат во откритието и во локалните цени кои овозможуваат комплетно уживање во летниот одмор. Многу луѓе ги посетиле Париз и Рим, но Македонија со нејзината фантастична природа и култура дефинитивно вреди да се посети. Кога избираме некоја нова дестинација, многу внимаваме и на тоа патниците преку неа да може да посетат уште неколку други земји во исто време – изјави Свен Кукемелк, Извршен директор за развој на бизнисот во Нордика.   

Според Кукемелк, дестинациите до кои лета  „Нордика“ во летниот период се многу популарни. Изминатово лето авиокомпанијата превезе повеќе од 20.000 патници со нејзините сезонски летови до Сплит, Ријека и Одеса.

„Нордика“ е националниот авиопревозник на Естонија и нуди голем број летови од Талин до различни европски дестинации. Во соработка со партнерските авиопревозници нуди врзани летови до повеќе од 140 дестинации во светот.

Талин ќе биде петтата нова дестинација до која ТАВ воведе чартер-лет од охридскиот аеродром во изминатите две години, поврзувајќи го Охрид како најпозната туристичка дестинација со Естонија, која ќе стане сосема нов дојдовен пазар за Охрид, и за нови патници на охридскиот аеродром, но и за нови туристи на Охридското Езеро.

ТАВ годинава во јуни ги промовираше летовите од Полска на релацијата Катовице – Охрид – Катовице, додека во 2016 година успеа одново да го воспостави чартер-летот од Белград до Охрид, како и да воведе чартер-летови од уште две дестинации - Тел Авив и Брисел до охридскиот аеродром Св. Апостол Павле.

Со традиционалните чартер-летови од Амстердам и редовните линии до Цирих, Базел и Лондон кои функционираат преку целата година, охридскиот аеродром беше забележан и и од ACI и прогласен за еден од најбрзорастечките аеродроми во Европа, во својата категорија.

ТАВ Македонија ги заврши првите осум месеци од 2017 година со пораст на бројот на патници од 10 отсто на двата македонски аеродроми – „Александар Велики“ во Скопје и „Св.Апостол Павле“ во Охрид. Во истиот период, бројот на летови порасна за значителни 18 отсто на годишно ниво.

Корисни информации

Продавници и ресторани
Продавници и ресторани

На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...

Паркинг
Паркинг

Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....

Информации за летови
Информации за летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 180 минути (3 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 60 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
Од почетокот на пандемијата со ковид-19, поради барањата за различни патни документи наметнати од различни земји, ТАВ Македонија апелира патниците да пристигнуваат на аеродром 3 часа пред полетување.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero   
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150 
3ч – МКД 200 
4ч – МКД 300 
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400     
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.