„Алиталија“ и „ТАВ Македонија“ го поврзаа Скопје со директен лет до вечниот град Рим

„Алиталија“ и „ТАВ Македонија“ го поврзаа Скопје со директен лет до вечниот град Рим

Во текот на мај „Алиталија“ ќе почне со работа со лесен распоред од 30 повратни месечни летови меѓу Рим и Скопје, додека во јуни ќе биде воведен комплетен дневен режим на полетувања и слетувања

Италијанскиот авиопревозник „Алиталија“ и концесионерот на аеродромите „Александар Велики“ и „Св. Апостол Павле“, „ТАВ Македонија“, денеска го промовира резултатот од заедничката соработка - директниот лет од Скопје до вечниот град Рим. Со свечено сечење торта и коктел во попладневните часови патниците беа дочекани во присуство на бизнис-заедницата и на претставници на дипломатскиот кор.  

- Со воспоставувањето на редовната авиолинија помеѓу Скопје и Рим, „ТАВ Македонија“ исполнува уште едно од своите ветувања за поврзување на Република Македонија со главниот град на Италија. Летот од аеродромот „Александар Велики“ до аеродромот „Фиумичино“ за малку повеќе од еден час ќе ги донесе истите ценети патници до една од најпосакуваните туристички дестинации во Европа, но ќе овозможи и лесен трансфер на оние кои сакаат да го продолжат патувањето на други дестинации на Медитеранот, па и понатаму. Исто така, се радуваме што ќе можеме да ги пречекаме и Италијаните и останатите кои ќе патуваат да ја видат нашата убава Македонија - изјави Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“. 

Билетите за новата авиолинија веќе можат да се купат преку интернет-страницата на компанијата (www.alitalia.com), од туристичките агенции или, пак, од канцелариите за продажба на билети на „Алиталија“. Директниот лет Скопје - Рим ќе функционира на дневна основа со леталото „Ембраер Е-175“, а ќе има две класи на услуга: „Отима“,бизнис-класата што „Алиталија“ ја користи на меѓународните линии и „Класика“, односно економската класа на овој авиопревозник. 

Марко Кваљирела, регионален менаџер на „Алиталија“ изјави:

Распоредот е направен да излезе во пресрет не исклучиво на бизнис-сообраќајот меѓу Италија и Република Македонија и на македонските граѓани кои живеат во Италија, туку и за да се овозможи лесен пристап кон нашата интерконтинентална и меѓународна мрежа преку центарот што го имаме во римскиот аеродром „Фиумичино“. „Алиталија“ одлучи да им понуди на клиентите навистина специјална понуда: промотивен период во којшто почетната цена за билет до Рим ќе биде 99 евра. Оваа можност ќе важи ограничено - до 10 мај - што ја прави прилика која не смее да се пропушти.Ниските цени за остатокот од Италија почнуваат од 149 евра, а исто така, се воведени и за европските дестинации, со стартна сума од 199 евра - рече Кваљирела. 

Во текот на мај „Алиталија“ ќе почне со работа со лесен распоред од 30 повратни месечни летови меѓу Рим и Скопје, додека во јуни ќе биде воведен комплетен дневен режим на полетувања и слетувања. Тоа значи дека од 1 јуни летот на „Алиталија“ ќе заминува од Скопје во 5.30 часот наутро, а во Рим ќе пристигнува во 7.20 часот (во понеделник, вторник, петок и сабота). Ќе има и лет од 17.05 часот попладне од „Александар Велики“ со доаѓање во вечниот град во 18:55 часот (во вторник, среда и сабота). Од Рим, пак, летовите ќе тргнуваат во 21:45 часот, а во Скопје ќе бидат во 23:35 часот (понеделник, четврток, петок и недела). Тие и ќе полетуваат во 14:35 и во македонската метропола ќе слетуваат во 16:25 часот (во вторник, среда и во сабота).

 Амбасадорот на Италија во Македонија, Ернесто Масимино Белели, истакна дека враќањето на „Алиталија“ во Скопје е важен дополнителен чекор во подемот на билатералните односи меѓу Италија и Македонија кои се интензивни и во постојан развој.

Благодарение на претстојното италијанско претседателство со Европската унија ќе се отворат и нови можности за нивно развивање. Поврзувањето на Скопје со Рим на овој начин претставува симболично и комплетирање на воздушниот Коридор 8 кон Италија, еден од големите европски центри на циркулација на лица и стоки. Оваа нова можност бездруго ќе биде топло примена од страна на италијанските оператори кои се заинтересирани за Македонија и како туристичка дестинација, но и од страна на многубројните македонски граѓани кои живеат и работат во Италија - рече Белели. 

Со оваа нова директна линија до Рим, „Алиталија“ има за цел да го зголеми протокот на туристички сообраќај кон главниот град на Италија, како и да одговори на потребите на зголемената побарувачка за врски меѓу Македонија и Италија што се должи на зголемената економска соработка и трговската размена меѓу двете земји. Лансирањето на рутата од Скопје до Рим дополнително ја подобрува поврзаноста на „Алиталија“ со Балканот. Вклучувањето на Скопје како нова дестинација во мрежата на компанијата следи по промоцијата на услугите до Подгорица (Црна Гора) и зголемување на операциите до Тирана (Албанија). „Алиталија“ го назначи „ВАС Тур“ од Скопје како генерален агент за територијата на Македонија. Почнувајќи од мај тие ќе нудат комплетна услуга: информации, резервации и билети и поддршка на туристичките агенции во име на „Алиталија“.

Корисни информации

Продавници и ресторани
Продавници и ресторани

На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...

Паркинг
Паркинг

Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....

Информации за летови
Информации за летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 180 минути (3 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 60 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
Од почетокот на пандемијата со ковид-19, поради барањата за различни патни документи наметнати од различни земји, ТАВ Македонија апелира патниците да пристигнуваат на аеродром 3 часа пред полетување.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero   
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150 
3ч – МКД 200 
4ч – МКД 300 
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400     
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.