- 08.04.2022, Отворање на Канцеларија на граничната меѓуагенциска единица поддржана од Обединетите Нации, за борба против дрога и криминал на Меѓународниот аеродром Скопје. Повеќе
- 28.03.2022, Важно потсетување за патниците Повеќе
- 27.12.2021, Известување за патниците Повеќе
- 19.08.2021, ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИ Согласно најновата одлука, од денес, 19.8.2021, 21:00ч, влез во аеродромската терминална зграда ќе биде дозволен само со приложување... Повеќе
- 02.07.2021, ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИ: ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОВИД-19 ВО НИКОБ ЛАБ СЕГА ДОСТАПНО И НА ДВАТА АЕРОДРОМА, ВО СКОПЈЕ И ВО ОХРИД Повеќе
- 25.06.2021, ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИТЕ Оваа промена значи дека влезот во јавната зона на терминалнaта зграда на двата аеродроми е неограничен за сите лица: патници, придружба на патници, лица кои ги пречекуваат и испраќаат патниците, вработените на аеродромот и на други даватели на услуги кои имаат потреба од влез во терминалната зграда. Повеќе
- 23.06.2021, Известување за патниците Повеќе
- 14.06.2021, Корекција на известувањето од 12ти јуни 2021 година Важно!!! Повеќе
- 12.06.2021, ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИТЕ Сакаме да споделиме убава вест со вас Повеќе
- 20.05.2021, КОВИД-19 ПОТСЕТНИК ЗА ПАТНИЦИ Повеќе
- 27.03.2021, Известување за патниците, летно сметање на времето Повеќе
- 24.03.2021, Известување за патници за забрана за движење 23.3. – 6.4.2021 Повеќе
- 12.03.2021, Известување за патници за забрана за движење 10-22.3.2021 Повеќе
- 23.01.2021, КОВИД-19-ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИТЕ: ЛАБОРАТОРИЈАТА ЖАН МИТРЕВ ПОЧНУВА СО БРЗИ АНТИГЕН ТЕСТОВИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ ОД УТРЕ, 24-ТИ ЈАНУАРИ Почнувајќи од утре, 24-ти јануари, лабораторијата „Жан Митрев” ќе распореди свое мобилно амбулантно возило за тестирање пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје, каде што патниците ќе можат да го извршат потребниот брз антиген тест и да го добијат резултатот за 15 до 20 минути од земањето примерок. Повеќе
- 22.01.2021, КОВИД-19 – ИЗВЕСТУВАЊЕ: НОВИ РЕСТРИКЦИИ ЗА ПАТНИЦИTE КОИ ПАТУВААТ ВО ХОЛАНДИЈА, ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА ИЗВЕСТУВАЊЕ: НОВИ РЕСТРИКЦИИ ЗА ПАТНИЦИTE КОИ ПАТУВААТ ВО ХОЛАНДИЈА, ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА Повеќе
- 27.12.2020, KОВИД-19: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИТЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ (АЖУРИРАНА ИНФОРМАЦИЈА СОГЛАСНО ПРОМЕНЕТАТА ОДЛУКА НА ТУРСКАТА ВЛАДА) Во врска со вчерашното известување дека за влез во Турција по воздушен пат задолжително ќе биде прикажување на негативен PCR тест не постар од 72 часа, сакаме да ве информираме дека Владата на Република Турција ја одложи примената на мерката за два дена... Повеќе
- 26.12.2020, !!!KОВИД-19: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИТЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ Би сакале да ве информираме дека како резултат на последната Одлука на Владата на Република Турција, донесена доцна синоќа, за влез во Турција по воздушен пат задолжително е прикажување на негативен PCR-тест не постар од 72 часа. Повеќе
- 01.07.2020, Утрово го отворивме Меѓународниот Аеродром Скопје. Први полетаа авионите за Стокхолм (6:26h), Келн (6:42h) и Бремен (7:25) Повеќе
- 29.05.2020, Скопје-Салцбург, нова авиолинија на Визер Визер ќе ја прошири својата мрежа на дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје.... Повеќе
- 16.04.2020, Најчесто поставувани прашања - COVID-19 И покрај тоа што нашите комерцијални патнички летови се запрени поради прогласувањето вонредна состојба од страна на Владата со цел спречување на ширење на Коронавирусот, во изминатиов период ни пристигнуваат многу прашања... Повеќе
- 17.03.2020, Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде затворен од утре (18-ти март) на полноќ за патнички летови Согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија донесена на 16-ти март 2020 година за спречување на внесување и ширење на коронавирусот, ТАВ Македонија сака да ги информира сите патници и јавноста дека Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде затворен утре, 18-ти март.... Повеќе
- 16.03.2020, КОВИД-19: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИТЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ ТАВ Македонија како аеродромски оператор ги следи и почитува сите мерки на Владата на Република Северна Македонија, воведени досега за превенција и спречување на ширењето на Коронавирусот и ќе продолжи да ги следи сите владини одлуки и препораки. Повеќе
- 14.03.2020, COVID-19 – Важна информација за патниците на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид Согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија донесена вечерва на 14.3.2020, за затворање на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, сакаме да Ве информираме дека.... Повеќе
- 13.03.2020, COVID-19 – Информација за патниците кои патуваат од Меѓународниот Аеродром Скопје ТАВ Македонија постапува по мерките на Владата на Република Северна Македонија, за спречување на внесување и ширење на.... Повеќе
- 07.07.2018, ТАВ ГО ПРЕЧЕКА ПРВИОТ ЛЕТ ОД ВАРШАВА НА АЕРОДРOМОТ ВО ОХРИД Со свечен пречек на патниците кои долетаа од Варшава, ТАВ Македонија попладнево го одбележа пристигнувањето на првиот Повеќе
- 07.07.2018, НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ: ТАВ ГО ПРЕЧЕКА ПРВИОТ ЛЕТ НА НОРДИКА ОД ТАЛИН Четириесет и пет минути по полноќ, на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, воден мост го поздрави првиот лет од Талин. По успешните преговори меѓу Повеќе
Covid19: Патувајте безбедно – ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
- Редовно и навремено ги применуваме сите мерки на Владата и на Министерството за здравство, како надлежни државни институции. Секако, ги следиме и искуствата на другите аеродроми ширум светот и препораките на Светската здравствена организација (WHO), Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската Унија (EASA), Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) и Меѓународната асоцијација за авиосообраќај (IATA), сè со цел да преземаме соодветни мерки навреме, како што се менуваат условите во оваа глобална пандемија.
- И покрај постоењето на опцијата за онлајн пријавување, поради новонастанатите Ковид-19 рестрикции, патниците се должни, при нивното пристигнување на аеродромот, да се пријават на шалтерите за пријавување, за проверка и верификација на документите потребни за влез во државата во која патуваат, како и пријавување на нивниот багаж.
- Патниците ќе треба дисциплинирано да ги следат упатствата на агентите за обезбедување, и таму, како и при сите процедури каде што се создаваат редици, потребно ќе биде да се држи физичко растојание од најмалку 1,5 метар.
Согласно сé уште актуелните барања за разни документи за патување поврзани со ковид-19 од страна на странските држави, кои нашите вработени задолжително ги проверуваат на на шалтерите за регистрација на патници и багаж, апелираме до сите патници да пристигнат на аеродромот 3 часа пред закажаниот лет.
Ако евентуално одлучите да правите ковид-19 тест во еден од објектите на двете лаборатории на аеродромот, Ве молиме пристигнете на аеродром и порано од 3 часа, а согласно потребното време за изготвување на тестот, кое пак треба да го проверите со соодветната лабораторија.
- Бизнис и ВИП Салонот се чистат и дезинфицираат според пропишаното од страна на јавните здравствени власти, со зголемена фреквенција врз основа на авиосообраќајот.
- Поставени се повеќе диспанзери со средство за дезинфекција, врз база на алкохол, со соодветна ознака за патниците.
- Има опција за самопослужување со цел патниците да имаат ограничен контакт со персоналот.
- Се врши честа дезинфекција на површините кои се често се во допир со персоналот и патниците,
- Масите се чистата/дезинфицираат по нивно користење.
- Вграден е и плексиглас сепаратор со цел да се избегне контакт помеѓу касата и гостите.
- На секоја маса се поставени алкохолни дезинфициенси за раце
- Послужавниците и чиниите се отстранети од вообичаените области. Тие се даваат на гостите од страна на службениот персонал.
- Се користат пакувани производи за еднократна употреба наместо производите како што се сол, шеќер, салфетки, итн.
- Опремата која се користи редовно се дезинфицира.
- Физичкото растојание од 1,5метар е минимално во просторот за сите присутни лица и за таа цел околу подот на бесцаринските продавници се поставени водечки знаци.
- Ги советуваме клиентите да користат само безконтактна кредитна или дебитна картичка.
- Влезот е дозволен за сите патници. Поставени се апарати за дезинфекција врз основа на алкохол пред влегување во бесцаринските продавници.
- Патниците треба да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет, затоа што најмалку 1 час пред времето на полетување шалтерите за пријавување се затвораат. Ова значи дека патниците најмалку 1 час пред времето на полетување треба да ја имаат завршено процедурата за пријавување, a потоа и процедурите за Пасошка контрола и безбедносна проверка, со цел навреме да пристигнат во зоната за качување во авион, односно кај Излезите.
- Носењето заштитна маска за лице за патниците во терминалната зграда на аеродромот, не е задолжително, согласно измените и дополнувањата на мерките за Ковид-19 донесени од Владата на Северна Македонија од 3.5.2022 година https://vlada.mk/node/28642. Согласно овие измени, граѓаните немаат обврска да носат заштитна маска за лице во сите затворени места, освен во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз (автобус, железница, авион и такси) и во установите за згрижување стари лица и лица со попреченост. Во однос на носење маска за време на лет, патниците треба да ги следат правилата и барањата на авиокомпанијата со која патуваат.
Влезот во терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје, почнувајќи од 3-ти мај 2022 година, кога Владата на РСМ ги укина сите заштитни мерки поврзани со ковид-19 https://vlada.mk/node/28642 освен носењето заштитни маски во одредени установи, е дозволен без ограничувања/барања поврзани со ковид-19.
Со оглед на тоа што ТАВ Македонија како оператор на аеродромите не е надлежна за утврдување и поставување на правилата за влез/излез во/од државата, туку тоа е надлежност на Граничната полиција, во чии ингеренции е Пасошката контрола на аеродромите, Ве замолуваме да се обратите до Министерството за внатрешни работи на Р.С.Македонија https://mvr.gov.mk/default , како и до Министерството за здравство http://zdravstvo.gov.mk/ и Владата https://vlada.mk/ , каде што одлучуваат за овие правила поврзани со пандемијата со Ковид-19.
За информации во врска со барањата за патни документи и/или ковид-тестови од страна на земјата во која сакате да пристигнете, Ве молиме да се обратите до Aмбасадата на таа земја, како и до авиокомпанијата со која ќе патувате.
- На двата аеродрома има можност за правење на КОВИД-19 тестови пред вашето заминување.
Лабораториите на клиниката Жан Митрев и Никоб Лаб вршат тестирање на патници на аеродромите. Повеќе информации можете да најдете на линковите подолу.
Меѓународен Аеродром Скопје:
https://zmc.mk/en/covid19/skopje-ohrid-airport-covid-19-testing-point/
https://nikoblab.mk/
Аеродром Св. Апостол Павле Охрид:
https://zmc.mk/en/covid19/skopje-ohrid-airport-covid-19-testing-point/
http://ohd.airports.com.mk/mk-MK/media-centre-mk/announcements-mk/page/announcement-covid-testing-airport-ohrid-mk