ВИЗ ЕР НАЈАВУВА ГОЛЕМА ЕКСПАНЗИЈА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ „МЕЃУНАРОДЕН АЕРОДРОМ СКОПЈЕ“

ВИЗ ЕР НАЈАВУВА ГОЛЕМА ЕКСПАНЗИЈА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ „МЕЃУНАРОДЕН АЕРОДРОМ СКОПЈЕ“

Авиокомпанијата и аеродромскиот оператор ТАВ Македонија денеска прославија три милиони патници на Виз ер во Македонија, најавија три нови авиолинии и базирање на четврт воздухоплов во Скопје 

Виз ернајголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа и ТАВ Македонијакомпанијата што управува со двата македонски аеродрома, најавија отворање на три нови авиолинии од Скопје до - Малта, Рим и Ваксјо (Шведска), како и базирање на четвртиот воздухоплов на авиокомпанијата на скопскиот аеродром. Заедно со оваа возбудлива најава, Виз ер и ТАВ денеска прославија и важно достигнување - три милиони патници на авиокомпанијата во Македонија, заедно дочекувајќи го 3 милионитиот патник на скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’. 

Ширењето на мрежата на рути на Виз ер ќе почне во јули годинава, кога во исто време со базирањето на 4-от воздухоплов во нивната база во Скопје, почнувајќи од 14. и 16. јули, авиокомпанијата ќе почне да лета од Скопје до 3 нови возбудливи дестинации - Малта, Рим (Чампино) и Ваксјо (Шведска).  

Продажбата на билетите за овие три нови линии почнува денеска, на wizzair.com со цени кои почнуваат од 1.799 денари***, додека сите резервации направени на која било од 27-те дестинации достапни од Скопје денеска 28. февруари до полноќ ќе бидат со специјален попуст од 20%*.  

-Денешната најава дополнително ја истакнува нашата заложба кон Македонија и посветеноста на Виз ер за носење можности за патување по најниска цена за нашите клиенти, заедно со одличната услуга на Виз ер за време на летовите каде што ја имаме една од најмладите флоти кои што оперираат во Европа. Нашата инвестиција во базата во Скопје со дополнителниот воздухоплов, трите нови линии и зголемените фреквенции на постојните летови, значи повеќе работни места во Македонија и во Виз ер, но и кај нашите бизнис-партнери, и тоа дополнително ќе ги стимулира туристичките и угостителските индустрии и ќе ги зајакне бизнис-односите во Македонија. Како најголема авиокомпанија што оперира во земјата, Виз ер исто така денес прославува важно достигнување - 3 милиони патници превезени на нашите ниско-тарифни линии до и од Македонија. Ја прославуваме успешната приказна на Виз ер во Македонија со специјална продажба на авионски карти со 20%* попуст на цената за сите нови резервации направени денес, 28 февруари, до која било од 27-те дестинации достапни од Скопје, изјави Овен Џонс, Главен директор за корпоративни прашања на Виз ер.

Покрај новите воведени линии, летовите од Скопје до Ајндховен, Брисел-Шарлероа, Меминген (Минхен Запад) и Копенхаген ќе бидат со зголемени фреквенции до три летови неделно, додека конекциите од Скопје до Гетеборг Ландветер, Братислава и од Охрид до Базел-Милхаус-Фрајбург ќе бидат со зголемени фреквенции до четири летови неделно.  Во исто време, популарните летови од Скопје до Малме и Милхаус сега ќе сообраќаат  секој ден. 

 -Наша голема чест и задоволство е што пред почетокот на летниот распоред на летање, денеска сме тука да го прославиме достигнувањето три милиони патници на Виз ер во Македонија, базирањето на нивниот четврт авион во Скопје, но и уште една убава вест – најавата на трите нови линии за Рим, Малта и Ваксјо (Шведска), за кои сме сигурни дека ќе бидат дочекани со огромен интерес и возбуда од страна на патниците на скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’. Овие три нови рути, заедно со веќе најавената нова линија на Виз ер до Будимпешта, која ќе почне од 2-ри април, се навистина атрактивни дестинации, барани од пазарот и ќе бидат вистински погодок во контекст на проширувањето на нашата мрежа на авиолинии од двата македонски аеродроми. Ова е резултат на нашите постојани маркетинг-студии и активности“, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Четвртиот воздухоплов на Виз ер што се приклучува на флотата во базата во Скопје претставува натамошна инвестиција од дополнителни 99 милиони евра** од страна на Виз ер во Македонија, притоа отворајќи дополнителни директни работни места, со што вкупниот број на директни вработувања на авиокомпанијата во Скопје ќе достигне 150.

Во 2016 г. Виз ер, најголемата авиокомпанија во Македонија, превезе преку 1 милион патници на ниско-тарифните македонски рути, што претставува пораст од 27% на годишно ниво и поддржува повеќе од 750 локални работни места**** во сродни индустрии. Прикажувајќи ја својата посветеност кон македонскиот пазар, авиокомпанијата постојано инвестира во својата постојано растечка мрежа, нудејќи 29 линии до 13 земји од двата македонски аеродрома: во Скопје и во Охрид, вклучително и рутата од Скопје до Будимпешта што почнува во април.

Во текот на минатите шест години, откако Виз ер го почна првиот лет од Скопје до Лондон во јуни 2011 г., 3 милиони патници уживале во Виз ер искуството, ниските цени, лесниот систем за резервација и одличната услуга за време на летот на една од најмладите и најефикасните флоти во Европа. 

ТАВ Македонија и во минатата 2016 г. продолжи со импресивниот двоцифрен пораст на бројот на патници, достигнувајќи 1,8 милиони патници на двата македонски аеродрома, „Mеѓународен аеродром Скопје“ – Скопје и „Св. Апостол Павле“ – Охрид, што е зголемување од 15% на годишно ниво. Во исто време бројот на летови е зголемен за 8,9%, достигнувајќи вкупно 16.883 летови во 2016 г.  

НАЈНОВИТЕ РУТИ НА ВИЗ ЕР ОД СКОПЈЕ 

Дестинација

Денови

Почеток

Цени од***

Малта

Понеделник, петок

14 јули 2017

MKD 1.799

Рим Чампино

Понеделник, петок

14 јули 2017

MKD 1.799

Ваксјо

Понеделник, петок 

16 јули 2017

MKD 1.99

  

ЗГОЛЕМЕНИ ФРЕКВЕНЦИИ НА ВИЗ ЕР ОД СКОПЈЕ

Дестинација

Фреквенции на летови во една недела

Ајндховен

3 наместо 2

Брисел Шарлероа

3 наместо 2

Гетеборг Ландветер

4 наместо 3

Меминген (Минхен Запад)

3 наместо 2

Малме 

Секој ден

Базел – Милхаус-Фрајбург

Секој ден

Копенхаген

3 наместо 2 (до 17 септември)

Братислава

4 наместо 2

  

ЗГОЛЕМЕНИ ФРЕКВЕНЦИИ НА ВИЗ ЕР ОД ОХРИД

Дестинација

Фреквенции на летови во една недела

Базел – Милхаус-Фрајбург

4 наместо 3

 

Корисни информации

Продавници и ресторани
Продавници и ресторани

На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...

Паркинг
Паркинг

Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....

Информации за летови
Информации за летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 180 минути (3 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 60 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
Од почетокот на пандемијата со ковид-19, поради барањата за различни патни документи наметнати од различни земји, ТАВ Македонија апелира патниците да пристигнуваат на аеродром 3 часа пред полетување.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero   
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150 
3ч – МКД 200 
4ч – МКД 300 
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400     
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.