„ТАВ Македонија“ и „Свис“ го промовираа директниот лет од Скопје до Женева

„ТАВ Македонија“ и „Свис“ го промовираа директниот лет од Скопје до Женева

Почнувајќи од 4 април, од скопскиот аеродромот „Александар Велики“, што е под менаџмент на „ТАВ Македонија“, ќе се лета и до Женева, двапати неделно, во вторник и во сабота

 Повратниот лет од Скопје до Женева е новата директна авиолинија што почнувајќи од утре, 4 април, ќе биде дел од распоредот на скопскиот аеродром „Александар Велики“,  како резултат на соработката меѓу „ТАВ Македонија“ и авиокомпанијата „Свис“ (SWISS).

Согласно новиот летен распоред на летање, „Свис“ ќе лета на новата релација до швајцарскиот град, двапати неделно, во вторник и во сабота, со што Женева ќе биде третата дестинација во оваа европска земја со која скопскиот аеродром има директна поврзаност, покрај Цирих и Базел.

Повторното воздушно поврзување на Скопје со Женева, како град познат по своето езеро и прекрасната природа, но исто така и како значајно седиште на многу меѓународни институции од областа на економијата, финансиите и дипломатијата, нè прави среќни, бидејќи истовремено успеавме да отвориме нова линија и да привлечеме нова авиокомпанија, „Свис“. Новиот лет до Женева е од интерес за патниците од различни категории, а пред сè на македонските иселеници во Швајцарија, како и туристите и бизнис-заедниците од двете држави - изјави Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Првиот воздухоплов на „Свис“ од Скопје ќе полета за Женева утревечер во 20 часот и 35 минути. Во текот на летото швајцарската авиокомпанија ќе оперира од „Александар Велики“ до Женева и во вторник попладне, кога полетувањата од скопскиот аеродром се закажани за 15 часот и 5 минути.  

- Постојано ја прошируваме нашата мрежа од Женева. Централна и Источна Европа ни се фокусот на експанзија, бидејќи сме убедени дека овој регион како пазар нуди голем потенцијал за развој. Гледаме голем потенцијал во секторот - туризам и рекреација, со оглед на природните убавини кои Македонија ги нуди, како што се Охридското езеро и градот Скопје со својата културна и историска понуда, - истакна Бернард Водл, директор на „Свис“ за Австрија и за централна и источна Европа.

Тој додаде дека во „Свис“ се горди што нудат два лета неделно Женева-Скопје-Женева, со кои се надеваат дека ќе можат да услужат различните групи на патници, како што се Швајцарците со македонско потекло, малата заедница на околу 300 Швајцарци што моментно живеат во Македонија, Македонците кои патуваат во Швајцарија за да ги посетат нивните пријатели или поради бизнис, и се разбира Швајцарците-туристи кои патуваат во Македонија.

Од „ТАВ Македонија“ информираат дека и натаму ќе продолжат со напорите за привлекување на нови авиокомпании, зголемување на бројот на дестинации, како и вкупниот сообраќај на двата аеродроми – скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“. Компанијата услужи речиси 1,3 милиони патници во 2014 година, што е годишен пораст од 20 проценти во однос на претходната година.

 

За ТАВ аеродроми

ТАВ аеродроми, еден од водечките аеродромски оператори во светот, управува со аеродромите „Ататурк“ во Истанбул, „Есенбога“ во Анкара, „Аднан Мендерес“ во Измир, Милас во Бодрум, како и аеродромот „Газипаша“ во Алања. Покрај аеродромите во Турција, ТАВ аеродроми управува и со аеродромите во Тбилиси и Батуми во Грузија, „Монастир“ и „Енфида-Хамамет“ во Тунис, аеродромите во Скопје и во Охрид во Македонија, аеродромот во „Медина“ во Саудиска Арабија, како и аеродромот во Загреб, Хрватска. ТАВ Аеродроми се активни и во останатите сектори од аеродромското работење, како бесцаринските продавници, услугите за храна и пијалоци, прифат и отпрема, информациски технологии, обезбедување и аеродромски оперативни услуги. Во оваа смисла, компанијата ТАВ Аеродроми управува и со комерцијалните области на аеродромот во Рига, Латвија. Заедно со сестринските компании, во 2014 година, ТАВ опслужи 743.000 летови и 95 милиони патници.

За „Свис“

SWISS International Air Lines (SWISS) е авиокомпанија на Швајцарија. Покрај својот примарен аеродром во Цирих, Женева е клучен аеродром за „Свис“, која како авиопревозник е втора по пазарниот удел на женевскиот аеродром. Од јануари до септември 2014 година, „Свис“ превезе 1,74 милиони патници до и од Женева, како и вкупно над 15 милиони патници во рамки на својата мрежа во светски рамки, со флота од вкупно 90 авиони. Со летниот распоред на летање, „Свис“ нуди 39 дестинации до кои може да се стигне до Женева, со тенденција на експанзија. Операциите до и од скопскиот аеродром ќе се одвиваат два пати неделно. Верна на своите швајцарски корени, компанијата е посветена на обезбедување на највисокиот квалитет на своите производи и услуги. Како дел од групацијата Луфтханза и членка на Star Alliance, „Свис“ останува верна на својата визија за обезбедување квалитетни авионски услуги кои ја поврзуваат Швајцарија со Европа и со остатокот од светот.

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 180 минути (3 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 60 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
Од почетокот на пандемијата со ковид-19, поради барањата за различни патни документи наметнати од различни земји, ТАВ Македонија апелира патниците да пристигнуваат на аеродром 3 часа пред полетување.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero   
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150 
3ч – МКД 200 
4ч – МКД 300 
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400     
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.