ТАВ: ОД ОКТОМВРИ ЕУРОВИНГС ЌЕ ЛЕТА НА ЛИНИЈАТА СКОПЈЕ–МИНХЕН

ТАВ: ОД ОКТОМВРИ ЕУРОВИНГС ЌЕ ЛЕТА НА ЛИНИЈАТА СКОПЈЕ–МИНХЕН

Почнувајќи од 31 октомври, ниско-буџетната авиокомпанија Еуровингс (Eurowings), членка на групацијата Луфтханза, ќе отвори нова линија Скопје–Минхен, поврзувајќи го скопскиот аеродром „Александар Велики“ со меѓународниот аеродром во Минхен.

Како што официјалните претставници на авиокомпанијата најавија, најниските цени за авионските билети ќе почнуваат од 39.99 евра, а рутата ќе ги поврзува  македонските граѓани и сите патници на скопскиот аеродром со главниот аеродром во Минхен, аеродромот „Франц Јозеф Штраус“, кој е главниот аеродром  во германскиот град. Еуровингс неодамна најави 10 нови прекуокеански летови од аеродромот во Минхен.

Еуровингс ќе лета на линијата Скопје–Минхен два пати неделно, односно, секој вторник и петок, со Ербас А320-200, со капацитет од 174 седишта.

Уверени сме дека ова е одлична вест за патниците и во Македонија и во Германија бидејќи ќе имаат уште еден директен лет што ќе ги поврзува двете земји. Ова исто така го означува и почетокот на работењето на Еуровингс, како нискобуџетна авиокомпанија, на македонскиот воздухопловен пазар.Скопскиот аеродром „Александар Велики“ ќе биде поврзан со главниот аеродром во Минхен, што ќе претставува одличен избор и можност за продлабочување на комуникацијата меѓу двата града.  Друг важен факт за Еуровингс како членка на групацијата Луфтханза, е дека нашите патници, не само од Македонија, туку и од регионот, ќе имаат дополнителни конекции и во Европа и на интерконтинентално ниво надвор од Минхен – изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија. 

Билетите за летовите на оваа линија се веќе во продажба преку веб-страницата на авиокомпанијата eurowings.com.

На 31 октомври ќе се означи почетокот на нашите операции во Македонија, со отворањето на линијата Скопје–Минхен, како единствена воздушна конекција меѓу двата града. Среќни сме што Скопје се приклучува на нашата глобална мрежа од 150 дестинации. Веруваме дека оваа линија ќе обезбеди фантастични нови можности за зајакнување на релациите меѓу Македонија и Германија, а со тоа и дека ќе им овозможи на патниците од двете земји полесно да ги доживеат двата одлични града, Скопје и Минхен.  Ги охрабруваме сите патници да ја посетат нашата веб-страница eurowings.com каде може да се резервираат и да се купат авионските билети, со цени кои почнуваат од 39.99 евра, изјави Иван Ореч, Директор за развој на мрежата на авиолинии на Еуровингс.

Ниско-буџетната авиокомпанија Еуровингс, со седиште во Келн, е членка на групацијата Луфтханза. Сообраќа на повеќе од 150 дестинации во повеќе од 40 земји низ Европа и е добро позната по одличната мрежа на авиолинии до атрактивни туристички локации. Лета во многу држави во регионот, како што се Албанија, Бугарија, Хрватска, Србија, Косово, Црна Гора, Турција. Еуровингс е најбрзо растечка авиокомпанија во 2017 година, а оваа година повеќе од 22 милиона патници ќе летаат со Еуровингс.

ТАВ Македонија неодамна додаде шест нови авиолинии во својата мрежа на дестинации, којашто е во подем и на двата аеродроми, во Скопје и во Охрид. Преку „Александар Велики“, патниците од јули годинава се директно поврзани и со Рим, Малта и Ваксјо (Шведска) со Виз ер, додека Катар ервејс, исто така во јули, воспостави директен лет до Доха. Летната сезона пак во главната туристичка дестинација во Македонија - Охрид, беше обележана со отворањето на новата директна линија до Катовице во Полска.

ТАВ Македонија ги заврши првите седум месеци од 2017 година со 8% пораст на бројот на патници, достигнувајќи 1.089.906 патници на двата македонски аеродрома – „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид.      Во јули, на двата аеродрома се превезени вкупно 229.776 патници, што, споредено со истиот месец во 2016 година, е пораст од 15%.

Корисни информации

Продавници и ресторани
Продавници и ресторани

На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...

Паркинг
Паркинг

Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....

Информации за летови
Информации за летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 180 минути (3 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 60 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
Од почетокот на пандемијата со ковид-19, поради барањата за различни патни документи наметнати од различни земји, ТАВ Македонија апелира патниците да пристигнуваат на аеродром 3 часа пред полетување.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero   
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150 
3ч – МКД 200 
4ч – МКД 300 
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400     
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.