ВИЗ ЕР ПРЕВЕЗЕ 1,2 МИЛИОНИ ПАТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО 2017 ГОДИНА

ВИЗ ЕР ПРЕВЕЗЕ 1,2 МИЛИОНИ ПАТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО 2017 ГОДИНА

Авиокомпанијата најавува уште една година на експанзија на аеродромите во Скопје и во Охрид

Во 2017 година, Виз ер, водечкиот авиопревозник во Македонија, превезе 1,2 милиони патници на ниско-буџетните македонски авиолинии, што претставува пораст од 20% на годишно ниво и поддржува 900 локални работни места во придружните индустрии. Во текот на годината, Виз ер ја прошири својата скопска флота на четири авиони и воведе четири нови авиолинии од главниот град на Македонија до Будимпешта, Малта, Рим и Ваксјо.

- 2017 беше година на масовна експанзија на Виз ер. Постигнавме значителен пораст во сите аспекти на бизнисот со што Виз ер стана една од најбрзорастечките авиокомпании  поставувајќи  темели за континуиран раст во текот на следната декада. Со нашиот докажан бизнис модел со ултра ниски трошоци, висококвалификуван тим ориентиран кон клиентите, млада и модерна флота и одлична вредност на услугите, позиционирани сме како авиокомпанија која ја бираат доброинформирани патници-патувачи во сите земји каде што летаме, и ќе продолжиме со конзистентниот и брз пораст носејќи уште повеќе можности во Европа и пошироко – изјави Јозеф Варади, Главен извршен директор на Виз ер.

Продолжувајќи со силниот напредок, Виз ер годинава има 1,6 милини седишта за продажба од македонските дестинации, 23% повеќе отколку во претходната година. Со новонајавената линија Охрид – Виена, Виз ер сега нуди 30 нискобуџетни дестинации во 14 земји од двата аеродрома во Македонија, во Скопје и во Охрид.   

-Како авиокомпанија со најголем удел во патничкиот авиосообраќај, очекуваме Виз ер да продолжи со развојот на нивниот бизнис на македонскиот пазар, притоа инвестирајќи во нови дестинации и зголемување на фреквенциите на постојните авиолинии. Сите новововедени дестинации во овој сегмент се докажаа како успешни, односно ја зголемија побарувачката уште повеќе. ТАВ Македонија, како и секогаш, и понатаму ќе остане фокусирана кон проширување на мрежата на авиолинии, но исто така и кон главната цел - да обезбедиме висококвалитетни услуги за нашите патници и за нашите клиенти, изјави Алпер Ерсој Генерален директор на ТАВ Македонија.   

Виз ер објави дека во текот на 2017 година имаше рекорден број патници од македонските аеродроми, значително ги прошири своите операции, направи најголема нарачка на воздухоплови, почна делумно спонзорирана шема за обука на аспиранти за пилоти и воведе бројни подобрувања на искуството на клиентите.

Во 2017 година, Виз ер превезе повеќе од 28 милиони патници на своите нискобуџетни линии, околу 24% повеќе отколку во 2016 година. Флотата на Виз ер е засилена со 14 нови воздухоплови, 13 Ербас А321 и еден Ербас А320,  со што вкупно се 88 воздухоплови. Дополнителните воздухоплови, исто така, создадоа дополнителни 600 директни работни места во авиокомпанијата, со повеќе од 3.500 професионалци работат во авиокомпанијата со свои бази на 27 аеродроми во 15 земји, вклучувајќи ги и двете најнови бази во Лондон -Лутон во Англија и Варна во Бугарија. Виз ер, исто така, продолжи да ја развива својата мрежа на дестинации, со дополнителни седум аеродроми и повеќе од 100 нови услуги кои ја развија мрежата на речиси 600 линии на 145 дестинации во 44 земји.

Авиокомпанијата ја потпиша со Ербас својата најголема нарачка на воздухоплови за купување на уште 146 авиони Ербас A320neo Family. Новиот договор, откако ќе биде одобрен од страна на акционерите на компанијата, ќе го донесе бројот на нарачки на Виз ер со "Ербас" на 282 авиони, обезбедувајќи редовен прилив на воздухоплови до крајот на 2026 година и овозможувајќи авиокомпанијата да продолжи да расте, како и да ја обнови и да ја задржи својата флота како една од најмладите и најефикасните во Европа.

Истакнувајќи ја својата заложба за обезбедување на одлично искуство со клиентите, Виз ер исто така ги зголеми димензиите на бесплатниот багаж за 50%, дополнително ги подобри своите онлајн платформи, вклучувајќи го и најсовремениот веб-сајт и мобилната апликација WIZZ и лансираше иновативни производи (Fare Lock, Flexible Travel Partner) за да им обезбеди поголема флексибилност на клиентите.

ТАВ Македонија ја заврши 2017 година со 2 милиона патници (2.027.344) на скопскиот и охридскиот аеродром, што претставува пораст за 13% споредено со 2016 година. Во исто време со порастот на патничкиот авиосообраќај, вкупниот број на летови на двата аеродрома во Скопје и во Охрид е зголемен за 7%, достигнувајќи 18.130 летови во 2017 година.

Корисни информации

Продавници и ресторани
Продавници и ресторани

На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...

Паркинг
Паркинг

Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....

Информации за летови
Информации за летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 180 минути (3 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 60 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
Од почетокот на пандемијата со ковид-19, поради барањата за различни патни документи наметнати од различни земји, ТАВ Македонија апелира патниците да пристигнуваат на аеродром 3 часа пред полетување.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero   
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150 
3ч – МКД 200 
4ч – МКД 300 
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400     
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.